Connect with us

Интервјуа

Очекувања на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска [ПроКредит Банка] за случувањата во банкарскиот сектор во 2018 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2018 година, се обраќаме до членовите на Управните одбори на Банките во Македонија, со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска како Генерален Директор и член на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија АД Скопје.

Банкарство: Дали очекувате позначајни промени на кредитата политика на Банките, од аспект на движењето на каматните стапки во банкарскиот сектор и како сето тоа ќе влијае на побарувачката на кредити во Македонија?

Јованка Јолеска Поповска: Стабилизацијата на политичката неизвесност во 2017 година придонесе за зголемување на побарувачката за кредити од страна на стопанството и го поттикна оптимизмот и иницијативата кај бизнисмените за реализација на нови инвестиции. Со цел кредитирање на овие инвестиции, банкарскиот сектор бележеше тренд на висока конкурентност и голема е веројатноста дека овој тренд ќе продолжи и во 2018 година. Очекуваме дека поволната кредитна понуда на банките ќе ги поттикне претприемачите да ги реализираат долго-планираните проекти кои досега ги одложувале и последователно ќе се зголеми економската активност на компаниите. Овој тренд е позитивен за растот и развојот на економијата во Македонија и отвара простор за поголем број на вработувања, зголемување на извозот и поголема конкуренција на пазарот.

Како специјализирана банка за мали и средни претпријатија ПроКредит и понатаму продолжува да работи со фокус и поддршка на бизнисите кои размислуваат за проширување на својата бизнис активност и реализација на нови, иновативни проекти. Исто така продолжуваме да ги поддржуваме и претпријатијата кои се спремни да инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност на своите работни простории, производствени процеси или возни паркови. Искуството ни потврдува дека перспективните претпријатија размислуваат во оваа насока и се свесни за големиот број придобивки кои би ги оствариле со инвестиции во енергетско ефикасните технологии.

Банкарство: Во која насока ќе се движат каматните стапки кај депозитите за физички лица во тековната година, дали очекувате зголемување на депозитното портфолио или можеби клиентите ќе се одлучат своите слободни средства да ги насочат кон една од алтернативите (животно осигурување, инвестирање во берза, итн.)?

Јованка Јолеска Поповска: Каматните стапки кај депозитите за физички лица се релативно стабилни во Македонија и споредено со развиените европски држави истите се повисоки. Очекуваме дека овој тренд ќе се задржи и во текот на 2018 и дека депозитното портфолио на банките ќе се движи во нагорна линија. Досегашните искуства ни покажуваат дека физичките лица во Македонија имаат навика за штедење и своите слободни средства ги пласираат во форма на депозити во банките. Алтернативите за пласман на средствата можеби имаат повисок степен на заработувачка, но и ризикот во овие пласмани е повисок, а за физичките лица безбедноста и сигурноста на нивните заштеди е од големо значење. Очекуваме дека се додека каматните стапки го компензираат степенот на инфлација во Македонија, не би имале масовно пренасочување на средствата на граѓаните во поризични алтернативи за пласман. Се разбира дека и банките со своите понуди и опции за штедење треба да влијаат стимулативно за зголемување на иницијативата за штедење кај граѓаните. Следејќи го примерот на германското банкарство, ПроКредит Банка веќе долги години промовира култура за штедење и е единствената банка во Македонија која нуди уникатен производ за флексибилно штедење со атрактивна каматна стапка по видување, без ограничувања за нивото на месечните заштеди и можност за контрола на штедната сметка преку е-банкарство. Со нашата Flex Save понуда им овозможуваме на граѓаните комплетна слобода во планирањето на своите финансии и достапност до нивните средства 24/7.

Банкарство: Fin Tech иновациите се повеќе се застапени во банкарскиот сектор. 

Јованка Јолеска Поповска: Дали банките во Македонија ќе бидат во чекор со светските трендови и какви иновации можеме да очекуваме во банкарскиот сектор во 2018 година?

И покрај тоа што модерното-западно европско банкарство е чекор пред нас, банкарскиот сектор во Македонија континуирано ги следи светските трендови и инвестира во нови технологи за дигитална банкарска услуги. Платформите за електронско и мобилно банкарство се веќе присутни и активно се употребуваат во Македонија, но очекуваме дека банките ќе продолжат во насока на унапредување на нивните функционалности и ќе инвестираат во развој на нови алатки за автоматизирани услуги. Дигиталните платформи полека прераснуваат во главен канал на комуникација со клиентите,а традиционалното банкарство полека исчезнува.

ПроКредит Банка веќе неколку години работи фокусирано во насока на автоматизација на услугите за клиентите и продолжуваме во иста насока и оваа година. Како една од последните иновации кои ги воведовме е новата мобилна апликација која им овозможува на граѓаните сигурни и безбедни  плаќања директно од својот мобилен уред, а продолжуваме и понатаму да инвестираме во развој на нови функционалности на истата. Се стремиме кон дигитална услуга и можност за online aплицирање за сите наши производи и услуги и се надеваме дека со овие иновации же придонесеме за зголемување на ефикасноста во работата и задоволството кај клиентите.

Банкарство: Што да очекуваме од ПроКредит Банка во 2018 година?

Јованка Јолеска Поповска: ПроКредит Банка и понатаму продолжува дa работи фокусирано во сегментот на мали и средни претпријатија и да нуди комплетна банкарска услуга за поддршка на овие бизниси. Континуирано соработуваме со меѓународни финансиски институции како што се Европскиот Инвестициски Фонд и Европската Банка за Инвестиции и со заеднички програми и гарантни шеми нудиме поволна кредитна поддршка за сите правни лица кои сакаат да инвестираат во развој на своите бизнис активности и нови производствени технологии. Дополнително се фокусираме и кон работа со физички лица, професионалци кои преферираат дигитална услуга и употреба на модерни технологии за секојдневното банкарско работење. Нашиот професионален тим комтинуирано ги следи потребите на клиентите и продолжуваме да инвестираме во развој и унапредување на нашите услуги и автоматизирани платформи за електронско и мобилно банкарство.

Интервјуа

Интервју со Дарко Дедиќ: Заштеда, заштита и инвестиција со производот Лајф Инвест (Unit Linked) на Винер Лајф кој отсега нуди уште поповолни услови

Објавено

на

Со своето речиси 20 годишно искуство во финансиите, г-динот Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф, успеа од компанијата да создаде претпознатлив бренд со производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин на Македонија.

Поразговаравме со г-динот Дедиќ за растот на Винер Лајф на македонскиот пазар во изминатиот период. Особено акцент се стави на производот Лајф Инвест (Unit Linked) со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник, а од 01.06.2018 година производот е доусовршен со што станува уште поповолен за осигурениците. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Христина Џамбазовска Анастасов: Внимателно го градиме нашиот тим и вложуваме во развојот на квалитетен млад кадар во Македонија

Објавено

на

Водечката компанија за животно осигурување во Република Македонија, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, неодамна започна Проект за едукација на млади лица кои се на самите почетоци на својата кариера.

Проектот „Вештини за успех“, реализиран во соработка со една од водечките компании за развој на човечки ресурси DEKRA Arbeit Group, има за цел да понуди висококвалитетна обука за унапредување на комуникациските вештини, развој на вештини за водење преговори, како и стекнување на практично знаење за функционирањето на финансискиот пазар. Директорот на Сектор за деловни операции во Кроациа Осигурување – Живот, Христина Џамбазовска Анастасов ги детектира ефектите на проектот, состојбите на пазарот на труд во Македонија, како и стратегијата за едукација и мотивација на вработените во оваа компанија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Никола Јошевски, директор на СН Финансии, првата Финтек компанија во Битола

Објавено

на

Поразговаравме со г-дин Никола Јошевски, директор на СН Финансии, Финтек компанија која неодамна ја прослави годишнината од своето постоење, во која се пријатно изненадени од македонските граѓани и од нивната подготвеност да ги користат финансиските услуги кои ги нуди СН Финансии комплетно онлајн. Разговаравме за тоа колку финансиските друштва се сериозен конкурент на банките, за скептицизмот на граѓаните кон новите работи, како и за новата димензија која ја нудат овие компании, дигиталната револуција и онлајн кредитирањето. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange