Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Службата за човечки ресурси за потребите на Секторот за Организација и ИТ, Служба за ИТ и Help desk , објавува оглас за ангажирање еден (1) извршител на работното место Администратор на бази на податоци.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование од областа на компјутерски науки и технологии,
  • Најмалку 3 (три) години активно работно искуство во SQL Server 2008+,
  • Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
  • Одлично познавање на англиски јазик,

 

Дополнителни услови кои кандидатите треба да ги исполнуваат:

Искуство со

  • SQL Server reporting services (SSRS)
  • SQL Server Integration Services (SSIS)
  • Database design,
  • Performance tuning,
  • Database Security,
  • Backup and Recovery procedures,
  • Database Log shipping,
  • Database Mirroring.

Дизајн и имплементација на

  • Tables,
  • Views,
  • Stored procedures

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место

  •   Работливост,
  •   Личен интегритет
  •   Доверливост,
  •   Способност да работи поединечно и како дел од тим
  •   Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
  • Toчност,
  • Комуникативност,
  • Креативност,
  • Добри организациски вештини,
  • Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспоставување односи со персоналот,
  • Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
  • Вештини за преговарање и разрешување на проблеми,
  • Иницијативност и способност да дава нови идеи,
  • Организациски и вештини за планирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Скопје или Битола.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: hr@stbbt.com.mk со назнака во Subject „За администратор на бази на податоци “.

Банки

Охридска банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

БИЗНИС АНАЛИТИЧАР
Локација: Охрид

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Анализа на бизнис побарувањата кои се дел од проектите;
  • Детално дефинирање на барањата/потребите;
  • Подготовка на функционални спецификации за задачите во проектите;
  • Предлагање и развивање решенија за задачите во проекти (преку внатрешен или
    надворешен развој)
  • Обезбедување на оптимална интеракција помеѓу барањата доставени од крајните
    корисници и измените што треба да се направат во апликациите;
  • Подготовка на детални технички и функционални спецификации;
  • Анализа на спецификации по однос на проекти доставени од добавувачот на софтвер;
  • Елаборирање и следење на активностите поврзани со промените (change management)
  • Подготовка на тест сценарија за апликациите и сервисите од областа на ИТ и следење на
    техничко и функционално тестирање;
  • Координација и имплементација на нови решенија;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование од областа на техничките науки, предност – информатичка
    технологија и компјутерски науки;
  • Напредно познавање на Transact SQL, MS Project;
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 годинa на иста или слична позиција;
  • Искуство во областа на бизнис анализата ќе се смета за предност;
  • Искуство во раководење со проекти ќе се смета за предност;
  • Искуство од банкарско работење ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office ;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат

Професионална биографија (CV), најдоцна до 26.10.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Бизнис Аналитичар – Охрид“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Банки

Централна Кооперативна Банка вработува!

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за следниве работни места:

 

  1. 1.     Соработник за клиентска услуга:

–       Експозитура Крива Паланка – 1 лице

–       Експозитура Тетово – 1 лице

–       Филијала Скопје – 3 лица

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–          Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          Одлични комуникациски способности;

–          Позитивен приод кон работата;

–          Висок степен на прецизност.

 

  1. 2.     Соработник за работа во благајна во Филијала Куманово – 2 лица 

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–          Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Одлични комуникациски способности;

–          Позитивен приод кон работата;

–          Висок степен на прецизност во работењето

За овие работни места предвидена е основна почетна нето плата од 18.000 денари како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 14.10.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка вработува!

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe на работна позиција возач, со следниве работни задачи:

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange