Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Македонски телеком

Објавено

на

Македонски телеком за својата служба за сајбер безбедност и заштита на податоци / Сектор за ИТ / Област на Главниот директор за техника и ИТ, објавува

ОГЛАС

за вработување на Виши Соработник за NT/IT безбедност

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
– Високо или Вишо образование , Технички факултет – Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет – Институт за Информатика или друг технички факултет
– 1-3 години соодветно работно искуство
– Напредно познавање на безбедносни и мрежни технологии
– Искуство со мрежни системи, firewall, ACL, NAT, VPN, proxy
– Искуство со администрација на оперативни системи и бази на податоци
– Искуство со безбедносни евалуации на апликации ќе се смета за предност
– Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
– Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура која ќе овозможи сигурно и непрекинато функционирање на сите ИТ и НТ системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/ информации
– Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура и процеси која ќе овозможи имплементација на политиките за безбедност на DT, MT и компанијата, како и усогласеност со локалната законска регулатива
– Да го контролира оперирањето, одржувањето, надградбата, и конфигурацијата на безбедносната опрема и имплементацијата на барањата согласно со корпоративните безбедносни политики
– Учествува во имплементација на сигурност базирана на проценка на ризикот, преку редовно изведување проценки на ризик во ИТ апликациите и проектите

Способности и вештини:
Одлични организациски и комуникациски способности, контрола на процеси, аналитички способности и способност за решавање на проблеми, самодоверба, одлични вештини за пишување на извештаи, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за – Виши Соработник за NT/IT безбедност

Огласот е објавен на ден 28.02.2018 година и ќе трае до 08.03.2018 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 3242-602

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00,

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 28.109,00 денари.

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Компании

Нов Зеланд: помалку работни денови за поголема продуктивност

Објавено

на

Компанијата од Нов Зеланд, која во март ја намали работната недела на четири дена, постигна необичен успех. Дури 78 отсто од вработените сметаат дека успеале да постигнат рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот, што претставува зголемување за 24 процентни поени.

240 вработени во „Перпетуал Гардијан“, компанија која управува со фондови и планирање на недвижнини, ја тестираа четиридневната работна недела во текот на март и април, работејќи четири дена по осум часа, но добивале плата за пет.

Џерод Хар, професор за управување со човечки ресурси на Технолошкиот универзитет во Окленд, откри дека задоволството од работата и животот се зголемило на сите нивоа во домот и на работното место, при што вработените подобро ги извршувале своите работни места и уживале повеќе отколку пред експериментот.

Во ноември минатата година нешто повеќе од половината (54%) од персоналот сметале дека можат ефикасно да ги балансираат своите работни и домашни обврски, додека по тестирањето овој број се искачил на 78%.

Продолжи со читање

Компании

“Swatch” со рекордни приходи во првата половина од 2018 година

Објавено

на

Швајцарскиот гигант за часовници објави рекордни приходи во првата половина од годината.

“Swatch” е препознатлив по своите пластични часовници со енергични бои, но исто така поседува и неколку луксузни брендови, вклучувајќи ги и “Breguet” и “Omega”.

Компанијата бележеше пад во продажбата годините наназад бидејќи купувачите од целиот свет се ориентираа кон паметните телефони и паметните часовници.

Ситуацијата сега е обратна поради високата побарувачка за часовници во Азија и Северна Америка. Нето продажбата се зголеми за 14,7 % и изнесуваше 4,27 милијарди франци.

Нето добивката се зголеми за 66,5 % на 468 милиони франци, а оперативната добивка се зголеми за 69,5 % и изнесува 629 милиони франци.

Компанијата додаде дека очекува дополнителен раст на продажбата во втората половина од годината.

Продолжи со читање

Компании

Amazon заработи 2 милијарди долари за 36 часа!

Објавено

на

Неодамна пишувавме како сопственикот на Amazon Џеф Безос е најбогатиот човек на модерното општество. Имено тој го надмина богатството на Бил Гејтс.

Иако започна со недостапен сајт и краш на платформата, Prime Day на Amazon сепак беше успех.

Најголемата онлајн продавница за еден и пол ден успеа да продаде 100 милиони производи. Можеби и паѓањето на вебсајтот беше најдобар показател за оптоварувањето на платформата.

Дел од производите кои беа на продажба, пример Amazon Echo поставија рекорди за најмногу продадени уреди во еден ден.

Компанијaта во период од овие 36 часа најверојатно заработи помеѓу 1,5 и 2 милијарди долари за време на промоцискиот Prime Day , имајќи предвид дека купувачите од целиот свет купија повеќе од 100 милиони производи.

Овие бројки се само претпоставка со оглед на тоа дека вкупната продажба во овие 36 часа беше 3,5 милијарди.

Најпродавани беа уредите на Amazon за гледање телевизија, Fire TV Stick со далечинскиот управувач Alexa Voice Remote, како и паметните звучници Echo Dot.

Ова предизвика акциите на компанијата да скокнат за околу 0,5 % во почетокот на тргувањето на Волстрит, на рекордно високо ниво од 1,858.88 долари, според „Ројтерс“.

 Годинашниот Prime Day почна на 16 јули и траеше 36 часа.

Од Amazon изјавија дека имаат продадено повеќе од еден милион паметни домашни апарати во САД.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange