Connect with us

Лични финансии

Поголема финансиска едукација на децата за просперитет на економијата

Објавено

на

Финансиската едукација на населението, особено на најмладите, треба да се поттикнува, бидејќи тоа е важно за стабилноста на финансискиот систем и просперитет на економијата. Ова беше пораката од министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, по повод Денот на штедењето, 31 Октомври, упатена на доделување на наградите на конкурсот објавен по тој повод.

 

Според министерот Тевдовски, децата се иднината на земјата и секој што е во позиција да донесува одлуки треба да води сметка за нивната иднина.
“Треба да им предочиме на децата дека штедењето е важно, бидејќи тоа е основа за развој на македонската економија” – истакна Тевдовски.

Гувернерот Богов посочи дека во насока на зголемување на финансиската едукација на младите, Народната банка има потпишано меморандум за соработка со Бирото за развој на образованието, што ќе отвори поголем простор за соработка со училиштата и учениците.

Тој најави дека наскоро ќе биде објавен и водич за финансиска едукација за најмладите.

Климе Попоски од АСО истакна дека децата се носители на севкупниот економски и финансиски развој на РМ и дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочниот одржлив развој на финансискиот систем.

Во развиените земји степенот на финансиска едукација е 65%, а во новите земји-членки на ЕУ тој процент на финансиска едукација кај населението над 18 години изнесува 22%.

На конкурсот интерес пројавиле голем број ученици. Доставени се вкупно 780 творби, од кои 301 литературна и 452 ликовни творби. Пофалници и награди беа доделени за 24 творби.

 

Лични финансии

Што претставува каматно-каматниот ефект или попознат како сложена камата?

Објавено

на

Еден од најпознатите научници во историјата, Алберт Ајнштајн ја опишал сложената камата како “Осмо Светско чудо”. Тој додал дека оној кој го разбира овој ефект, заработува многу, тој што не го разбира, подоцна скапо го плаќа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Променете ги навиките и почнете да штедите

Објавено

на

Сликата што ни ја дава статистиката за повисоки плати и ниска инфлација се замаглува ако се обидете да ја наполните кошничката во некоја од домашните продавници и супермаркети. Кога ќе се спореди фискалната сметка и она што сме го ставиле во торбата по пазарењето, неизбежно доаѓа прашањето „Каде ми отидоа парите?“. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

БИЛ ГЕЈТС: Треба да си поставите 4 прашања за да го оцените квалитетот на вашиот живот

Објавено

на

Бил Гејтс има 63 години. Тој во целост се согласува со фактот дека воопшто не е истата личност која бше кога ја основаше компанијата “Microsoft”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange