Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје објавува

ОГЛАС

за вработување на Инженер за технички прашања – Дирекција за проценки и техничка поддршка (1 работно место)

– Изработува идејни технички решенија за адаптација на деловни простории и друг имот на Банката;
– Технички решенија за одржување на имот на Банката;
– Предмер – пресметка со проценка на трошоци;
– Техничка евалуација на понуди;
– Организација на изведба на градежно – занаетчиски работи;
– Прегледува и потпишува градежна книга и завршна ситуација;
– Учество во: изготвување на комплетни технички проекти со надворешни соработници и проекти кои ги раководи Националната Банка на Грција;
– Врши координација на надворешно ангажирани соработници, изведувачи, проектанти надзор;
– Учествува во подготовка на тендерска документација и во подготовка на одлуки за реализација на проектите;
– Ја комплетира и подредува целокупната техничка документација.

Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:
– Дипломиран градежен инженер или архитект
– Со или без работно искуство
– Активно познавање на англиски јазик
– Познавање на работа со компјутери
– Возачка дозвола од Б категорија

Лични карактеристики:
– Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
– Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено
– Одлични организациски и комуникациски вештини
– Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
– Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 25.000 МКД
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Доколку сте заинтересирани, пополнете ја апликацијата на интернет страницата на Банката на следниов линк или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр.7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 19.02.2018 година.
Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Прокредит Банка

Објавено

на

За огласот се потребни следниве квалификации: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје објавува  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange