Компании
Оглас за вработување во Мелон Солушнс

Мелон е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Мелон Групацијата е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 5.000 вработени во 11 земји.
По исклучително успешниот почеток на соработката помеѓу Мелон Солушнс Дооел и Македонски Телеком АД Скопје, во полето на телемаркетинг продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје, компанијата има зголемена потреба од:
Оператори за телефонска продажба
[реф. бр. 2017-014]
Профил на работната позиција:
– Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
– Обезбедување високо квалитет на услуга преку следење на специфични процедури за работа.
Профил на кандидатот:
– Завршено минимум средно образование;
– Основно познавање на MS Office;
– Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
– Искуство во продажба/телемаркетинг и грижа за корисници ќе се смета за предност;
– Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.
Услови:
– Скратено работно време 20 часа неделно;
– Право на бонус согласно постигнати резултати.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не изберат ниту еден кандидат.
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна 10 дена од објавувањето на огласот.
Мелон Солушнс Дооел
ул. Рузвелтова, бр.19,
1000 Скопје
Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.
Огласот е активен до: 01.12.2017 година
Компании
Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е водечко финансиско друштво во мисија да го зајакне присуството на пазарот и воедно да ја задржи улогата на иновативна, fintech компанија. Промовираме бизнис етика, нудиме know-how од вистински професионалци.
Нашите амбиции за 2019 година се предизвикувачки, а поради тоа отвораме можност за вработување на докажан и посветен Менаџер за развој на мрежа на подружници, кој е спремен да препознае прилика, да работи неуморно и да биде целосно одговорен за одделот за експанзија. Одлично организиран, ориентиран кон детали, како и спремен за работа под притисок.
Менаџер за развој на мрежа на подружници
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија.
Позицијата вклучува:
- Изготвување на стратегија за проширување мрежа на подружници согласно податоци кои ќе бидат дадени на располагање (логистика, гео-позиција, маркетинг)
- Самостојно барање на терен и избор на локации за нови подружници
- Планирање на внатрешно и надворешно уредување на подружницата (вклучително мебел, осветлување, систем за греење/ладење, рекламен материјал, инсталација и слично)
- Прибирање понуди од изведувачи и преговарање за услови
- Организација и надзор за време на изведба, како и контрола на квалитет
- Секојдневно одржување на подружници преку креирање база на соработници за разни потреби
- Често патување во други градови надвор од Скопје
- Соработка со менаџментот на секое ниво со цел утврдување потреби за нови подружници
Профил на кандидат:
- Завршено соодветно образование (Архитектонски факултет/Градежен факултет ќе се смета за предност)
- Изработка на скица и предмер пресметка за внатрешно уредување ќе се смета за предност
- Релевантно искуство од најмалку 2 години
- Искуство во проектирање и внатрешен дизајн
- Предност имаат кандидати со искуство од банки, осигурителни компании, обложувалници, казина, телекомуникациски сектор, ланци на маркети
- Преговарачки вештини
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Мотивација:
- Компетитивна фиксна плата + бонус
- Дополнителен финансиски пакет со годишни бонуси
- Лап топ, службен телефон
- Службено возило на располагање
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Компании
Оглас за вработување во МЕККЕН СКОПЈЕ

Оглас за вработување на Акаунт Менаџер во Меккен Скопје.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома
- Најмалку три години работно искуство во агенција или компанија (искуство во агенција е предност)
- Искуство во водење проекти
- Менаџирање со време, менаџирање со ресурси
- Раководење со тимови, брифирање, јасно поставување и следење рокови
- Одлични презентациски и комуникациски вештини
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за аналитичко размислување,изведување заклучоци, следење трендови
- Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
- Подготвеност за тимска работа
Нудиме можност за професионален и личен развој, работа во динамична и инспиративна средина и можност за постојано напредување.
Ако ги имате потребните квалификации и сте подготвени за нови предизвици испратете Ваше CV најдоцна до 26.02.2019 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Компании
Оглас за вработување во Порше Брокер А.Д. Скопје

-
Кредитипред 3 недели
Остварете ги СИТЕ Ваши потреби, со ЕДЕН избор – MoneyMAX онлајн кредити
-
Анализипред 3 недели
НОВ БАНКАРСКИ РЕКОРД: Стопанска банка ја надмина магичната граница од 50 милиони евра профит?!
-
Кредитипред 2 месеци
Новогодишно изненадување – ТИГО НАГРАДУВА!
-
Лични финансиипред 2 месеци
10 добро платени работни места со скратено работно време
-
Криптовалутипред 2 месеци
JPMorgan издаде “драматично” предупредување за Биткоин
-
Криптовалутипред 2 месеци
„Facebook“ развива својa криптовалута
-
Анализипред 2 месеци
Во војната помеѓу банките и онлајн кредиторите, ќе победат податоците!
-
Останатопред 2 месеци
Еврото слави годишнина – 20 години постоење!