Connect with us

Колумни

Почесните титули: Менаџер vs. Лидер

Објавено

на

Луѓето се менуваат, тоа е факт. А, уште поголем факт, односно, најголем факт е дека најголем дел од луѓето се менуваат кога ќе ја добијат моќта во свои раце. Мала доза на авторитет и го забораваат својот почеток, го земаат пехарот, се искачуваат на пиедесталот и оттаму ги диригираат движењата на останатите, оние обичните кои сега се наоѓаат под нив. 

“Значката” на шеф која ја поседуваат (во најголем дел од случаите сигурно ќе познаете дека ја поседуваат) им дава огромна протекција и слобода што тие едноставно може да прават се што сакаат, а на вас останува привилегијата да го следите “шоуто”. Секоја чест на исклучоците кои скромно го преживуваат и умешно се сносат со периодот на “тапкање” по рамото и коментарите од типот “Шефе немој сега да заборавиш со кого си бил пријател” и слични шеги кои во превод би значеле “Јас требаше да сум на таа позиција ама ајде знаеме кој те турка”. 

На страна од целиот овој циркуз, капа долу за оние кои одговорно, лидерски си ги вршат своите должности. Не случајно велам лидерски, бидејќи тоа е една од најголемите доблести која може да ја поседнува една личност. А профилот на менаџер и лидер не се две различни личности. Разликата е едноставно во начинот на размислување и делување на оној кој е одговорен за останатите. Дали некој ќе биде менаџер или лидер одлучува тој самиот, а разликите (за ако некогаш се најдете во ситуација да треба да изберете кое од овие две да бидете) ќе ви ги посочиме ние. 

Менаџерот е едно големо ЈАС. Да. Блага форма на епитетот шеф е токму менаџер. Тој стои пред сите и објаснува за се што има постигнато, за неговиот “трнлив” пат до успехот и како со макотрпна работа стигнал на позицијата од која што сега повторно ТОЈ и само тој ќе продолжи да ги извршува своите обврски. Во најголем број од случаите ТОЈ на крајот е единствениот кој НЕ партиципира во работата, но во неговиот речник никогаш не постои зборот ние бидејќи тој нема што да се поистоветува со другите кои се разбира не се на неговото ниво. За разлика од тоа, лидерот секогаш зборува во множина бидејќи на тој начин смета дека ги мотивира другите заедно да ги извршуваат обврските. 

Целта на менаџерот е да го покаже својот авторитет и моќта која ја поседува покажувајќи ги “забите” и сеејќи страв помеѓу останатите. Закани, казни и притисоци поврзани со работата секогаш се упатуваат на сметка на оние кои се наоѓаат под него бидејќи смета дека на тој начин поуспешно ќе ја менаџира својата работа. И секогаш тоа е проследено со коментари од типот “Ништо не работат, ако не им свикаш цел ден седат и дремат” кои најчесто се изнесени пиејќи кафе во локален кафич во текот на работното време заедно со својот пријател, се разбира исто така менаџер бидејќи нормално кога си менаџер не се дружиш со ништо подоле од тебе. Си го држиш гордо менаџерскиот круг за да имаш со кого да споделуваш како не ти се послушни вработените. И додека менаџерот ја “менаџира” својата работа на кафе, лидерот на секој можен начин се обидува да генерира ентузијазам кај вработените. Тој се поистоветува со ситуацијата и зборува со нив како да е дел од истото, ги мотивира и ги подучува, а сето тоа резултира со задоволни вработени кои навистина умешно ја работат својата работа. Просто кажано, менаџерите практикуваат моќ додека лидерите ја развиваа истата кај луѓето.

Менаџерите се едноставно херои. Тие храбро ги поминале сите битки во животот и цврсто се држат покрај нивното најголемо достигнување – менаџирањето. Лидерите создаваат херои од луѓето кои ги опкружуваат.

Менаџерите сакаат и да наредуваат. Храна за нивното его е да речат некому оди и направи го ова. А, да не збориме дека ако не го направи одма тоа ќе биде проследено со викање и казни. За разлика од тоа, лидерот ќе дојде заедно со тебе и ќе ти помогне да ја извршите задачата.

Ова се само некои од клучните разлики помеѓу профилот на менаџерот и лидерот. Заклучокот е дека во секој од нас постои потенцијал и за едното и за другото, а на нас останува да ја донесеме одлуката на кој начин сакаме да ги управуваме работите во животот и дали во нас ќе преовладува ликот на семоќниот менаџер или на искусниот, зрел лидер. 

 

Колумни

Битно да е кредит, условите не се битни!

Објавено

на

Работите најчесто ги правиме без да размислиме за последиците од нив, воопшто не се прашуваме себеси дали сме можеле да донесеме подобра одлука или да направиме подобар избор. Не сакаме да се впуштиме во потрага по најдобрата понуда на пазарот, да анализираме и споредуваме – а, за жал тоа е така и кога аплицираме за кредит (без разлика дали е потрошувачки, станбен, автомобилски, итн). (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Лидерството е избор, а изборот е твој!

Објавено

на

Имате лидерска позиција, но не чувствувате дека ја добивате потребната почит од вашиот тим? Дури помислувате дека не им се ни допаѓате. Многу луѓе можат да ја добијат менаџерската позиција, но никогаш да не го добијат потребното “одобрување” од нивниот тим. Тука се појавува вечната борба помеѓу менаџерите наспроти лидерите: тие умешно го менаџираат својот тим, НО не се лидери на истиот. Што е она кое ги раздвојува менаџерите од лидерите?

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

Електронски шалтер?

Објавено

на

Сакале да признаеме или не тоа е иднината…кога ќе размислиш подобро тоа е веќе минато во некои иновативно напредни земји…но ние зборуваме за Македонија. Тука малку побавно се одвиваат работите и сеуште требаат многу аргументи кои се ЗА користење на електронско банкарство.

 

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange