Connect with us

Домашни банки

Оглас за продажба на имот

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објавува оглас за продажба на :

Недвижен имот (спроти Трговскиот Скопје Сити Мол) на ул.Лондонска 2А, Скопје (согласно ДУП запишан како хотелски комплекс, одлука бр. 09-83/03 од 05.01.2016) лоциран на КП 1502/2 и КП 1502/10 за КО Карпош со вкупна површина од 1862м2 согласно Имотен лист бр.20466 и Имотен лист бр.40138, како и земјиште под објект со површина од 665м2 и двор со површина од 886м2, согласно Имотен лист бр.53125 и Имотен лист бр.53126.

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на лицитација, со прибирање на затворени писмени понуди за минимална почетна цена од 1.951.000 ЕУР.

Во купопродажната цена за недвижниот имот не е вклучен ДДВ од 18%, кој паѓа на товар на купувачот.

Данокот на промет на недвижности и трошоците околу преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на купувачот.

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество на лицитацијата, треба да достават две поединечно затворени пликоа, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
– Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,

– Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),

– Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.

На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
– цената која се нуди за купување на недвижноста;

– ДДВ од 18%;

– согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат депозит за учество на лицитација износ од 5% од минималната/почетна цена за имотот на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД113660111.

Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот откога ќе биде информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР, пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

Рокот за доставување на понудите е до 08.02.2018 година.

Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје издаде 77.764 нови акции

Објавено

на

Охридска Банка АД Скопје известува дека Приватната понуда на хартиите од вредност одобрена со Решение УП 1 број 10-132 од 10.01.2018 година на Комисијата за хартии од вредност, е запишана и платена на ден 06.02.2018 година . (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје го продаде Брилијант

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на ден 15.02.2018 година, склучи договори за купопродажба на недвижен имот, подвижни предмети и права на индустриска сопственост со Витаминка АД Прилеп  за деловниот комплекс на фабриката за производство на масло за јадење БРИЛИЈАНТ ДООЕЛ Штип. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ограбена експозитура на Стопанска банка во Аеродром

Објавено

на

Непознат сторител со закана со пиштол изутринава во скопски Аеродром ограбил експозитура на Стопанска банка и одзел околу 320.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange