Connect with us

Осигурување

Осигурителната индустрија со умерен пораст во првите шест месеци од годинава

Објавено

на

Осигурителната индустрија во Македонија во првата половина од годинава бележи умерен пораст во сите сегменти од своето работење, а до Агенцијата за супервизија на осигурување се поднесени 63 претставки или за 21,1% повеќе во споредба со истиот период лани, од кои 43% се однесуваат во делот на автоодговорност.

Осигурителниот сектор во првите шест месеци од годинава оствари добивка по оданочување во износ од 166,9 милиони денари. Осум од друштвата за неживотно осигурување имаат добивка од 193,4 милиони денари, а три загуба од 62,8 милиони. За разлика од нив, сите друштва за осигурување на живот имаат добивка во вкупен износ од 36,3 милони денари.

 

“Умерен раст има кај бруто пласираната премија и бројот на продадени договори за осигурување. Забележано е зголемено профитабилно работење на друштвата за осигурување, пораст на капиталот, пораст на активата, на финансиските вложувања како дел од активата, како и зголемување на бројот на вработувањата”, информира Климе Попоски, директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување на денешната прес-конференција.

 

Тој посочи дека најголемо учество во осигурувањето има во делот на автоодговорност по што следат осигурувањето на имот и живот.

 

Во сите видови на осигурувања имаме пораст во смисла дека се продадени повеќе полиси и договори. Најголемо учество од 45% во вкупната продажба има задолжителното осигурување од автоодговорност, по него следи имотното осигурување и осигурувањето на живот“, рече Попоски.

 

Прашан зошто е висока цената на зелената карта во Македонија, Попоски рече дека земјава има најниска просечна цена на зелената карта и задолжителното осигурување од автоодговорност за патничко возило во регионот и изнесува 89 евра. Во Србија е 110 евра, во БиХ 147, Црна Гора 150 и Албанија 135 евра.

 

“Во овие земји има регулирана цена, а во земјите од ЕУ има слободно формирање на цената. За да се намали цената на зелената карта потребно е да се либерализира пазарот за автоодговорност и осигурителните компании да ги одредуваат цените врз база на ризик карактеристиките на секој поединечен возач или возило како што е секаде. Цената на зелената карта би се намалила и доколку биде задолжителна за сите возила“, рече Попоски.

 

Во првата половина од годинава осигурителниот сектор остварил бруто полисирана премија во вкупен износ од 4,61 милијарда денари или за 3,1% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Од нив во делот на неживотно осигурување остварени се 3,97 милијарди денари, односно за 1,2% повеќе од лани. Пораст од 6,5% има и кај склучените договори чиј број изнесува 615.986.

 

Зголемувањето во делот на неживотно осигурување се должи на порастот на осигурувањето од автомобилска одговорност од 1,91 милијарда денари или 5,8%, осигурувањето од незгода има пораст од 10,1% и изнесува 390 милиони денари, а општото осигурување од одговорност е 125,5 милиони денари и бележи пораст од 7,4%“, рече Зоран Стојановски од Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

Тој нагласи дека кај осигурувањето на имот има пад од 10,79%, но истовремено и зголемување на бројот на склучени договори за 30,6%.

 

Ова претставува важен индикатор за високиот степен на конкурентност во осигурителниот сектор. Зголемениот број продадени полиси резултира со пониска цена од минатогодишната за осигурување на имот поради што во бруто износ се прибрани 934 милиони денари или за 10,79% помалку од лани иако има повеќе продадени полиси“, рече Стојановски.

 

Осигурувањето на имот кај физички лица има пораст од 2,6%, а бројот на склучени договори е намален за 17,4%, додека кај правните лица бројот на договори е зголемен за 4,2%, но износот на прибраните средства е помал за 9,1%.

 

Ова се должи на политиката што ја спроведуваат владите при големи елементарни непогоди директно да им исплаќаат оштета на граѓаните и фирмите. Тоа делува демотивирачки кај граѓаните да купуваат осигурување“, рече Попоски.

 

Во делот на осигурување на живот има пораст од 16,6%, а најголемо учество има мешаното осигурување по што следи дополнителното, па ризик осигурување и осигурување на живот во случај на доживување.

 

Друштвата за осигурување во првата половина од годинава исплатиле бруто износ на штети од 1,61 милијарда денари, а учеството на реосигурувањето во исплатените штети е 11,3%.

 

Најголемо учество во продажбата на осигурување има директната продажба со 51,09%, потоа следи продажбата преку брокерски друштва со 25,18, па преку агенти-физички лица со 11,15, друштва за застапување во осигурување со 10,02, банки со 2,14 и останати дистрибутивни канали со 0,024%.

 

Заклучно со 30 јуни на пазарот на осигурување во земјава активно работат 15 друштва за осигурување од кои 11 вршат работи за неживотно осигурување, а четири осигурување на живот. Денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето му издаде дозвола за вршење работа на Друштвото за осигурување Триглав осигурување живот АД Скопје, со што стана петто друштво кое врши осигурување на живот. На пазарот делуваат и 33 осигурителни брокерски друштва, 14 друштва за застапување во осигурување и три деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување. Во друштвата за осигурување се вработени 1.927 лица или за 17,43% повеќе во однос на минатата година.

 

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот вработува!

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Живот, во соработка со Вработување КОМ, 

објавува оглас за следното работно место:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Доколку поседувате:

  • Изразени комуникациски и преговарачки вештини
  • Упорни сте и иницијативни
  • Претходно работно искуство во директна продажба

ВИЕ СТЕ ВИСТИНСКИОТ КАНДИДАТ!

Услови:

  • Редовно вработување
  • Загарантирана фиксна плата во првите 6 месеци
  • По истекот на наведениот период, следи исплата НА ФИКСЕН И ВАРИЈАБИЛЕН дел на плата, во зависност од остварена продажба

Прилика за развој на професионална кариера:

  • Одлични услови за работа во пријатна работна средина
  • Наградување на Вашиот допринос и можност за континуиран напредок и усовршување
  • Почитување и вреднување на поединците и нивните различности.

За повеќе информации и аплицирање обратете се на следната е-mail адреса: s.merdzanovska@cro.mk

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување со едукативен прашалник за пожари

Објавено

на

Никој не сака да зборува за несреќи и неубави работи, но некогашво форма на едукација мора да зборуваме за нив. Никој не треба да се справи со траумата од пожар на куќата. Но, ако вашата куќа гори, експертските совети можат да помогнат. Еве некои од првите работи што треба да ги направите.

  • Најдете привремено домување. Веројатно ќе биде небезбедно, ако не и невозможно, да останете во вашиот дом по пожарот. Направете листа на пријатели и семејства за кои знаете дека ќе обезбедат безбедна, стабилна средина за да се вратите на нозе. Ако тоа не е опција, македонскиот Црвен Крст, Армијата за спас и слични агенции за помош при катастрофи, најверојатно, ќе имаат различни ресурси кои можат да ви помогнат да најдете прифатливо или донирано привремено сместување.
  • Јавете се на осигурителниот агент. Иако е тешко да се размислува за сите работи што треба да ги направите кога се справувате со траумата од пожар на куќата, покренувањето на барање за осигурување е апсолутно потребно кога станува збор за првите чекори на патот кон закрепнување. Отпочнувањето на побарување ќе ви помогне да ги адресирате непосредните потреби што ќе ги имате откако вашата куќа ќе изгори – како што се трошоците за живеење и другите дневни потреби. Вашиот агент за осигурување може да ви помогне да го заштитите вашиот имот и да понуди совети за тоа како да ги обновите и исчистите предмети и имот што можете да ги спасите.

Триглав Осигурување повторно преку едукативен прашалник пробува да не заштити и да ни ги прошири знаењата. Во ситуации кога е важна секоја секунда, вашата постапка може да загрози или да спаси нечиј живот.

Овој пат учиме за пожари и за превенција од нив. Прашалникот можете да го најдете на следниот линк. Со овој тест проверете колку знаете и вежбајте!

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување преку едукативен прашалник ќе нé учи за земјотреси

Објавено

на

Земјотресот е тресење на површината на Земјата, што произлегува од ненадејно ослободување на енергија во литосферата на Земјата што создава сеизмички бранови. Земјотресите можат да се движат од оние што се толку слаби што не можат да се почувствуваат на оние многу силни што можат да уништат целите градови. Сеизизмот или сеизмичката активност на одредена област е фреквенцијата, видот и големината на земјотресите што се доживуваат во текот на еден период на време. Зборот тремор исто така се користи за неземјоделски сеизмички татнеж. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange