Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Специјалист за грижа на корисници.

Специјалист за грижа на корисници

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна услуга за корисници во подружница и/или контакт центар
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Постапување по потреби на корисници
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници

Профил на кандидат:

  • Универзитетска диплома
  • Релевантно искуство од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа во две смени во работно време 08.00-20.00, понеделник-сабота

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Компании

Оглас за вработување во Сава Осигурување а.д. Скопје

Објавено

на

САВА осигурување а.д. Скопје ви нуди единствена можност да станете дел од продажниот тим, независно од вашето претходно искуство и  за таа цел објавува

ОГЛАС ЗА АГЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА (2 извршители) (more…)

Продолжи со читање

Компании

Кроациа Осигурување АД вработува!

Објавено

на

Поради зголемен обем на работење и со цел да ангажирање на квалитетни професионалци кој ќе добијат шанса за докажување преку работа, да напредуваат во својата кариера Кроациа Осигурување АД распиша

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
КООРДИНАТОРИ ЗА УПРАВУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ЗАСТАПНИЧКА МРЕЖА
за регион Струга – Охрид, Велес, Струмица, Куманово и Битола (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности вработува службеници за односи со клиенти во експозитурата на Штедилницата во Велес–1 (еден) службеник. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange