Connect with us

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за економија

Објавено

на

Влада на Република Македонија МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
во соработка со
ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТ БРИСЕЛ
ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА
ДИРЕКТОР НА ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТОТ, БРИСЕЛ, КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) е модерен и сеопфатен регионален договор за слободна трговија, создаден како составен дел на агендата за предпристапување.

Тој обезбедува силна правна основа за формулирање на политиките и примена на клучните области поврзани со трговија и инвестиции. Успешното спроведување на договорот во тек со целосна либерализација на трговијата со стоки значително придонесе за создавање на зона на слободна трговија во Југоисточна Европа. ЦЕФТА Страните се соглаеија на амбициозна агенда за натамошен придонес на економскиот раст.

Секретаријатот на ЦЕФТА 2006 е основан во Брисел, Белгија, во септември 2008 година, во согласност со член 40.2 од Договорот. Целокупната улога на Секретаријатот е да обезбеди техничка и административна поддршка на Мешовитиот комитет, претседавачот со ЦЕФТА и секое тело основано од страна на Мешовитиот комитет.

Посебно назначената Комисија за избор сега бара аплицирање за позицијата директор.

Детален опис на работното место и образецот за апликација се достапни на: http://cefta.int/contact/vacancy/

Соодветните апликанти ги вклучуваат државните/јавните службеници од државната администрација и персонал од меѓународните организации, приватниот сектор и граѓанското општество. На успешниот кандидат ќе се понуди конкурентен договор од ЦЕФТА Секретаријатот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо и пополнет образец за апликација (двете на англиски јазик) на: http://cefta.int/contact/vacancy/

Крајниот рок за прием на апликациите е петок 10 февруари (на полноќ) 2017 година. Само кандидатите од потесната листа ќе бидат контактирани за интервју. Министерството за економија известува дека текстот на македонски јазик заради запознавање на заинтересираните апликанти со содржината на огласот, описот на работното место и формуларот за апликација се достапни на веб страната на министерството за економија:

Краен рок за пријавување: 10.02.2017 година

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за внатрешни работи

Објавено

на

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за внатрешни работи и Законот за полиција распишува јавен оглас за вработување на 652 извршители.

 

Практично, станува збор за два огласи за вработување на 600 извршители на работно место „Полицаец“ и 52 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 240 кредити од соодветната обалст која се бара.

Поконкеретно, во однос на огласот за прием на полициски службеници, предвидено е најголемиот дел од нив да бидат распоредени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 435 извршители; потоа во ПСОН Битола 20 извршители; во ПСОН Ресен 5 извршители; во ПСОН Охрид 20 извршители; во ПСОН Струга 15 извршители; во ПСОН Дебар 15 извршители; во ПСОН Тетово 5 извршители; во ПСОН Гостивар 5 извршители; во ПСОН Велес 20 извршители; во ПСОН Куманово 20 извршители; во ПСОН Штип 5 извршители; во Струмица 10 и во Гевгелија 25 извршители.

Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука, а по завршување на основната обука ќе склучат договори за вработување.

Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Р. Македонија; да се полнолетни, а да не наполниле 25 години ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користат македонскиот јазик; со безбедносна проверка да се утврди дека не постои безбедносен ризик од нивно вработување; да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Во однос на посебните услови се бара висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и висока лична физичка подготвеност.

Заинтересираните кандидати при конкурирањето во оригинал или копија заверена на нотар треба да достават извод од матична книга на родените, -диплома за завршено четиригодишно средно образование; доказ дека со правосилна пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Пријавата со потребната документација, кандидатите се должни да ја поднесат ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа: на подрачјето на СВР Скопје во Полициските станици од општа надлежност-Гази Баба, Бит Пазар и Карпош или во просториите на останатите сектори за внатрешни работи. При поднесување на пријавата лицето треба да го наведе бројот на работно место за кое конкурира. Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази:

  • Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
  • Проверка на моторички способности (за мажи 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило и за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
  • Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности)
  • Писмено тестирање (општообразовен тест и изработка на есеј),
  • Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
  • Безбедносна проверка и
  • Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

Министерството ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходна дадена на писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот.

При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас. По завршување на основната обука, МВР со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување.

Во однос на вториот оглас за вработување на 52 лица во Министерството, се бараат шест лица во кабинетот на министерот од кои 3 дипломирани правници и три дипломирани економисти, потоа три извршители со завршен Филолошки факултет – Катедра за англиски јазик и книжевност, насока-преведувачка во СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА. Во СЕКТОР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР два извршители со завршен Правен факултет – студии по новинарство или студии по односи со јавност, во ОДДЕЛ ЗА ИНФОРМАТИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ осум извршители, од кои 4 со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција и 4 извршители со завршено високо образование, Електротехнички факултет од областа на телекомуникации и електроника.

Се предвидуваат места за четири извршители и во СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – СКОПЈЕ од кои 2 со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција и по еден дипломиран правник и дипломиран економист. Во останатите Сектори се предвидени места за 7 извршители со завршено високо образование – Правен факултет и 7 извршители со завршено високо образование – Економски факултет.

Заинтересираните кандидати исто така треба да бидат државјани на Р. Македонија, полнолетни, активно да го користи македонскиот јазик, да се здравствено и психофизички способни и со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување.
Во однос на посебните услови треба да имаат познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност), за кандидатите кои ќе аплицираат за работните места во точка II, поседувањето на сертификат (печат) за овластен судски преведувач ќе се смета за предност, како и познавање на работа со компјутери.

Кандидатите ќе треба да ги достават следните докази за исполнување на пропишаните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар: диплома и уверение за завршено високо образование, извод од матична книга на родените, сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и кратка биографија. Тие ќе може да ги поднесуваат документите на истите места како и кандидатите за полициски службеници

На подрачјето на град Скопје, во Бирото за јавна безбедност се врши прием и на 4 извршители со завршен Факултет за безбедност – дипломирани криминалисти, потоа уште 4 извршители со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција во ЦЕНТРАЛНИ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБИ-СЕКТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ И ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА. Во ОДДЕЛ ЗА КРИМИНАЛИСТИЧКА ТЕХНИКА -7 извршители, од кои: 2 извршители со завршен Природно математички факултет-Институт по хемија-дипломиран инженер по хемија, 2 извршители со завршен Природно математички факултет-Институт по физика-дипломиран инженер по физика, 3 извршители со завршен Машински факултет-дипломиран машински инженер – отсек моторни возила.

Овие кандидати во пријавата кандидатот е должен да ги наведе следните податоци:

  • име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, припадност на заедницата
  • последен степен на образование и стекнати дипломи, претходни степени на образование и стекнати дипломи (за кандидатите за магистратура и/или докторат), датуми на стекнување на дипломите, образовни институции кои ги издале,
  • претходно работно искуство, детален опис доколку има работно искуство, името на работодавачот, позиција, опис на работно место, должина на работен стаж, адреса на работодавачот и причини за напуштање на работното место
  • познавање на странски јазици
  • познавање на работа со компјутерски програми
  • причини за аплицирање на конкретното работно место и очекувања од работата и целите во кариерата

Во пријавата кандидатот задолжително да ја наведе позицијата на работното место за кое аплицира како и број за контакт.
Кон пријавата може да ги наведе причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата како и да приложи и други документи од негов интерес. Доколку кандидатот има претходно работно искуство или работен стаж кон пријавата може да приложи и извод од историјатот на вработувањата, издаден од Агенцијата за вработување; препораки од претходните работни места кои содржат податоци од лицето кое го препорачува; потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации, трудови и публикации; меѓународно признати сертификати за познавање на еден од шесте официјални јазици на Организацијата на Обединетите нации; потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на МТСП, а потпишана од раководно лице на институцијата во која е реализиран волонтерскиот стаж или фотокопија од волонтерска книшка и други документи од интерес.

Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството, меѓу кои одлични меѓучовечки вештини; учење и развој; комуникација; ориентираност кон странките; способност за тимска работа; организациски вештини; способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови; професионално однесување и позитивен однос кон работата.

Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази: административна селекција; писмено тестирање (стручен тест); психолошко тестирање; интервју; безбедносна проверка и здравствени прегледи. Селекцијата ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.

По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места.

Кандидатите кои ќе достават пријави со потребна документација за работните места на подрачјето на град Скопје се должни да ги достават лично до архивата на МВР на ул.„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје или по пошта со назнака до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси, секој работен ден во текот на работното време, односно од 08,30 до 16,30.

Кандидатите кои ќе достават пријави со потребна документација за работните места во подрачните организациски единици, се должни да ги достават лично до архивата во Секторите за внатрешни работи (Битола, Штип, Велес, Куманово, Тетово, Охрид и Струмица).

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена од денот на објавување во дневните печатени медиуми, не сметајќи го денот на објавување, во текот на работното време, додека ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Огласот е отворен до 25.07.2015 година.

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за финансии

Објавено

на

Владата на Република Македонија доби заеми од Меѓународната банка за обнова и разво – Светска банка за имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги.

Проектот има за цел да ги подобри перформансите на урбаните економии и квалитетот на управувањето на општинско ниво преку обезбедување на финансиска и советодавна поддршка на повеќе селектирани општини во делот на општинското планирање и управување и обезбедување на поквалитетни комунални и општински услуги.

Со цел успешна имплементација на Проектот за подобрување на општинските услуги, Министерството за финансии има потреба од ангажман на индивидуални локални консултанти за следниве позиции:

Градежен инженер и Асистент за финансиски менаџмент

I. Основни надлежности на Градежниот инженер се:

помош на потенцијалните општини учеснички во Проектот околу идентификација на можните инвестициски проекти, советување на општините околу можните технички решенија, верификување на усогласеноста на инвестициските проекти со постоечките законски прописи на Република Македонија и правилата и политиките на Светска банка, подготовка на проектна документација и помош на службеникот зa набавки при подготовка на тендерска документација, помош при евалуација на тендерски понуди за набавка на стоки и градежни работи, контрола на спроведување на градежните работи од страна на општините, надгледување на работата на надзорот како и останати работи во надлежност на градежниот инженер дефинирани со Правилникот за управување со Проектот за подобрување на општинските услуги.

Потребни квалификации за Градежен инженер

Универзитетско образование од областа на градежништвото Најмалку пет години работно искуство на подготовка и управување со инфраструктурни проекти, градежни работи, вклучувајќи детален дизајн и супервизија; Одлично познавање на националните прописи кои се однесуваат на животната средина, општинските услуги како и познавање на Законот за јавни набавки; Одлични комуникациски способности; Активно користење на следните IT апликации (Word, Excel, Power Point, Outlook, web); Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик;

II. Основни надлежности на асистентот за финансиски менаџмент се: 

Да ја поддржува работата на системот за финансиски менаџмент (FM) на проектот кој ги вклучува следните аспекти: следење на парични текови евидентирање на сметководствените промени, буџетирање и финансиско планирање, финансиско известување и слично. Поддршка во сметководството на проектот и подготовката на различни финансиски извештаи согласно релевантните упатства и оперативни процедури на Светска банка и постојната законска регулатива за буџетските корисници во Република Македонија. Извршување на други оперативни задачи согласно барањата на директорот на проектот, вклучувајќи: ажурирање на делот за финансиски менаџмент од Оперативниот прирачник за управување со Проектот за подобрување на општинските услуги доколку се појават евентуални промени во финансиските политики и процедурите за исплата на проектот, соработка со општините вклучени во проектот со цел обезбедување информации и поддршка при нивното следење и известување за подпроектите финансирани со проектот.

Потребни квалификации за Асистент за финансиски менаџмент:

Универзитетско образование, по можност од областа на економијата, бизнис администрација, финансии, сметководство, Минимум 3 годишно релевантно професионално искуство во финансиски менаџмент; Добро познавање на владините регулативи и системи на финансиски менаџмент на централно ниво. Компјутерски вештини (Word, Excel Работно познавање на англискиот јазик (говорење и пишување); Одлични комуникациски и социјални способности; Претходна неосудуваност/чисто полициско досие;

Лицата за наведените позиции на консултанти ќе бидат избрани во согласност со изданието “Насоки: Селекција и вработување на консултанти заемопримачи на Светската банка” објавено од страна на Светската банка во јануари 2011 година. ревидирано во јули 2014 година.

Заинтересираните консултанти кои ги исполнуваат условите можат да добијат повеќе информации на долунаведената адреса во текот на работ 08:30 до 16:30 часот, секој работен ден од понеделник до петок. Заинтересираните консултанти се покануваат да ги достават своите работни биографии на англиски јазик пo електроиски патво форма на word формат, или во писмена форма, која покрај се треба да содржи преглед кој ja потврдува нивната квалификуваност за исполнување на квалификации. (во апликацијата задолжително треба да се наведе позицијата за која се аплицира). Изразениот интерес, со работната биографија и сите други релевантни документи во прилог. треба да бидат доставени на долунаведената адресја до 26 март 2015 година, до 16:00 часот на следнава адреса. Министерство за финансии Даме Груев, 12 1000 Скопје Република Македонија email: aleksandar.najdovski@finance.gov.mk

Огласот е отворен до: 26.03.2015 година.

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

Оглас за вработување во министерство за економија

Објавено

на

Агенцијата за администрација објавува Јавен Оглас број – 254/2014 за вработување на 2 државни службеници во Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат за следните работни места:

 

1. Самостоен референт за стручно административни работи, Одделение за инспекциски надзор Струга со градот Дебар, Сектор за инспекциски надзор и други работи – 1 работно место;
– Више или Средно образование (VI или IV);
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката;
– комуникациски способности;
– способност за тимска работа;
– способност за работа под притисок;
– безбедносен сертификат;

Плата: 15.663,00

Работни часови неделно: 40;

Работно време од 08:30 до 16:30;

Работни денови: од понеделник до петок

2. Помлад соработник за административни работи, Одделение за инспекциски надзор Гостивар со градовите Кичево и Македонски брод – 1 работно место;

– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Општествени или техничко-технолошки науки;
– без работно искуство;
– комуникациски способности;
– способност за тимска работа;
– способност за работа под притисок;
– безбедносен сертификат;

Плата: 20.961,00

Работни часови неделно: 40;

Работно време од 08:30 до 16:30;

Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 254/2014) или во електронска форма на следниот линк.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот.

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 и на следниот линк.

Краен рок за пријавување: 23.11.2014 година

Повеќе
Реклама here code

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Објавено

на

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈA
oбјавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 10 државни службеници во Министерство за економија за следните работни места:

 

1. Раководител на сектор за управување со човечки ресурси

– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Општествени науки или хуманистички науки
– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката, од кои 2 (две) години во државната служба
– познавање на англиски, француски или германски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– раководни способности
– комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа
– способност за решавање конфликти

Основната плата изнесува 34.474,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

2. Раководител на сектор за координација на активностите на министерот

– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Општествени науки или хуманистички науки
– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката, од кои 2 (две) години во државната служба
– познавање на англиски, француски или германски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– раководни способности
– комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа
– способност за решавање конфликти

Основната плата изнесува 34.474,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

3. Раководител на сектор за информатичка и комуникациска технологија
– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Природно математички факултет, Електро-технички факултет, Факултет за информатички и комуникациски технологии
– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката, од кои 2 (две) години во државната служба
– познавање на англиски, француски или германски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– раководни способности
– комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа
– способност за решавање конфликти

Основната плата изнесува 34.474,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

4. Раководител на одделение за стратешко планирање

– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Економски факултет, Правен факултет, Бизнис Администрација
– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката, од кои 1 (една) година во државната служба
– познавање на англиски, француски или германски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– раководни способности
– комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа
– способност за решавање конфликти

Основната плата изнесува 27.201,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

5.Раководител на одделение за инвестициони проекти во енергетиката, Сектор за енергетика

– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Економски факултет, Правен факултет, Електро-технички факултет
– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката, од кои 1 (една) година во државната служба
– познавање на англиски, француски или германски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– раководни способности
– комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа
– способност за решавање конфликти

Основната плата изнесува 27.201,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

6.Советник за инвестициони проекти во енергетиката,Одделение за инвестициони проекти во енергетиката, Сектор за енергетика

– Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС – Економски факултет, Правен факултет, Електро-технички факултет
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
– познавање на англиски, француски или германски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа

Основната плата изнесува 24.049,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

7. Помлад соработник за внатрешна ревизија, Одделение за внатрешна ревизија

– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Економски факултет, Правен факултет, Бизнис Администрација
– без работно искуство
– познавање на англиски, француски или германски јазик
– лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
– способност за тимска работа

Основната плата изнесува 20.170,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

8.Помлад референт за административни работи, Одделение за енергетска ефикасност и обновливи извори, Сектор за енергетика

– Више или средно образование (VI или VII)
– без работно искуство
– комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
– способност за тимска работа

Основната плата изнесува 12.655,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

9. Помлад референт за административни работи, Одделение за слободно движење на стоки, Сектор за внатрешен пазар

– Више или средно образование (VI или VII)
– без работно искуство
– комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
– способност за тимска работа

Основната плата изнесува 12.655,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

10. Помлад референт за административни работи, Одделение за експлоатација на минерални суровини, Сектор за минерални суровини

– Више или средно образование (VI или VII)
– без работно искуство
– комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
– способност за тимска работа

Основната плата изнесува 12.655,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за економија заинтересираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот, не сметајќи го денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 195/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот.

Краен рок за пријавување: 02.11.2014 година.

Повеќе
Реклама here code

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Објавено

на

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈA
oбјавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 државен службеник во Министерство за труд и социјална политика за следното работно место:

 

1. Раководител на одделение за Внатрешна ревизија

– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Економски факултет
– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката, од кои 3 (три) години во областа на внатрешната или надворешната ревизија и 1 (една) година во државната служба
– познавање на англиски јазик
-познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
– да поминал обука и положил испит за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор според Програма за полагање на испит за овластен внатрешен ревизор или да поседува меѓународно признат ревизорски сертификат

Основната плата изнесува 27.201,00 денари. Неделното работно време изнесува 40 работни часови со работно време од 8:30 – 16:30 од понеделник до петок.

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за труд и социјална политика заинтересираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот, не сметајќи го денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 195/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот.

Краен рок за пријавување: 01.11.2014 година

Повеќе
Реклама here code

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за надворешни работи

Објавено

на

Министерството за надворешни работи објавува јавен оглас со број – 2/2014 за вработување на 4 (четворица) дипломати во Министерството за надворешни работи, за следниве работни места…

1. Соработник за процесот на пристапување и проширување на ЕУ, 2 работни позиции – Одделение за процес на пристапување и проширување на ЕУ.

Услови:
– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Општествени, хуманистички или техничко-технолошки науки
– без работно искуство во струката
– активно да владее два странски јазици од кои задолжително еден од официјалните јазици на Организацијата на Обединетите Нации
– да има соодветен безбедносен сертификат *
– да не е член на орган на политичка партија на републичко ниво

2. Соработник за меѓународна политичко безбедносна соработка, 2 работни позиции – Одделение за меѓународна политичко безбедносна соработка.

Услови:
– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Општествени или хуманистички науки
– без работно искуство во струката
– активно да владее два странски јазици од кои задолжително еден од официјалните јазици на Организацијата на Обединетите Нации
– да има соодветен безбедносен сертификат *
– да не е член на орган на политичка партија на републичко ниво

Покрај горенаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерството за надворешни работи кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на дипломати, предвидени во членот 63-6 став (1) од Законот за надворешни работи. Кандидатите кои покрај јазикот што се бара во огласот познаваат и друг јазик ќе имаат предност.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот со пополнување ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ која е потребно да пристигне до писарницата на Министерството, најдоцна до 14.09.2014 година.

Пријавата може да се најде на следниот линк.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

* Поседувањето на соодветен безбедносен сертификат нема да биде елиминаторен услов во самата постапка за вработување, односно за истиот ќе се отпочне постапка за негово издавање, по службена должност за избраниот кандидат на јавниот оглас. Кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот ќе полагаат испит за проверка на знаења од делокруг на работното место и познавање англиски јазик. Информација за времето и местото на одржување на испитот и за достапноста на материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот ќе биде објавена на веб локацијата на Министерството за надворешни работи, со што ќе се смета дека сите пријавени кандидати се известени. По полагањето на испитот, со петте најуспешни кандидати за огласеното работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју.

По завршувањето на интервјуто, ќе се врши избор на кандидат. Одлуката за избор ќе се објави на веб локацијата на Министерството за надворешни работи, со што се смета дека сите кандидати се известени. Избраниот кандидат се тестира со единствен психолошки тест. Подетални информации околу испитот заинтересираните кандидати можат да најдат на веб локацијата на Министерството за надворешни работи.

Огласот е отворен до: 14.09.2014

Повеќе
Реклама here code

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за транспорт и врски

Објавено

на

Агенцијата за администрација распиша оглас за вработување на 2 државни службеници во Министерство за транспорт и врски. Се бараат државен советник за односи со јавност и виш соработник за контролни политики.

 

1. Државен советник за односи со јавност (1) извршител;
– Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС – Општествени науки
– најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои 2 (две) години во државна служба
– одлични организациски вештини
– комуникациски вештини
– аналитички способности
– способност за тимска работа
Плата: 35.443,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Виш соработник за контролни политики, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања (1) извршител;
– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Економски факултет
– најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
– комуникациски вештини
– способност за тимска работа
Плата: 22.352,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за транспорт и врски заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 116/2014) или во електронска форма преку линк на Агенцијата за администрација.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 и на линк:

Огласот е отворен до: 28.08.2014

Повеќе
Реклама here code

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange