Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ЊуМомент

Објавено

на

Маркетинг агенцијата ЊуМомент објавува

ОГЛАС

за вработување на Account Manager

ЊуМомент бара енергични, иницијативни и посветени нови колеги кои вистински го сакаат комуникацискиот бизнис со сите предизвици што тој ги носи.

Услови:

  • Искуство во работа на исти или слични работни места, способност за жонглирање со повеќе проекти во исто време, одлично познавање на англиски јазик и исклучителни комуникациски вештини

Aко сметате дека сте вистинската личност за позицијата,  испратете CV на info@newmoment.mk најдоцна до 15.03.2018 година.

Компании

Нов Зеланд: помалку работни денови за поголема продуктивност

Објавено

на

Компанијата од Нов Зеланд, која во март ја намали работната недела на четири дена, постигна необичен успех. Дури 78 отсто од вработените сметаат дека успеале да постигнат рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот, што претставува зголемување за 24 процентни поени.

240 вработени во „Перпетуал Гардијан“, компанија која управува со фондови и планирање на недвижнини, ја тестираа четиридневната работна недела во текот на март и април, работејќи четири дена по осум часа, но добивале плата за пет.

Џерод Хар, професор за управување со човечки ресурси на Технолошкиот универзитет во Окленд, откри дека задоволството од работата и животот се зголемило на сите нивоа во домот и на работното место, при што вработените подобро ги извршувале своите работни места и уживале повеќе отколку пред експериментот.

Во ноември минатата година нешто повеќе од половината (54%) од персоналот сметале дека можат ефикасно да ги балансираат своите работни и домашни обврски, додека по тестирањето овој број се искачил на 78%.

Продолжи со читање

Компании

“Swatch” со рекордни приходи во првата половина од 2018 година

Објавено

на

Швајцарскиот гигант за часовници објави рекордни приходи во првата половина од годината.

“Swatch” е препознатлив по своите пластични часовници со енергични бои, но исто така поседува и неколку луксузни брендови, вклучувајќи ги и “Breguet” и “Omega”.

Компанијата бележеше пад во продажбата годините наназад бидејќи купувачите од целиот свет се ориентираа кон паметните телефони и паметните часовници.

Ситуацијата сега е обратна поради високата побарувачка за часовници во Азија и Северна Америка. Нето продажбата се зголеми за 14,7 % и изнесуваше 4,27 милијарди франци.

Нето добивката се зголеми за 66,5 % на 468 милиони франци, а оперативната добивка се зголеми за 69,5 % и изнесува 629 милиони франци.

Компанијата додаде дека очекува дополнителен раст на продажбата во втората половина од годината.

Продолжи со читање

Компании

Amazon заработи 2 милијарди долари за 36 часа!

Објавено

на

Неодамна пишувавме како сопственикот на Amazon Џеф Безос е најбогатиот човек на модерното општество. Имено тој го надмина богатството на Бил Гејтс.

Иако започна со недостапен сајт и краш на платформата, Prime Day на Amazon сепак беше успех.

Најголемата онлајн продавница за еден и пол ден успеа да продаде 100 милиони производи. Можеби и паѓањето на вебсајтот беше најдобар показател за оптоварувањето на платформата.

Дел од производите кои беа на продажба, пример Amazon Echo поставија рекорди за најмногу продадени уреди во еден ден.

Компанијaта во период од овие 36 часа најверојатно заработи помеѓу 1,5 и 2 милијарди долари за време на промоцискиот Prime Day , имајќи предвид дека купувачите од целиот свет купија повеќе од 100 милиони производи.

Овие бројки се само претпоставка со оглед на тоа дека вкупната продажба во овие 36 часа беше 3,5 милијарди.

Најпродавани беа уредите на Amazon за гледање телевизија, Fire TV Stick со далечинскиот управувач Alexa Voice Remote, како и паметните звучници Echo Dot.

Ова предизвика акциите на компанијата да скокнат за околу 0,5 % во почетокот на тргувањето на Волстрит, на рекордно високо ниво од 1,858.88 долари, според „Ројтерс“.

 Годинашниот Prime Day почна на 16 јули и траеше 36 часа.

Од Amazon изјавија дека имаат продадено повеќе од еден милион паметни домашни апарати во САД.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange