Connect with us

Останато

Пазарот на криптовалути достигна историски максимум

Објавено

на

Вкупната пазарна вредност на повеќе од 800 виртуелни валути во светот со кои се тргува  ја помина границата од 160 милијарди долари за прв пат во историјата, според „CoinMarketCap“.

Така, од почетокот на минатата година, вкупната капитализација на криптопазарот скокна на монструозните 1500% – од 10 милијарди долари до сегашната вредност.

 

Вкупната капитализација продолжува да расте дури и без нов раст на цената на биткоинот, чија вкупна вредност е околу половина од вредноста на целиот пазар. Во моментов биткоинот се продава за сума од 4.555,14 долари.

 

За новиот историски максимум на пазарот придонесува зголемувањето на цената кај некои од другите популарни криптовалути. Ethereum забележа раст од околу 5% во текот на последните 24 часа, XRP на „Ripple“ бележи раст од 10% за истиот период, а како целина, меѓу огромната разновидност од виртуелните валути, владее инвестициски оптимизам.

 

Дигиталната предност „XMR“ на „Monero“ пак успеа да влезе во топ 10 по пазарна капитализација, откако само за недела цената му скокна од околу 90 долари, достигнувајки вкупна вредност на нешто малку повеќе од 2 милијарди долари.

 

Litecoin исто ужива инвеститорски интерес, откако валутата успеа да ја премине границата од 60 долари за прв пат од своето основање во 2011-та година.

 

Во моментот на објавување на материјалот вкупната капитализација на пазарот на дигитални валути изнесува 165,1 милијарди долари.

 

 

Останато

Македонска делегација со успех на Светскиот Инвестициски Форум 2019

Објавено

на

На годишаната сесија на Свестскиот Инвестициски Форум на Бизнис Ангели (WBAF), кој се одржува во периодот 17-19 февруари во Истанбул, Турција, Македонската делегација предводена од страна на Сенаторот на WBAF за Македонија, проф. д-р Леонид Наков, како и од министерот д-р Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија постигна значаен успех.

За прв пат во историјата на македонското учество на овие Форуми на најголемите приватни инвеститори на неформален ризичен капитал, WBAF избра еден македонски иновативен бизнис – PowerAD од Струмица, кој е успешно оценет и селектиран во групата на 50 напредни, конкуренти стат-ап бизниси од целиот свет, а кои на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститоти присутни на годинешниот Форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели.

„Целосно сме убедени дека овој успех ќе охрабри и многубројни останати македонски носители на иновативни и конкурентни идеи да ги развиваат своите развојни проекти според моделите на WBAF кои поттикнуваат одржлив организациски развој“, изјави Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стат ап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори старт ап бизниси на Светскиот Форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

Продолжи со читање

Останато

Еднаш банкар, цел живот банкар

Објавено

на

Успешен банкар со иницијали Б.П., уште пред 8 години се стекнал со правото на целосна старосна пензија, но поради лична желба и финансиски потреби продолжил да работи како банкарски советник и во својата 73-та година од животот.

Тој паралелно примал и пензија и плата како советник, пред од своите пријатели пензионери да дознае дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, не смее да работи повеќе од пет години, по пензионирањето.

Тој бил поканет, откако официјално го напуштил своето работно место во банката, да остане во Надзорниот одбор, но не му било јасно дали може да ја прифати функцијата ако и дефинитивно замине во пензија. Во банката му објасниле дека должината на стажот сега кога веќе е пензионер, зависи само од неговата здравствена состојба и желба за работа, но “вечниот” банкар сакал да се осигура дека тоа е така.

Банкарот признал дека не е правник и дека не знае сам да го протолкува Законот за пензиско и инвалидско осигурување, но изјавил дека е способен за работа, се додека го држи здравјето и додека има желба за работа. Неговото работно време не е ограничено и не мора да стравува од пазарната инспекција која би можела да го казни работодавачот.

Тој се мотивирал да продолжи да работи, откако прочитал дека хрватските пензионери покренале иницијатива и започнале да работат во локален синџир на продавници за храна по четири часа на ден.

На прашањето колку најдолго пензионерите можат да работат и по пензионирањето и дали постои ограничување во години, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одговори дека не постојат законски ограничувања во однос на траењето на работниот однос на пензионери.

Пензионерите кои имаат желба за работа и по пензионирањето, може без ограничување повторно да се вработат во Договор со работодавачот, а платата ќе им се исплаќа по основ на договор за авторско дело, и тие притоа непречено ќе може да добијат и пензија.

Па така, банкарот кој освен што е пензионер, член е и на Надзорниот одбор на банката, не е обврзан секоја година да аплицира во Фондот на ПИО за да му се издаде потврда за продолжување на работниот однос.

Продолжи со читање

Криптовалути

Symantec предупредува за постоење на скриени апликации кои “копаат” криптовалути

Објавено

на

Компанијата Symantec објави нов безбедносен извештај во кој предупредува за постоење на осум малициозни апликации коишто се пронајдени во склоп на Windows 10 апликацијата во официјалната продавница, Microsoft Store.

Се работи за апликации кои беа објавени во Microsoft Store помеѓу април и декември 2018 година и содржат компонента којашто служи за “копање” на криптовалутата Монеро, а тоа корисниците кои ја инсталирале Windows 10 апликацијата, не го знаеле. Спорните апликации во просек имале и повеќе од 2.000 рецензии, а веројатно и напумпани оценки.

Самите апликации биле претставени како нови интернет пребарувачи, алатки за репродукција на мултимедијални содржини и за преземање содржини од интернет, како и водичи за оптимизација на батериите. Се верува дека зад сите овие апликации стои еден  ист програмер или група на програмери.

По добивањето на деталите за овие малициозни апликации, Мајкрософт веднаш ги повлече од продажба.

Имињата на осумте контроверзни апликации за кои алармира Symantec се:

  1. Fast-search Lite,
  2. Battery Optimizer (Tutorials),
  3. VPN Browser,
  4. Downloader for YouTube Videos,
  5. Clean Master (Tutorials),
  6. FastTube,
  7. Findoo Browser 2019,
  8. Findoo Mobile & Desktop Search.
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange