Connect with us

Платежни картички

Опуштено купување со кредитните картички на Стопанска банка Скопје – 0% минимален износ во февруари

Објавено

на

Наградувајќи ја довербата на клиентите, Стопанска банка АД Скопје во Февруари 2018 овозможува цел месец опуштени купувања со намалени месечни трошоци за отплата.

Знаејќи дека по истекот на месецот со најмногу празници во годината (Јануари), Февруари е секогаш месец со зголемени финансиски потреби, па затоа овој месец сите корисници на кредитни картички од Стопанска банка АД Скопје добиваат месечен преглед со можност за 0% минимална месечна отплата на доспеаните обврски од кредитните картички.

Намалената месечна отплата на месечниот преглед што доспева во Февруари 2018 година се однесува само на минималниот (задолжителен) износ на месечната отплата што треба да се подмири во рамките на рокот за плаќање (а не и на пресметаната месечна камата), но клиентите секогаш имаат слобода да уплатат поголем износ согласно можностите, во било кое време и без никаков дополнителен надомест.

Од Март 2018 година, се враќа редовниот износ на месечна отплата од 5% за Visa картичките и 3% за MasterCard кредитните картички.

Платежни картички

Нова промотивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка

Објавено

на

Во периодот од 10 јуни до 10 јули 2018 година, доколку платите со Mastercard или со Maestro картичка на Комерцијална банка АД Скопје, добивате 10% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Промотивна кампања за НЛБ Visa кредитни картички за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 07.06.2018 до 15.07.2018 година води промотивна кампања за НЛБ Visa кредитните картички за физички лица (Visa Classic и Visa Gold). (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Патувајте и планирајте ги Вашите следни патувања со Mastercard® Wizz Air кредитната картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Во периодот кога се интензивираат патувањата до блиски и далечни дестинации, кога започнуваат уписите на универзитетите ширум светот и се остваруваат соништата на возрасните и помладите генерации за авантури и егзотични доживувања, Комерцијална банка АД Скопје ја лансираше новата Mastercard® Wizz Air, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange