Connect with us

Сметки

Пензионерите на НЛБ, Шпаркасе и Еуростандард банка веќе ја имаат пензијата на своите сметки

Објавено

на

Примателите на пензија во НЛБ, Шпаркасе и Еуростандард Банка веќе можат да располагаат со својата декемвриска пензија. Поради новогодишните празници, пензиите за месец декември им беа исплатени неколку дена порано.

 

Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, Еуростандард банка започна исплатата на пензиите да ја врши во првиот работен ден во месецот без оглед дали истите се префрлени од страна на пензискиот фонд или не. На овој начин им се овозможува на пензионерите клиенти на Банката да располагаат со средствата од својата пензија уште во првиот работен ден во месецот.

 

Пред почетокот на новогодишните празници, Шпаркасе Банка на своите клиенти – корисници на услугата „Пензија на 1-ви“, ќе им ја исплати декемвриската пензија на 30-ти декември. „Пакетот за пензионери“ е креиран специјално според потребите на пензионерите, но негова главна предност е тоа што клиентите ја добиваат својата пензија – точно на 1-ви секој месец. Со ова прецизно, редовно и навремено исплаќање на пензиите, клиентите на Шпаркасе Банка можат практично и навремено да управуваат со своите средства.

“Ги известуваме сите клиенти – пензионери кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка, дека пензијата за месец декември 2016 година, Банката ќе им ја исплати на 29.12.2016 година – четврток.” – се вели во соопштението објавено на веб страната на НЛБ Банка.

 

 

 

Домашни банки

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: Од 30 април 2018 започнува исплатата на дивиденда за 2017 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 30 април 2018 година ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година.  (more…)

Продолжи со читање

Сметки

КИБС спроведува дигитализација во работењето и 24/7 достапен платен промет

Објавено

на

IBM објави денес дека компанијата Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС), оператор за платен промет од Македонија во сопственост на 12 банки, одлучи да го трансформира своето работење во „дигитална фабрика“ на финансиски услуги со примена на решенијата за јавни и приватни „облак“ системи на IBM. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Силк Роуд Банка ќе врши исплата на пензиите на секој први во месецот

Објавено

на

Силк Роуд Банка започнувајќи од 01.03.2018 година воведува промотивни активности за пензионерите кои ја примаат пензијата во Банката. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange