Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка А.Д. Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува оглас за вработување на работно место:
СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТЕН РИЗИК (1 извршител, на локација во Централата во Скопје)

Услови што се бараат за вршење на работата:

  • Високо стручно образование – Економски факултет;

  • Одлично познавање на работа со MS Office пакетот (особено Excel);

  • Познавање на банкарската регулатива од областа на кредитен ризик;

  • Одлично познавање на aнглиски јазик;

  • Банкарско искуство од најмалку 2 години (предност ќе биде искуство во областа на управување со кредитен ризик).

Потребни способности:

  • Организациски способности;

  • Способност за анализа и донесување заклучоци;

  • Добри комуникациски и интерперсонални способности и вештини;

  • Способност за тимска работа;

  • Способност за работа во кратки рокови;

  • Иницијативност;

  • Одговорност и трпеливост.

Краток опис на работно место:

  • Изработка на извештаи кои овозможуваат следење на кредитната изложеност и степенот на кредитен ризик за потребите на регулаторните органи и органите на управување на банката;

  • Анализа на кредитното портфолио по структура и квалитет;

  • Примена на методологијата за класификација на изложеност на кредитен ризик;

  • Континуирано следење на интерните лимити на изложеност воспоставени со Политиката за управување со кредитен ризик;

  • Учество при спроведување на стрес-тест анализа за кредитен ризик;

  • Учество при подготовка на извештаи за адекватност на капиталот.

Работно време:

40 часовно неделно работно време (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот)

Загарантирана почетна нето плата:

Минимална: 26.000 денари
Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV), мотивационо писмо и доказ за исполнување на предвидените услови (уверение за завршено образование и сл.) најдоцна до 27.12.2017 година, со назнака: „Апликација за Соработник за кредитен ризик“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: kariera@ttk.com.mk.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Банки

Охридска банка Сосиете Женерал вработува – Специјалист за обуки и развој!

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал вработува – Специјалист за обуки и развој!

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Работно искуство во областа мин. 1 година
• Високо образование – Општествени науки (Менаџмент на Човечки ресурси; Психологија и сл.)
• Напредно познавање на Англиски Јазик
• Напредно познавање на MS Office пакетот
• Тимски играч;
• Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат (CV), најдоцна до 21.08.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Апликација за Специјалист за обуки и развој“.

Повеќе инфо за огласот можете да најдете на:
https://www.ohridskabanka.mk/covecki-resursi.nspx

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална Банка објавува оглас за вработување

Објавено

на

Самостоен стручен соработник за инвестициско банкарство во Комерцијална Банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет или Правен факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за инвестициски советник;
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

Лице за контакт: Симона Белимова тел.: 3-168-470

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална Банка

Објавено

на

Самостоен стручен соработник за тргување со хартии од вредност (Брокер) во Комерцијална банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за работа со хартии од вредност (брокер);
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (огласот е објавен на 13.08.2018 година). Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

Лице за контакт: Симона Белимова тел: 3-168-470

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange