Connect with us

Банки

ПроКредит Банка вработува – Кредитен Аналитичар во Сектор за управување со ризици

Објавено

на

Доколку се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, амбициозни сте и посветени индивидуи кои што сакаат да се надоградуваат во повеќе области, пријавете се на следниот оглас.

ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на:

Кредитен аналитичар во сектор за управување со ризици

Потребни вештини/знаење:

 

  • Завршено високо образование од областа на економија или друго релевантно образование
  • Работно искуство во финанскиот сектор на позиција поврзана со анализа на кредитен ризик од минимум 3 години
  • Аналитички способности
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за тимска работа
  • Способност за решавање проблеми
  • Способност за индивидуалнo и самостојно извршување на работните задачи, како и способност за самостојно донесување на одлуки
  • Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација со колеги, клиенти и останати институции
  • Нето плата од 42.000 денари

Како да аплицирате?

Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса job@procreditbank.com.mk не подоцна од 15.01.2018 година.

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Во делот за мотивациско писмо наведете ги Вашите амбиции за аплицирање. Дополнително во мотивациското писмо истакнете што е она што ви оставило впечаток во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk).

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Банки

Оглас за вработување во Охридска Банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Стопанска Банка вработува Директор на филијалите во Охрид и Струга

Објавено

на

Директорот на Филијалата, како претставник на Банката во локалната заедница за примарна цел има обезбедување високо ниво на услуга и соработка со клиентите. Во своето делување Директорот пред се, се раководи од законската регулатива и интерните процедури во доменот на работењето на Банката. Се грижи за работната атмосфера и делува кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на тимот. Раководи со свој личен позитивен пример и го поттикнува тимот за лична надградба, но и за иницијативност во подобрување на целокупното работење во Филијалата и споделување на информации за пазарните движењата во окружувањето. Одговорен е за воспоставување на редот во Филијалата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува “РЕФЕРЕНТ ЗА РИЗИК” во Служба за управување со ризици и нефункционални
кредити. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange