Connect with us

Домашни банки

Охридска банка ќе издава обични акции по пат на приватна понуда на институционален инвеститор

Објавено

на

Собранието на банката донесе одлука со која Охридска банка ќе изврши зголемување на акционерскиот капитал со издавање на 77.764 обични акции со право на глас, во вкупен номинален износ од 206.074.600 денари, за институционален инвеститор по пат на приватна понуда.

Издавањето на акциите, како што се наведува, ќе се врши по пат на приватна понуда.

“Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на банката со нови уплати од страна на постоечкиот акционер Сосиете Женерал од Пари заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Номиналната вредност на една акција е 2.650 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 206.074.600 денари.

Продажната вредност на една акција изнесува 5.536 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 430.501.504 денари.

Сопствениците на обични акции со право на глас ги имаат следните права:
•Право на глас во собранието,
•Правно на исплата на дел од добивката – дивиденда,
•Право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на банката.

Домашни банки

Членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола откупуваат акции од Банката!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста преку Македонска берза, дека г-н Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 2.624 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Што мисли Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје дава комплетна и јасна слика за работењето на Банката во 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Објавено

на

Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange