Connect with us

Анализи

Од година во година се поголем е профитот на банките во РМ

Објавено

на

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека во 2017 година македонските банки оствариле профит од 106,6 милиони евра или речиси 4 милиони евра повеќе од 2016 година, којашто претставуваше рекордна година по заработката која ја имаат остварено.

Сепак, профитот не го делат сите банки подеднакво. Најголемиот дел од профитот или 95,6 милиони евра оствариле големите банки, 11,4 милиони средните банки, а малите банки имале загуба од околу 470 000 евра. Ако се спореди зарабoтката на крајот од годината со таа остварена во третиот квартал произлегува дека за само три месеци, добивката на македонските банки пораснала над 31 милиони евра.

Дури и во услови кога економскиот раст беше очаен, а политичката ситуација кулминираше со огромна нестабилност, банкарскиот сектор покажа стабилност и беше еден од ретките сектори кои остварија висока заработка.

Големата профитабилност на банките се должи на големата претпазливост за кредитирање на првокласни клиенти кои можат да си ги вратат и основицата и каматите, дури и во такви услови со кои се соочуваше државата изминатата година.

Со кредитирање на населението се врши висока дисперзија на ризикот. Најголем дел од приходите, банките ги оствариле преку камати. За претходната година во нивните каси се слеале 254 милиони евра, а само од населението наплатиле 150 милиони евра. Од провизии и надоместоци во касата ставиле уште 71 милиони евра.

Граѓаните заклучно со јануари на банките и штедилниците им должат 2,3 милијарди евра или грубо пресметано задолженоста по глава на жител изнесува 1150 евра.

Анализи

ДАНОЧЕН СИСТЕМ: Ако ги снема богатите, ќе патат сиромашните!

Објавено

на

Една малку подолга “приказна” која што се однесува на прогресивниот данок. Доколку имате 2-3 минути добро би било да ја прочитате… (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува непроменета на нивото од 2,75%

Објавено

на

На 9 oктомври 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Бизнис идеите „Big heart“, „Sweet and Fit“, „ Pixyle“ и „QxJunk“ победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018

Објавено

на

Ангажирање на артисти како магионичари кои ќе го прават поубав секој ден на лицата со некакви потешкотии (деца без родители, лица со ментални болести, лица со попреченост и слично) е основата на социјалната бизнис идеја „Big Heart“. „Ние сакаме да го направиме поубав секој ден на оние кои им е најпотребно, но исто така сакаме и да дадеме можност за вработување на лицата кои инаку тоа не можат да го сторат толку лесно. Па, така во нашиот тим имаме момче со оштетен слух и девојка со физичка попреченост.“ – изјави Кристијан Шопов, менаџер на „Big heart“ на свечената церемонија за прогласување на победниците која се случи вчера, 03.10.2018 година во Јавна соба Скопје.

Идеите за социјален бизинис  „Big heart“, „Sweet and Fit“ и „ Pixyle добија по 2000 евра парична награда од Шпаркасе Банка Македонија, како победници на овогодинешната Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018.

Втората награда во висина од 2000 евра стручното жири ја додели на тимот  „Sweet and Fit“. Ивана, Теодора и Диана, претставничките на овој тим водени од мотото „Можеш да промениш и подобриш нечиј живот, а воедно да го промениш и подобриш своето здравје.“, планираат да отворат слаткарница за здрави слатки и дел од профитот да го  даваат на организацијата „Љубезност“ која помага на бездомните и социјално загрозените семејства и поединци.  Во иднина овие млади и амбициозни девојки планираат во својата компанија  и да вработуваат лица од овие категории.

Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Pixyle“, млада македонска компанија, основана во Штип која работи на полето на одржливата мода. „Pixyle во суштината користи вештачката интелигенција која ги учи машините да препознаваат различни модни атрибути во слики, со цел да овозможиме на секој лесен пристап до модни парчиња од одржлива мода во нивниот стил. Нашата мисија е да ја поттикнеме свеста и потрошувачката на одржлива мода, што индиректно би имало голем етички, општествен и еколошки импакт.“ – изјави Светлана  Кордумова Трајанова, основачот на оваа компанија.

Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “QxJunk“, воден од Моника Илкова,  чиј тим ќе  добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Конто- Профит.

Покрај победниците, на овој настан свое обраќање имаа и Марија Матовска – координаторка на проектот, Владимир Кечовски – Директор на Дирекцијата за микро клиенти во Шпаркасе Банка Македонија и член на жирито, како и добитниците на Наградата од претходните години: Ирина Јавенска – АРНО, Михаела Поповиќ и Наде Богоевска Av Av – Happy Dog Center и Илина Велјановска – Создади.  Наградите беа доделени од страна на претставниците на Конто профит и Шпаркасе Банка Македонија.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange