Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Охридска банка за случувањата во банкарскиот сектор во 2018 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2018 година, се обративме до менаџментот на Банките во Македонија, со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на менаџментот на Охридска банка Сосиете Женерал .

Банкарство: Дали очекувате позначајни промени на кредитата политика на Банките, од аспект на движењето на каматните стапки во банкарскиот сектор и како сето тоа ќе влијае на побарувачката на кредити во Македонија?

Мито Ѓорески: Банкарскиот сектор го има капацитетот како во обем така и во доволна стимулативност од ценовен аспект да ги опслужи инвестициските мотиви кај побарувачката во корпоративниот сектор. Каматните стапки кои се нудеа минататата година на домашниот пазар за соодветно кредитобилна и квалитетна побарувачка, особено во корпоративниoт сектор веќе се значително приближени до прагот на цената на пасивата односно на изворите на средства. Минатата година каматната статистика бележи еден од најголемите падови на просечните каматни стапки на кредити од околу 0,5 пп, додека истовремено, депозитите бележат намалување од само 0,2 пп и нема простор за поголеми движења.

Мито Ѓорески, Директор на Сектор Финансии и Контролинг

Банкарство: Во која насока ќе се движат каматните стапки кај депозитите за физичките лица во тековната година, дали очекувате зголемување на депозитното портфолио или можеби клиентите ќе се одлучат своите слободни средства да ги насочат кон една од алтернативите (животно осигурување, инвестирање во берза, итн.)?

Мито Ѓорески: Минатата година во делот на каматните стапки бевме сведоци на контрадикторни движења, кои индицирааат дека сепак секторот население преферира штедење во депозити во банки, но со запазен стимулативен мотив. Во услови на континуиран пад на просечните каматни  стапки на депозитите, на пазарот се појавија и сеуште се присутни понуди со значително повисоки каматни стапки кои покрај другото индицираат три доста значајни работи. Прво, дека сеуште има значаен потенцијал кај секторот населние кое е поврзано со соодветен приносен интeрес. Второ, дека тој интерес и покрај понудата на други инструменти како што се осигурување, берза и сл., сепак преферирана опција е штедење во банките, и трето, дека банкарскиот сектор и покрај достапноста на странски извори, сепак ќе биде упатен и на домашната акумулација, но со почитуван мотив на штедачите.

Банкарство: Fin Tech иновациите се повеќе се застапени во банкарскиот сектор. Дали банките во Македонија ќе бидат во чекор со светските трендови и какви иновации можеме да очекуваме во банкарскиот сектор во 2018 година?

Катерина Петровска: Банките во Македонија повеќе години наназад веќе ги применуваат Fin Tech иновациите, a развојот посебно се засили со појавата на мобилните апликации за мобилно банкарство, кои на стартот ја понудија услугата за преглед на сметките и вршење на трансфери, а постојано се надградуваат со дополнителни функционалности кои го олеснуваат пристапот и користењето на најразлични банкарски производи и услуги. Тоа од една страна влијае на зголемување на задоволството на клиентите, а од друга страна на банките им нуди можност за постојана,  индивидуална и таргетирана комуникација со секој свој клиент.

Катерина Петровска, Раководител на Дирекција за развој на производи и иновативни решенија

Имајќи ја предвид создадената база на електронски канали, сегмент во кој секако се очекуваат новитети е можноста клиентите по елекронски пат да ги доставуваат своите барања, да аплицираат за посакуваните производи и услуги, како и да го завршуваат комплетниот процес за реализација на одредено барање онлајн.

Не би било изненадување и доколку во текот на 2018 година бидеме сведоци на првите плаќања од мобилен телефон или најразлични уреди со можност за бесконтактни трансакции. Секако, тука мора да се спомне дека паралелно со развојот на дигитализацијата потребни се промени и во регулативата, која во голема мера ќе ги диктира можностите за воведување Fin Tech иновациите, но факт е дека и моменталниот потенцијал за усовршување на домашните банки на ова поле е голем и може да очекуваме позитивни и забрзани промени во текот на оваа година, бидејќи банките засилено работат на изнаоѓање начини клиентите да бидат услужени и да имаат пристап до производите и услугите, без физичка посета на експозитурите.

Банкарство: Што да очекуваме од Охридска Банка Сосиете Женерал во 2018 година?

Никола Миткоски: Охридска Банка Сосиете Женерал  во 2018 година останува фокусирана кон постигнување на одржлив и профитабилен раст и остварување на дополнително пазарно учество во сите сегменти, преку развивање на долгорочни и стабилни односи со постојаните и новите корпоративни и индивидуални клиенти.

Обезбедувањето на врвна услуга за клиентите, со понуда на нови иновативни решенија, нови канали на продажба и користење на банкарските услуги, симплификацијата, дигитализацијата и автоматизацијата на процесите за зголемено задоволство на клиентите, остануваат основни приоритети и предизвици и оваа година.

Иновацијата е една од основните вредности на Групацијата. Постоечките производи дополнително ќе се унапредуваат и развиваат со паралелно воведување на нови производии услуги во пресрет на се поспецифичните барања на клиентите.

Никола Миткоски, Член на УО, надлежен за сектор Управување со ризици

Растот на кредитните пласмани ќе продолжи и во наредната година, со планирана стапка на раст над просекот во банкарскиот сектор. Корпоративното кредитирање ќе се реализира со претпазливост, детална проценка  и диверзификација на ризикот. Банката ќе финансира стабилни, профитабилни и извозно ориентирани мали и средни компании со профитабилни и одржливи проекти.

Банката е во тек на развој на нови производи за тргување на девизниот пазар, наменети за извозно-ориентираните компании, кои имаат значајна трговска размена со странство, со што ќе се овозможи нивна дополнителна заштита од промените на интервалутарните курсеви.

Во сегментот население, во фокусот остануваат кредитоспособните клиенти, вработените со редовни и стабилни месечни приходи. Притоа,  дополнително ќе се  развиваат и унапредуваат различните канали на продажба, пакетите на производи и услуги и електронските канали за користење на услугите, се со цел да се овозможи на нашите клиенти побрз и поефикасен пристап до производите и услугите на банката.

За оваа година предвидено е и интензивирање на соработката со Општините и Јавните претпријатија, преку финансирање на проекти. Покрај развивање на еден нов сегмент на кредитирањето, преку соработка со овие институции, ќе бидеме во можност и за дополнителна соработка во сегментот население преку понуда на нашите производи и услуги на нивните вработени.

Интервјуа

Интервју СОЊА ПАНЕВСКА: Банкоосигурувањето претставува „win-win“ стратегија за банките и за осигурителните компании

Објавено

на

Банкоосигурувањето има потекло од францускиот збор Banque (банка) и Assurance (осигурување), во англиската терминологија е прифатена како Bancassurance. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и ВинерЛајф Осигурување

Објавено

на

Во пресрет на десетгодишнината од основањето на Шпаркасе Банка на пазарот во Македонија имавме можност да дознаеме повеќе за производите кои банката ги нуди во делот на банкоосигурувањето. Партнер на банката во доменот на животното осигурување е компанијата Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – партнерство помеѓу Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Во изминатиов период од особена важност за банките и осигурителните компании е банкоосигурувањето. Во Македонија се создадоа повеќе партнерства на банки и осигурителни компании, преку кои им се нудат многу поволни иновативни производи на клиентите.

Деловното партнерството помеѓу две реномирани компании со долгогодишен успех во своето работење, Охридска Банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување АД Скопје датира од 2012 година и веќе шест години успешно функционира на пазарот.

Поразговаравме со Катерина Петровска, Раководител на Дирекција за маркетинг во Охридска Банка Сосиете Женерал.

Банкарство.мк: Што точно претставуава банкоосигурувањето?

Катерина: Со овој назив се именуваат производите кои претставуваат микс од банкарски производи и животно осигурување, при што осигурувањето значи заштита на клиентот во случај на осигурен настан – смрт, губење на деловна способност или траен инвалидитет. При настанување на осигурен настан, долгот кон банката го подмирува осигурителната компанија, така што клиентот или најблиското семејство на клиентот е ослободено од долгот кон банката.

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од овој тип на осигурување, при подигнување на кредит во банка?

Катерина: Клиентите со користењето на банкарски производи со осигурителна компонента, добиваат заштита во случај на немил настан, долгот кон банката да не падне на нивен товар или на товар на најблиските, туку да биде целосно подмирен од страна на осигурителната компанија. Клиентите се повеќе го прифаќаат овој производ и ги препознаваат бенефитите од користење на кредитно животно осигурување со оглед дека истото значи посигурна иднина за нив и нивните најблиски, а самиот трошок е вклучен во месечната рата на кредитите и на тој начин минимално влијае на нивниот буџет.

Банкарство.мк: Охридска Банка е единствената банка која во моментов на клиентите им нуди можност покрај осигурувањето при подигнување на кредит (потрошувачки, станбен, хипотекарен…), да можат да го осигураат и искористениот износ кај кредитните картички и дозволеното пречекорување. Можеме ли во иднина да очекуваме некоја нова иновативна понуда?

Катерина: Охридска Банка Сосиете Женерал постојано работи на зголемување на својата понуда како во делот на банкарските производи и услуги така и во комбинирање на банкарските со осигурителните производи.

Најновите производи кои претставуваат спој на животно осигурување и банкарски производи се осигурување на трансакциска сметка и осигурување на депозит кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат вкупен надомест со максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 3.000 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил.

Корисниците на картички на Охридска банка Сосиете Женерал, истовремено бесплатно добиваат осигурување на картички – “IN-cards“ со кое сите МастерКард и ВИЗА платежни картички – се покриени со неколку осигурителни покритија.

Осигурувањето на картичките е неживотно осигурување на клиентите и вклучува одредени настани кои се покриени и се надополнуваат во зависност од типот на картичката (на пример: надомест за изгубен багаж при патување).

Освен што ваквото осигурување е компатибилно решение во однос на патничкото осигурување, вклучените придобивки овозможуваат: осигурување што е валидно веднаш без потреба од апликација и без дополнителни трошоци, финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на осигурен настан, покриеност за неограничен број на патувања, медицинска помош, осигурен багаж и многу друго.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Катерина: Бенефит од ваквите партнерства, покрај претходно наведените за клиентите, имаат секако и банките и осигурителните компании. За банките, можноста за вклучување на осигурителните производи во својата понуда значи збогатување на палетата на производи, заштита од ненаплата на побарувања при настанување на осигуран случај, финансиски бенефит и зголемување на задоволството на клиените поради овозможувње на нивна заштита со производите од кредитно животно осигурување.

За осигурителните компании ваквите производи исто така значат збогатување на понудата, зголемување на дистрибутивната и продажна мрежа, а со тоа и зголемување на портфолиото на клиенти, диверзификација на ризикот и крајно подобри финансиски резултати.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р.Македонија се движи во таа насока?

Катерина: Постојат многу разлики во однос на развојот на банкоосигурувањето во светот и истото зависи во голем дел од регулативата како и од најразлични културолошки и социодемографски фактори, но евидентен е глобален тренд на раст на значењето на банкоосигурувањето. Во некои европски земји, банкоосигурувањето е главен канал за продажба на животното осигурување.

Во Р.Македонија од пионерскиот чекор на Охридска Банка Сосете Женерал во 2012 година со воведување на првиот ваков производ – кредитно животно осигурување, до денес евидентен е постојан раст на понуда на ваков тип на производи и воведување на производот од страна на повеќе банки на пазарот, така што можеме да кажеме дека степенот на развој и свесноста на клиентите за постоењето и за бенефитите од овој производ е на солидно ниво и во одредени случаи има и пресудно влијание за изборот на производот кој ќе го користи клиентот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange