Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности објавува ОГЛАС за вработување на амбициозна и мотивирана личност за работно место Help Desk во ИТ сектор за вршење на работи и работни задачи во делот на:

*Техничка подршка на серверска и мрежна опрема.

*Администрација на виртуелни околини.

*Администрација во домен инфраструктура.

*Администрација на Антивирус, Анти Спам уреди и други сигурносни решенија.

*Администрација на бекап решенијата.

*Администрација на oracle бази на податоци.

*Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.

Потребни квалификации и способности:

Кандидат треба да поседува:

  • самоиницијативност и способност за тимска работа во динамично опкружување,
  • добри комуникациски способности,
  • позитивен приод кон работата,
  • мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.
  • возачка дозвола Б категорија

*Поседување на високо образование од областа на информатичките технологии, како и  претходно работно искуство од оваа област ќе се смета за предност.

Штедилница Можности нуди интересна и динамична работна средина со утврдено работно време од 08:00 до 16:00 часот во просториите на дирекцијата на Штедилницата во Скопје и минимална почетна нето плата од  25.000 до 30.000 денари во зависност од стекнатото искуство и образованието на кандидатот.

Штедилницата нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница  www.moznosti.com.mk/ во делот кариера или испратете CV на e-mail: rabota@moznosti.com.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.

Заинтересираните за оваа позиција можат да аплицираат од 23.02.2018 до 05.03.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Штедилницата.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Кандидатите што ќе аплицираат за работното место се согласни за користење на нивните лични податоци во процесот на селекција.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е водечко финансиско друштво во мисија да го зајакне присуството на пазарот и воедно да ја задржи улогата на иновативна, fintech компанија. Промовираме бизнис етика, нудиме know-how од вистински професионалци.

Нашите амбиции за 2019 година се предизвикувачки, а поради тоа отвораме можност за вработување на докажан и посветен Менаџер за развој на мрежа на подружници, кој е спремен да препознае прилика, да работи неуморно и да биде целосно одговорен за одделот за експанзија. Одлично организиран, ориентиран кон детали, како и спремен за работа под притисок.

Менаџер за развој на мрежа на подружници

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија.

 Позицијата вклучува:

  • Изготвување на стратегија за проширување мрежа на подружници согласно податоци кои ќе бидат дадени на располагање (логистика, гео-позиција, маркетинг)
  • Самостојно барање на терен и избор на локации за нови подружници
  • Планирање на внатрешно и надворешно уредување на подружницата (вклучително мебел, осветлување, систем за греење/ладење, рекламен материјал, инсталација и слично)
  • Прибирање понуди од изведувачи и преговарање за услови
  • Организација и надзор за време на изведба, како и контрола на квалитет
  • Секојдневно одржување на подружници преку креирање база на соработници за разни потреби
  • Често патување во други градови надвор од Скопје
  • Соработка со менаџментот на секое ниво со цел утврдување потреби за нови подружници

 Профил на кандидат:

  • Завршено соодветно образование (Архитектонски факултет/Градежен факултет ќе се смета за предност)
  • Изработка на скица и предмер пресметка за внатрешно уредување ќе се смета за предност
  • Релевантно искуство од најмалку 2 години
  • Искуство во проектирање и внатрешен дизајн
  • Предност имаат кандидати со искуство од банки, осигурителни компании, обложувалници, казина, телекомуникациски сектор, ланци на маркети
  • Преговарачки вештини
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

 Мотивација:

  • Компетитивна фиксна плата + бонус
  • Дополнителен финансиски пакет со годишни бонуси
  • Лап топ, службен телефон
  • Службено возило на располагање
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во МЕККЕН СКОПЈЕ

Објавено

на

Оглас за вработување на Акаунт Менаџер во Меккен Скопје.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома
  • Најмалку три години работно искуство во агенција или компанија (искуство во агенција е предност)
  • Искуство во водење проекти
  • Менаџирање со време, менаџирање со ресурси
  • Раководење со тимови, брифирање, јасно поставување и следење рокови
  • Одлични презентациски и комуникациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за аналитичко размислување,изведување заклучоци, следење трендови
  • Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Подготвеност за тимска работа

Нудиме можност за професионален и личен развој, работа во динамична и инспиративна средина и можност за постојано напредување.

Ако ги имате потребните квалификации и сте подготвени за нови предизвици испратете Ваше CV најдоцна до 26.02.2019 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Порше Брокер А.Д. Скопје

Објавено

на

Порше Брокер А.Д. Скопје објавува

ОГЛАС

за вработување на
Брокер во осигурување во Скопје (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange