Connect with us

Странски банки

Премиерот на Украина апелираше до банките да ги намалат каматните стапки

Објавено

на

Украинскиот премиер Владимир Гројсман ја повика народната централна банка да ги намали наматните стапки со цел да се стимулира кредитирањето.

Оваа мерка се бара само неколку денови откако централната банка значајно ги зголеми каматните стапки со цел ограничување на инфлацијата.

“Во овој момент сметаме дека каматната стапка на кредитите мора да биде пониска, бидејќи е потребно кредитите да се достапни на домашната економија”, изјави Гројсман на седница на владата.

Централната банка во текот на изминатата недела ја зголемила референтната каматна стапка за 1,5 процентни поени на 16% со цел ограничување на тврдоглаво високата инфлација, која на крајот на декември достигна 13,7%.

“Каматните стапки би можеле да бидат дополнително зголемени, доколку гледано на среден рокк, не се забележи намалување на притисокот од инфлацијата”, соопштија во декември од централната банка.

Странски банки

Јоргованка Табаковиќ: Најдобриот Гувернер на Србија

Објавено

на

Јоргованка Табаковиќ е првата жена Гувернер на Народна банка на Србија. Тоа што ја прави поинаква од сите останати е што таа ја држи српската економска стабилност во свои раце и е најдобриот Гувернер што Србија некогаш го имала.

За прв пат во политиката влегува во 1992 година како член на Српската радикална партија. Во 1998 година станува Министер за економија во Владата на Србија. Во 2008 година (како член на Спрската напредна партија) станува пратеник со Собранието на Република Србија.

Во 1999 година магистрирала во Приштина на тема: “Реформи на банкарскиот систем на Југославија„. Докторира во 2011 година на тема: “Инструменти на Народната банка- домен и ограничувања по примерот на Република Србија„.

На 06. Август 2012 година, официјално стапува на функцијата Гувернер на Народната банка на Србија. Таа го наследува дотогаш воспоставениот систем предводен од Дејан Шошиќ. Вредно е да се напомене, дека Табаковиќ доаѓа на својата функција во време кога во Србија има сериозна економска криза и буџетски дефицит.

Првата задача која мораше да ја заврши Табаковиќ, беше да ја стабилизира инфлацијата и да го зајакне националната валута- динарот.

Денес, Србија има финансиска и политичка стабилност. Динарот е стабилен во однос на еврото, инфлацијата е ниска и има раст на бруто домашниот производ за 3,5%. Според агенцијата Блумберг, динарот е втората најдобра валута во светот во последната година. Тоа на странските инвеститори им влева доверба да инвестираат во Србија. Како еден од успесите на Табаковиќ може да се земе и фактот дека инвестициите во државата се прават во динари, а не во евра или долари, што дополнително му помага на динарот да биде стабилна валута.

Моментално, Табаковиќ води сериозни преговори со ММФ за зголемување на пензиите, дополнителни бенефиции за пензионери и старосната граница за одење во пензија.

Продолжи со читање

Странски банки

Руската Гувернерка најдобра во Европа за 2017

Објавено

на

Elvira Nabiullina

Британскиот месечен магазин The Banker еднаш во годината ги рангира гувернерите во Европа. Критериумите за рангирање се: предизвици со кои гувернерот се соочува, начинот на нивно решавање и ефектот од решението.

Елвира Набиулина, е победникот за 2017 година, Гувернер на Русија. Таа не е прва жена на оваа позиција, пред неа тронот и припаѓал на Татјана Парамонова. Но, Набиулина е прва жена русинка во G8.

Набиулина го наследи гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, кој ја освои наградата на магазинот во 2016 година. Набиулина успеа да ја маневрира својата земја низ период погоден од девалвирана валута и проблеми во банкарскиот сектор.

Elvira Nabiullina

На почетокот на 2016 година, инфлацијата изнесуваше околу 12,9 отсто, највисока стапка на Русија од 2008 година. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), инфлацијата во Русија не паднала под 6,1% од 1992 година. Сепак, благодарение на напорите на Набиулина, бројката падна под магичната бројка од 6% до крајот на годината. Руската статистичка агенција Rosstat тврди дека на крајот од 2016 година инфлацијата е само 5,4%. Според неа, намалувањето на инфлацијата е најдобриот начин за подобрување на економскиот раст во Русија.

Падот на инфлацијата, исто така треба да влијае на каматните стапки и да доведе до нивно намалување. Тоа и се случи, каматната стапка на банката, минатата година падна за еден процент и изнесува 10%.

Кога националната валута, рубљата, беше загрозена од присилна економска дестабилизација на државата, Гувернерката реши дека нема да ги искористи девизните резерви за да го задржи курсот. Затоа, дозволи слободен пад на рубљата во споредба со доларот, наместо да уфрли нови средства во економијата. Решила дека ако мора да одбере помеѓу трошење на девизните резерви и моментално и краткотрајно намалување на курсот, сепак треба да избере да не ги троши резервите. Нормално, курсот рубла и долар се стабилизираше и нејзината одлука, иако чудна кога беше донесена, се покажа како многу добра.

Набиулина претходно работела на економски развој на Русија, а потоа била министер за трговија помеѓу 2007 и 2012 година. Била и советник на претседателот Владимир Путин за економски прашања до јуни 2013 година, кога ја презема нејзината сегашна позиција. Според Forbes во 2014 била рангирана за 72-ра најмоќна жена на светот.

Elvira Nabiullina

 

 

Продолжи со читање

Странски банки

Најголемата австралиска банка изгубила финансиски податоци од 20 милиони клиенти

Објавено

на

Најголемата банка во Австралија, Комонвелт банк, призна дека ги изгубила финансиските податоци на околу 20 милиони свои клиенти. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange