Connect with us

Лични финансии

Пет вештини кои тешко се учат, но кои се важни за развојот на кариерата

Објавено

на

Најубавите нешта во животот може да се бесплатни, но тоа не значи дека не одземаат време, енергија и упорност. Особено кога станува збор за стекнување на вештини, важни за кариерата и личниот живот.

Од Business Insider ги посочуваат способностите, квалитетите и вештините кои тешко се учат, но се многу важни во развојот на кариерата и кои доколку ги совладате ќе ви се вратат неколкукратно.

1. Распределба и организирање на времето

Ефективната организација на секојдневниот живот ќе ви биде исклучително корисна. Треба да најдете систем кој ви одговара најдобро. Научете да планирате, но не само да правите to-do листи, туку и да одредувате рокови за нивно спроведување и реализирање.

2. Позитивни мисли

Станува збор особено за нашите мисли насочени кон самите нас, кон тоа како се справуваме со проблемите. Не е лесно да акумулирате доволно самодоверба во себе, но кога тоа ќе се случи, дефинитивно ќе почувствувате промена во квалитетот на живот.

3. Упорност

Без разлика дали работите во важен проект во работата, сакате да ги зајакнете врските со пријателите или тренирате во фитнес салата, константноста е клучна за успехот. Многу луѓе престануваат да се трудат, кога ќе го достигнат врвот, но всушност за да се задржите на врвот, најбитно е да се трудите повеќе од било кога да останете таму.

4. Вештината да слушате

Претрупани сте со работа? Тоа е дел од секојдневието на работа, но многу е важно е да одвојувате време и да научите да ги ислушате внимателно луѓето/колегите околу себе. Така покажувате почит и загриженост и ги привлекувате на своја страна.

5. Учење на уште еден странски јазик

Познавањето на странски јазик не само што ќе отвори нови професионални можности пред вас, туку и ќе ви даде нова перспектива и дури и различен начин на размислување. Ќе ви помогне да запознаете уште една култура и да го проширите својот поглед кон светот.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, но нема да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дигитален корисник – најголем фан на банкарската технологија

Објавено

на

Дури и додека апликациите за мобилно банкарство продолжуваат да ги заменуваат секојдневните трансакции, 88% од возрасните во Америка сметаат дека сеуште им е потребна физичка локација за да ги завршат банкарски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Тоа што е добро за газдата, не мора да значи дека е добро за купувачот!

Објавено

на

Ryanair е нискобуџетна авиокомпанија и е главен конкурент на WizzAir. Цената на авионската картата кај овие превозници е реално ниска, но ако сакате поголем багаж или да си одберете седиште треба да платите. Всушност, освен основната карта за летот, се останато се наплаќа. Но, почнавме да се прашуваме што доколку вакви цени добијат директорите на овие авиокомпании. За среќа, има вистинска случка со директорот на Ryanair. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange