Connect with us

Домашни банки

Охридска Банка забележа одличен финансиски резултат во првите 6 месеци од 2017 година

Објавено

на

Билансот на состојба на Охридска банка АД Скопје на крајот од првото полугодие од 2017 година изнесува 33.691 милиони денари, и е во линија со планираното ниво за периодот. Во споредба со крајот на 2016 година, вкупниот биланс е на пониско ниво за 2.130 милиони денари или 5,9 % поради пониското ниво на депозити од правни лица, во најголем дел краткорочни и по видување, додека депозитите од физички лица бележат пораст од 0,4 %. Промената во однос на крајот на минатата година е поради повисоката споредбена основа со декември 2016, кога депозитите од правни лица остварија значително повисоко ниво.

Депозитите на комитентите со учество од 72 % се доминантен извор на финансирање на активностите на Банката. Од аспект на рочната структура, најголемо учество имаат депозитите по видување кои учествуваат со 49,5 %, орочените депозити учествуваат со 45,3 % и ограничените со 5,2 %.

 

Кредитните линии од меѓународните финансиски институции имаат учество во вкупните обврски од 14,2 %, во кои се застапени кредитни линии од ЕИБ, ЕБРД, ЦЕБ, ИФЦ, МБПР, ГГФ, ЕФСЕ и од „Сосиете женерал“.

 

Субординираните обврски на крајот од јуни 2017 година се во износ од 892.9 милиони денари и се непроменети во однос на минатата година.

 

На крајот од јуни 2017 споредено со крајот на минатата година акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 3.133 милиони денари и бележи зголемување за 3,8 % како резултат на распределбата на добивката од претходната година во нераспределена добивка што е согласно планот на Банката за јакнење на капиталната основа на банката како подршка за пораст на комерцијалните активности на Банката.

 

На страната на активата, расположивите средства во најголем дел се алоцирани во комерцијални пласмани на клиенти што учествуваат со 72,3 % при што вкупните бруто кредити достигнаа ниво од од 26.018 милиони денари и се во согласност со планираниот износ за анализираниот период. Од аспект на рочната структура, 68,7 % од кредитите се долгорочни, 24,3 % се краткорочни, додека нефункционалните кредити учествуваат со 7,0 %.

 

Паричните средства учествуваат со 19,3 %, пласманите во хартии од вредност учествуваат со 5,6 % и останатите средства со 2,8 %.

 

Нивото и структурата на ликвидните средства се одржуваат во согласност со ликвидносните потреби на Банката и комитентите со почитување на регулаторните и групациски барања во однос на валутната усогласеност на средствата и обврските, интерните акти, потребите за исполнување на просечното ниво на задолжителна  резерва, како и со успешното менаџирање на поголемите одливи и плаќања на комитентите во текот на годината.

 

Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1 до 30.6.2017 г. изнесува 157,3 милиони денари и е резултат на порастот на нето приходите од камати, зголемувањето на нето приходите од курсни разлики, зголемувањето на другите приходи, но и повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства. Споредено со остварениот резултат за истиот период минатата година а и со планираниот е за 38,5% понизок поради значајното влијание на порастот на исправката на вредност на финансиските средства.

 

Нето-приходите од камати на крајот од првото полугодие од 2017 година изнесуваат 589,8 милиони денари и забележуваат пораст од 6,8 % во споредба со остварените нето-приходи од камати во минатата година и се во согласност со планираното. Приходите од камати бележат зголемување од 12,1 милиони денари како резултат на порастот на приходите од камати на клиентските пласмани. Каматните трошоци забележуваат намалување за 25,3 милиони денари или 12,8 % како резултат на прилагодување на каматните стапки на депозитите на клиентите согласно условите на пазарот, како и оптимизирање во делот на резидуални краткорочни обврски со расположивите ликвидни средства, имајки ја предвид и подршката од матичната банка „Сосиете женерал“ со користење на краткорочни ликвидни средства за премостување.

 

Во анализираниот период, нето-приходите од провизии и од надоместоци изнесуваат 129,7 милиони денари и во однос на истиот период од 2016 година се намалени за 1,5 милиони денари или 1,2 %, со реализација на планот од 84,7%, поради заострените конкуренциски услови на пазарот како и влијание на трошоците за картично работење.

 

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 62.7 милиони денари и се зголемени за 13,7 милиони денари или 27,7% во споредба со истиот период од минатата година, со реализација над планот за соодветниот период од 13,5 %.

 

Другите приходи изнесуваат 48,0 милиони денари, во кои е вклучена реализираната капитална добивка од продажба на недвижност во Охрид, како и остварени приходи по основ продажба на побарувања.

 

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето основа на крајот од првото полугодие на 2017 година изнесува 283,6 милиони денари и е повисока споредено со истиот период минатата година поради повисоката исправка кај неколку значајни клиенти со кои Банката има долготрајни односи, а кои се соочуваат со тешкотиите во исполнувањето на обврските.

 

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ јуни изнесуваат 389,3 милиони денари и се во линија со планираното додека споредено со истиот период претходната година, се зголемени за 33,2 милиони денари, поврзано со пораст на обемот на активности и вкупното работење на Банката. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработени, за платежни картички, телекомуникациски услуги и технологија, пораст на премијата за осигурување на депозити, трошоците за маркетинг и комуникации.

 

Промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Во периодот јануари – јуни 2017 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

 

Исплатени дивиденди. Во согласност со Одлуката за употреба и за распределување на остварената добивка на Охридска банка АД и Одлуката за распределба на дивидендата и утврдување на дивиденден календар, донесена на седницата на Собранието на Банката одржана на 11.5.2017 година, делот од добивката во износ од 43.420 илјади денари се распоредува за исплата на дивиденда на акционерите при што износот на бруто дивиденда по акција изнесува 99 денари. Во првото полугодие од 2017 година, Банката изврши исплата на дивиденда на акционерите иматели на обични акции во вкупен износ од 7.196 илјади денари.

 

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).

Недвижностите и опремата на крајот од јуни 2017 година изнесуваат 741,2 милиони денари, споредено со 761,6 милиони денари на крајот од 2016, што ја вклучува реализираната продажба на недвижност во Охрид.

 

Промени во кредитните задолжувања. Обврските по кредитни линии на крајот од јуни 2017 година изнесуваат 4.805 милиони денари, односно бележат нето-намалување од 31,6 милиони денари, кое е резултат на предвремена отплата на користени средства од ЕБРД и кредити од Германско-Македонскиот Фонд, користење на нова кредитна линија од МБПР, како и користење на краткорочни кредити од „Сосиете женерал“, наменети за финансирање на тековните банкарски активности и усогласување со регулативата.

 

Очекувања за следниот период. Стратегијата на ОБСГ за наредните години останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во пазарните сегменти коишто се сметаат за најквалитетни и најмалку ризични – големи домашни и меѓународни компании, добро позиционираниот дел од МСП, ВИП клиенти – индивидуалци, клиенти на платен список, вработени во добростоечки компании, клиенти вработени во јавната администрација.

 

Фокусот ќе биде ставен на развивање долгорочни и стабилни односи со постојните и со новите корпоративни и индивидуални клиенти од дефинираните целни групи. Главен приоритет на Банката во наредниот период ќе биде обезбедувањето врвна услуга. Во исто време, ќе се интензивираат напорите при „вкрстената продажба“ и зголемување на стапката на бројот на производи по клиент. Во оваа насока, веќе воспоставената успешна соработка меѓу корпоративниот и индивидуалниот сектор треба да се интензивира, со цел да се зголеми задоволството на клиентите, со истовремена корист на Банката од друга страна.

 

Важна и стабилна компонента е депозитната база, генерирана од страна на нашите корпоративни и индивидуални клиенти, што ќе остане примарен извор во окружувањето со строги ликвидносни и регулаторни барања и конкуренција. На страната на изворите за финансирање, странските кредитни линии од меѓународните финансиски институции остануваат значаен извор за подобрување на конкурентската предност на Банката.

Повеќе

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја опреми со постелнина Детската клиника во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД ја предаде првата донација за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Со оваа донација на Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Клиниката во остварување на нејзината благородна мисија. Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Релизацијата на првата донација од долгорочното партнерство помеѓу Силк Роуд банка и Универзитетската клиника за детски болести ја поздрави и Министерството за здравство.

„Здравствениот систем, како исклучително комплексен сегмент од секое општество, има потреба од поддршка и од приватниот сектор. Состојбите во здравството ќе бидат на многу повисоко ниво доколку сите општествени фактори ја споделат грижата за него. Оттука ја поздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка и воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка“, истакна министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во Република Македонија. Во просек, годишно, на оваа клиника болнички се лекуваат над 7 400 деца, а повеќе од 5 4000 деца добиват амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

„Првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинско време, затоа што набавката на нова постелнината за целата болница е повеќе од неопходна. Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пацинети, но и персоналот“, вели д-р Катерина Ставриќ, директорка на Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај соработката со Клиниката за детски болести, Силк Роуд Банка континуирано реализира и други општествено одговорни активности, меѓу кои: поддршка на активностите на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и учеството во обезбедување помош на жителите на Стајковци погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка: Како до енергетско-ефикасни технологии во домот со враќање на 20% од инвестицијата?

Објавено

на

Шпаркасе банка преку ГЕФФ Програмата на ЕБОР овозможува до 20% поврат на инвестицијата во енергетски ефикасни домови.

Програмата  за финансирање на енергетска ефикасност ГЕФФ (GEFF), која пред неколку месеци во Македонија ја лансираше Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) веќе ги дава првите резултати. Проектот „тежок“ 85 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите, се очекува да допре до 29.000 домаќинства во цел Западен Балкан.

Клучната цел на оваа програма е да им помогне на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, да ја намали емисијата на гасови и да ја подобри удобноста на животот.

Игор Панчевски, технички експерт за Македонија и Косово на проектот ГЕФФ вели дека оваа кредитна линија можат да ја користат сите оние кои градат нови фамилијарни куќи или ги реновираат своите станови или куќи.

– Овој проект претставува кредитна линија со субвенција до 20% и неговата намена е исклучиво за домаќинствата, поточно за физички лица.

Проектот ќе се спроведува во следните 3 години, до 2021 година. 

Во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3.000 производи кои се високо ефикасни. Сите производи беа подложни на претходни верификации каде мораше да ги исполнат одредените технички критериуми зададени од ЕБОР. Овие производи се внимателно одбрани и со помош на фирмите кои ги продаваат во Македонија истите се внесени во Селекторот на технологиja кој претставува он-лајн каталог на производи.

Секое заинтересирaно физичко лице пред да инвестира треба да провери дали производот во кој сака да инвестира е претходно одобрен од програмата и дали постои во Селекторот на технологија. Доколку производот постои, може да провери кои фирми го продаваат истиот и да набави про-фактура од нив. Про-фактура за производот може да биде набавена и од фирма која не е прикажана на веб страната. Потоа со про-фактурата се оди во една од двете банки, партнери на Програмата и се аплицира за ФЕФФ кредитната линија.

Кои интервенции во домаќинствата се прифатливи за инвестиција во рамки на EБОР ГЕФФ?

– Со проектот се поддржуваат вкупно 11 технологии, во кои домаќинствата можат да инвестираат. Поддржани се: топлинска изолација на ѕидови, под или кров; замена на прозори и врати; нов котел или печка на пелети; топлински пумпи; сончеви колектори за топла вода; фотоволтаични панели за производство на електрична енергија; осветлување; вентилација и акумулациони бојлери за топла вода.

Што всушност значи терминот енергетски ефикасни технологии?

– Терминот енергетско ефикасни технологии се користи во сите индустрии каде имаме трансформации на еден вид на енергија во друг. Во однос на GEFF програмата во Македонија, терминот енергетско ефикасни технологии за згради би рекол дека опфаќа три поголеми групи.

Енергетско ефикасни технологии со кои се обезбедува снабдување со енергија (електрична, топлинска и ладилна) во домот.Овде спаѓаат котлите на пелети, топлинските пумпи, сончевите колектори за топла вода, фотоволтаичните панели  и др. слични производи.  Терминот енергетско ефикасни, кај овие технологии значи дека овие уреди обезбедуваат исти услови но помалку трошат и повеќе заштедуваат од неефикасните производи. Пример: Еден енергетско ефикасен котел на пелети ќе потроши помала количина на пелети, а ќе го згрее домот на иста температура како и помалку ефикасниот котел.

Енергетско ефикасни технологии со кои се задржува топлината во домот. Во оваа група влегуваат изолациските материјали (стиропор, минерална волна и сл.), прозорите и вратите.  Терминот енергетско ефикасни, кај овие производи означува дека имаат поголема способност да ја задржат топлината во нашите домови, со што се овозможува поголема заштеда на електрична енергија, пелети или друг енергенс со кои се затоплуваме.

Енергетско ефикасни технологии во апарати за домаќинства и осветлување. Во оваа група спаѓаат фрижидери, климатизери, бојлери за топла вода, машини за перење алишта, светлики и останати уреди.

Терминот енергетско ефикасни, кај овие производи означува дека истите трошат помалку енергија и пари, а ја испорачуваат истата услуга.

Пример е очигледен кај ЛЕД осветлувањето каде денес имаме ЛЕД сијалица од 12 вати, која ја менува стандардната сијалица од 100 вати. Ова значи дека ЛЕД осветлувањето троши околу 8 пати помалку енергија и пари од стандардното осветлување (со вжарено влакно).

Најинтересниот дел од проектот е секако грант компонентата. Објаснете ни како се пресметува грантот кој може да биде од 15-20% од вкупната вредност на инвестицијата?

– Да, проектот обезбедува поврат до 20% од вкупната вредност на инвестицијата. Доколку инвеститорот инвестира само во една технологија (пр. само изолација на фасада, или само промена на прозори) тогаш како поврат му следат до 15% од вкупната инвестиција. Доколку инвеститорот инвестира две или повеќе технологии, повратот е до 20% од вкупната инвестиција. Во вкупната инвестиција влегува покрај самиот производ и трошоците за негово инсталирање и работната рака. Точниот износ на грантот, инвеститорите може да го проверат и пред инвестицијата, преку банките доколку ги донесат про-фактури/понуди за идната инвестиција.

Што треба да направи секој заинтересиран за програмата на EBRD GEFF? Како да аплицира?

Апликацијата започнува со проверка дали производот кој сакате да го купи е одобрен од GEFF програмата како високо ефикасен. Проверката се прави во Селекторот на технологии.

Доколку производот постои во Селекторот, тогаш инвеститорот набавува про-фактура/понуда од било која фирма и со истата оди во една од банките партнери на програмата и се аплицира за ГЕФФ кредитната линија.

Доколку банката го одобри кредитот на клиентот, следува имплементација на мерката т.е. инсталација на производот. Кога ќе се заврши со инсталацијата на мерката, клиентот ја известува банката, а тимот на ГЕФФ ќе изврши верификација на трошоците и инсталираната опрема. После успешна потврда се прави пресметка за грант и истиот се префрла на трансакционата сметка на инвеститорот.

Една од банките партнери во програмата на EBОР ГЕФФ e Шпаркасе банка Македонија. За да добиеме појасна слика за процесот на аплицирање за кредит, разговаравме со Викторија Јовановска, директор на Сектор управување со физички лица.

Како директен учесник во проектот, Шпаркасе банка Македонија на домаќинствата кои сакаат да инвестираат во енергетско ефикасни производи и технологии им одобрува ЕКО кредити со преференцијални услови, каде како дополнителна стимулација за клиентите е можноста за поврат на дел од инвестираните средства во форма на инвестициски грант. Нудиме два типа на ЕКО кредити со идентични поволни каматни стапки. Станува збор за потрошувачки кредит со максимален износ до 20.000 евра и рочност до 10 години, како и за хипотекарен кредит со максимален износ до 50.000 евра и рочност до 20 години. При аплицирање за производите како дел од стандардниот сет на документација, клиентите поднесуваат во Банката и про-фактура за набавка на енергетскиот производ издадена од страна на компанијата која го продава.

Шпаркасе банка Македонија има улога да овозможи директна финансиска поддршка и советување, но и да се погрижат за поврзување на компаниите со потенцијалните клиенти, потврдувајќи ја на тој начин својата определба за корпоративна општествена одговорност. Во таа насока, исклучително е значајна општествената компонента на проектот поради долгорочните бенефити за заштитата на животната средина и заедницата во која живееме и делуваме.

Продолжи со читање

Домашни банки

Големи награди, за МАСТЕР уживање со Шпаркасе Банка!

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија од денес ја започна новата наградна игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање!“, наменета за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички од брендот Mastercard, со богат фонд на награди. Во периодот од 15 октомври до 15 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат мобилен телефон Apple iPhone X, зимување за двајца во Австрија и главната награда – автомобил Opel ‘’CROSSLAND X‘’.

Корисниците на картичките од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 300,00 денари во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година со која добиваат по една шанса за учество во Наградната игра, односно двојна шанса за учество доколку трансакциите се направени со Mastercard Debit бесконтактната картичка. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка/и од Банката во тој случај учествува со секоја поединечна картичка во Наградната игра доколку ги исполнува условите.

Како потврда за учество во Наградната игра за трансакциите направени на продажните места ќе се смета слипот од реализирана трансакција направена со Mastercard или Maestro платежна картичка и/или СМС порака доставена преку услугата СМС известувања од реализирана трансакција направена со Mastercard или Maestro платежна картичка од Шпаркасе Банка Македонија во износ поголем или еднаков на 300,00 денари за времетраењето на наградниот период.

Во Наградната игра се вклучени сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката и/или од страна на корисниците на дополнителните картички, на продажните места и е – commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во Наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија, корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 20.12.2018 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со адреса ул. Македонија 9-11, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на компјутер, за што е изготвен специјален софтвер за таа намена.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange