Connect with us

Домашни банки

Официјално: НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје го продадоа НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на Сава Ре

Објавено

на

Денес, 13-ти март 2018 година, НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје согласно договорот со реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје кој беше склучен на 12-ти декември 2017 година, извршија продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана. НЛБ д.д. Љубљана, поседуваше 51% од акциите додека НЛБ Банка АД Скопје поседуваше 49% акции во НЛБ Нов пензиски фонд.

Во декември 2017 година, НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје склучија договор со реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Согласно Договорот, инвеститорот Сава Ре д.д. Љубљана во предвидениот рок обезбеди согласност од регулаторот МАПАС за пренос на 100% од акциите издадени од Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд на Сава Ре д.д. Љубљана, како и дозвола од Комисијата за заштита на конкуренцијата, со што се исполнија сите услови за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Продажбата на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје се изврши преку Македонската берза за хартии од вредност по цена од 921 евра по акција, во денарска противвредност.

Домашни банки

Експозитурата на Шпаркасе Банка во Неготино е релоцирана во нови простории

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија со свечен настан за клиентите ја отвори експозитурата во Неготино, на нова атрактивна локација на ул. „Ацо Аџи Илов“ бр.10, во центарот на градот.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

Објавено

на

Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното партнерство за годинешното издание на фестивалот.

Имено, на 39-тото издание на „Браќа Манаки“, Халкбанк за првпат се јавува како ексклузивен „Платинум партнер“, сакајќи да оддаде почит на филмската уметност, на кинематограферите и на сите филмски работници воопшто, а во насока на најновата корпоративна платформа на Банката „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец, градејќи и негувајќи долгорочни односи со своите корисници и со севкупната заедница.

„Како прв и најстар филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, ИФФК ‚Браќа Манаки‛ несомнено е врвен културен настан кој стои рамо до рамо со огромниот број светски филмски фестивали. Ние како компанија отсекогаш сме ја препознавале важноста на филмографијата и, воопшто, на севкупната македонска култура, па оттука нашата поддршка на годинешното издание на фестивалот е искрена и истовремено во согласност со нашата корпоративна платформа, која нѐ позиционира како  ‚банка на сите луѓе‛. Ни претставува огромна чест што заедно со ‚Манаки‛ имаме прилика да ја пренесеме пораката дека вистинските културни вредности се навистина важни и треба долгорочно да се негуваат“, изјави Маја Наумовска од Дирекцијата за односи со јавноста во Халкбанк.

Од ИФФК „Браќа Манаки“, пак, истакнаа дека задоволството е обострано, особено кога се работи со општествено одговорни компании кои искрено го сакаат филмот и даваат несебична поддршка со цел што подолго да го зачуваме најстариот фестивал, кој и како земја нѐ позиционира високо на светската културна мапа.

„Во Халкбанк препознавме вистински достоен партнер кој искрено верува во значењето на филмската уметност и традицијата и автентичноста на ‚Браќа Манаки‛. Сакам да изразам голема благодарност до целиот нивни тим кој посветено нѐ следеше на сите прес-конференции и се надевам дека тие ќе останат со нас подолго време и заедно ќе ја негуваме љубовта кон филмот и ќе придонесеме кон уште поголема промоција на филмската индустрија во Македонија“, изјави Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Инаку, 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува традиционално во Битола, во Центарот за култура, од 22 до 29 септември, а годинешното мото гласи „HATS OFF” или „Симнуваме капа“, во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите и кон сите филмски работници воопшто, кон градот Битола и кон публиката.

Продолжи со читање

Домашни банки

Девизни плаќања со пониски провизии со ТТК Банка

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги намали провизиите за девизни плаќања за физички и правни лица во промотивен период со важност до 31.12.2018 година. Понудата овозможува брза и сигурна реализација на плаќањата во странство или на девизните приливи со најниски провизии и намалување на трошоците во девизниот платен промет.

За девизните плаќања на правни лица – ностро дознаки, без разлика на износот, провизијата изнесува 0,15% односно мин. 500,00 денари. Трошоците – OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300 денари. За обработка на приливите од странство, лоро дознаки од правно лице, провизијата изнесува 0,08% односно мин. 500,00 денари.

Девизниот прилив за физички лица, доколку е одлежан во Банката 5 дена, се исплатува без провизија. Во спротивно, провизијата за исплата на прилив до 6.000,00 денари (во денарска противвредност) изнесува 100,00 денари, односно за износи над 6.000,00 денари изнесува 0,30% односно минимум 150,00 денари.

За девизните плаќања – ностро дознаки на физички лица до 9.000,00 денари (во денарска противвредност) Банката наплатува вкупно 850,00 денари. За плаќањата на износ над 9.000,00 денари се наплатува провизија од 0,15% односно минимум 350,00 денари. Трошоците –  OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300,00 денари.

ТТК Банка АД Скопје нуди квалитетна и ефикасна услуга за девизни плаќања и девизни приливи од/во сите земји во светот преку мрежа на коресподентски банки. Услугата е достапна во сите експозитури/филијали на Банката.

Подетални информации можете да добиете во секоја експозитура/филијала на ТТК Банка АД Скопје како и на интернет-страницата на Банката.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange