Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

Локација: Прилеп

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одлично познавање на производите на Банката и постоечките клиенти
  • Промоција на актуелните производи на Банката
  • Закажување состаноци со постојани и потенцијални клиенти
  • Собирање на податоци за создавање и ажурирање на досието на клиентот
  • Подготовка на понуди согласно палетата на продукти и услуги на Банката
  • Познавање на Тарифата и правилата за каматната политика на Банката
  • Подготвување на комерцијален предлог за клиентот
  • Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволството од користење на производите и услугите на банката
  • Подготовка на извештаи
  • Управување на различни видови на трансакции
  • Водење на заостанати наплати

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција
  • Развиени продажни вештини и техники
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Тимски играч
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 11.02.2018 год. преку полето Аплицирај веднаш со задолжителна назнака „Референт за односи со корпоративни клиенти – Прилеп“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје има потреба од Стручен соработник за одржување на софтверски решенија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

Стручен соработник за одржување на софтверски решенија, Дирекција за развој на софтверски решенија, Сектор за организација и ИТ
(позиција во Централа – Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС, Акредитирани високообразовни институции во РМ;
  • Електротехника, информатика, математика или други несродни насоки во случај на
    соодветно работно искуство;
  • 2 години работно искуство во областа на информационата технологија, искуството со
    банкарски информациски системи се зема како предност;
  • Добро познавање на информационата технологија, Microsoft сертификати рамковно
    познавање на банкарското работење;
  • Англиски – солидно познавање, читање и пишување;
  • Познавање на основните методи и техники за програмирање и организација и
    моделирање на податоци;
  •  Напредно познавање и искуство во одредени технологии за програмирање, рамковно
    познавање на севкупниот ИС на Банката;
  •  Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови во Банката, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост.

Опис на работно место/одговорности:

  • Решавање на конкретни задачи кои се однесуваат на одржување и мониторинг на
    постоечките решенија;
  • Основна цел е креирање на софтверски решенија кои ги исполнуваат барањата на
    корисниците во договорените рокови, односно правилно функционирање на постоечките апликативни решенија и решавање на евентуални проблеми во работењето без нарушување на бизнис процесите;
  • Ги анализира барањата за промени во апликацијата и ги обезбедува потребните влезни
    податоци;
  • Им помага на корисниците во совладување на оперативни информатички проблеми (како второ ниво на поддршка после ИТ хелп деск);
  • Активно учествува во изработка на плановите за развој на барањата за промена на
    апликативните решенија (CR Мanagement);
  • Го спроведува развојот на барањата за прилагодување на функционалностите во
    апликативните решенија (CR,MZ,SIR), и следење на нивната реализација во рамки на
    информациониот систем;
  • Одржување на софтвер: следење на работата и мониторинг на системот, промени во
    софтверот согласно дефинираните стандарди, потреби и утврдени недостатоци, фабричко тестирање и корекција на грешки откриени во текот на фабричкото или корисничкото тестирање;
  • Спроведување на процеси и процедури поврзани со процесот на тестирање на развиените софтверски решенија;
  • Изработка на концептот и сценарија за тестирање, организација, координација и
    реализација на тестирањата;
  • Активно истражува и предлага примена на нови технологии / решенија во својот домен на работа, учествува во планирањето и изработката на стандардите за програмирање;
  • Ги анализира постоечките процеси од доменот на сопствената одговорност и дава предлози за редизајн / оптимизација на процесите и апликациите во соработка со сопствениците на процесите.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата 40.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 27.06.2018 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка вработува IT Security Engineer (Инженер за информатичка сигурност)

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Доколку се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, сте амбициозни и посветени индивидуи кои што сакаат да се надоградуваат во повеќе области, аплицирајте за Советник за продажба. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange