Connect with us

Кредити

Партнерство на ЕБОР со Шпаркасе Банка Македонија во финансирање на енергетска ефикасност во домаќинствата

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија е првата банка која се придружува на програмата на ЕБОР за финансирање на енергетската ефикасност во домаќинствата. ЕБОР пласира 2 милиони евра преку Шпаркасе Банка Македонија, средства наменети за инвестиции во енергетска заштеда во домаќинствата.

Овој кредит се одобрува под Програмата за финансирање на енергертска ефикасност за Западен Балкан. Програмата е креирана да им помогне на локалните домаќинства, здруженија за домување и вршителите на услуги, во превземањето на мерки за енергетска ефикасност и реализирање на проекти за финансирање на обновливите извори на енергија. Кредитите се пласираат преку локалните финансиски институции и се дополнети со грантови за корисниците кои ги доделува Европската Унија. По успешно завршување на проектите за реновирање дополнително, ЕБОР обезбедува и средства за Шпаркасе Банка во износ од 3 милиони евра , кои ќе овозможат долгорочни извори на финансирање за станбено кредитирање.

Анка Јоана Јонеску, претставник на канцеларијата на ЕБОР во Македонија изјави: “Ова е прв пат ЕБОР да пласира средства за поддршка на кредитирањето на население на Македонскиот финансиски пазар. Заедно со Шпаркасе Банка имаме намера да го прошириме кредитирањето во резиденцијалниот сектор, обезбедувајќи средства за станбено кредитирање и за финансирање на енергетската ефикасност во домаќинствата. Се радуваме на соработката со Шпаркасе Банка и ги охрабруваме македонските домаќинства да инвестираат во енергетска ефикасност. Овие инвестиции не само што ќе им заштедат пари, туку ќе ги направат нивните домови поудобни, истовремено зачувувајќи ја животната околина.”

Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија изјави: „Иако средствата од овие кредитни линии се наменети за кредитирање на населението преку одобрување на наменски кредити за заштеда на енергија и станбени кредити, Шпаркасе Банка ќе ги поддржи и компаниите кои што произведуваат енергетски ефикасни производи и градат станови. Тоа треба да придонесе и кон повисок економски раст и отварање на нови работни места“.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Македонија и до денес има инвестирано над €1.6 милијарди во над 100 проекти во земјата.

Кредити

Фотоволтаичните системи на ЕВН отсега подостапни преку ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Фотоволтаичните системи на ЕВН Македонија, дизајнирани според потребите на корисниците, стануваат подостапни за сите заинтересирани. ЕВН Македонија и Шпаркасе Банка Македонија постигнаа договор за соработка, преку кој ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија ќе може да се користи и за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Аплицирајте за IuteCredit во мрежата на Capital Net

Објавено

на

IuteCredit продолжува да биде вашиот најбрз и најкомфорен начин да стигнете до потребните парични средства. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Не труди се да одолееш на есенските радости со Стопанска Банка АД Скопје!

Објавено

на

Есента е најубавото годишно време. Завршуваат топлите денови и сите се враќаме дома од годишните одмори. Почнуваме да се спремаме за зимските денови и претстојните празници.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange