Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Алкалоид

Објавено

на

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ… 

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.

А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е

го објавува следното слободно работно место:

1. ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации
1.1. Специјалист за социјални медиуми – 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини:

– Задолжително е работно искуство од минимум 2 години во маркетинг агенција или во агенција за дигитални комуникации
– ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг/Е-бизнис
– Одлично познавање на работата во пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point).
– Одлично познавање англиски јазик.
– Ефективни copywriting способности за дигитални медиуми.
– Одлично познавање на интернет-маркетингот и на социјалните мрежи
– Креативност, проактивност
– Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини
– Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови

Цел и одговорност на работното место:

– Водење на брендовите на социјалните медиуми
– Креирање стратегии за социјални медиуми за брендовите
– Изработка на комуникациски планови за брендовите
– Следење и анализа на дигиталниот пазар/социјалните медиуми
– Менаџирање на онлајн-заедниците и на репутацијата на брендовите
– Креирање, следење и оптимизирање на кампањите за брендовите преку социјалните медиуми
– Управување со веб-страниците на брендовите
– Следење на најновите трендови и нивна имплементација во секојдневното работење

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.000 МКД до 35.000 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

career@alkaloid.com.mk

со назнака: „За оглас – 1.1. Специјалист за социјални медиуми“.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.

Компании

Google е казнет од Европа

Објавено

на

Европската комисија одлучи дека Google со Android ја злоупотребува доминантната положба која ја имаат на пазарот. Казната изнесува 4,3 милијарди долари.

Додавањето на задолжителни апликации во оперативниот систем е само една од причините за казна, а компанијата е казнета за 3 лоши практики:

  • Преинсталирање на софтвер за да овозможи пристап до друг софтвер, во случајот Google Play. Дополнително, Google на дел од производителите (Samsung, Huawei и LG) им поставил ултиматум: „Или ќе инсталираат Chrome и Google Search или нема пристап до Google Play“.
  • Компанијата е обвинета и дека на некои од поголемите производители и големи мобилни мрежи им налагала да не користат ниту еден друг пребарувач.
  • Компаниите кои не сакале да ги користат апликациите на Google не смееле да користат никаква верзија на Android.

Google ја искористил доминацијата на Android за да ја цементира својата доминација во пребарувањето, вели Европската комесарка Маргарет Вестагер.

Аналитичарите сметаат дека иако одлуката е правилна, за жал доаѓа предоцна. Google веќе има доминација на пазарот, и нема изгледи да се појави некој кој би можел да им конкурира.

Продолжи со читање

Компании

Amazon го купува PillPack за 1 милијарда долари во кеш

Објавено

на

Amazon склучи договор за спојување со онлајн аптеката PillPack на крајот на јуни, а повеќето од нив се фокусирани на тоа што ова значи и за фармацевтската индустрија и за малопродажбата.

PillPack и Walmart со месеци разговараа за аквизиција за помалку од 1 милијарда долари, но Walmart како да се колебаше за да направи конечна понуда, па го одолговлекуваше тоа. Кога CNBC го објави договорот на почетокот од април, Amazon настапи со понуда за околу 1 милијарда долари во готовина.

PillPack, собираше финансиски средства претходно во текот на годината, за да можеда помине во следната фаза на раст, додека пак почна да бара купувач.

PillPack одби да коментира на сето ова.

PillPack има лиценца за работа во сите 50 држави во САД и има други акредитации како URAC и VIPPS.Она што Амазон се стреми во периодов, е да добие фармацевтски лиценци во 49 американски држави, со исклучок на Хаваите.

PillPack, кој уредно пакува и испорачува лекови низ целата земја, исто така има договор со пошта со Express Scripts, кој управува со лекови на рецептa во име на осигурениците и е најголемиот менаџер на САД за фармацевтски бенефиции.

Договорот на PillPack е потенцијална закана за аптеките и трговците на мало кои се движат од CVS до Walmart.

Амазон со месеци се подготвува за преселба во фармацевтската индустрија, преку разговори со експерти за снабдување со лекови. Но, потегот да се купи PillPack го става Амазон и нејзиното партнерство да ја нарушат здравствената заштита со Џ. П. Морган и Беркшир Хатавеј. Главниот извршен директор на таа групација, Атул Гаванде, веќе јасно стави до знаење дека влогот ќе има за цел да посредува со фокус на иновативната нова технологија.

,,PillPack прави поедноставно за секој клиент – да го земе вистинскиот лек, во вистинско време и да се чувствува поздраво. Заедно со Амазон, ние сакаме да продолжиме да работиме со партнери во здравствената индустрија за да им помогнеме на луѓето низ цела Америка, кои можат да имаат корист од подобро аптекарско искуство”. –  вели TJ Паркер, ко-основач и извршен директор на PillPack.

Продолжи со читање

Компании

Audi и Huawei ќе работат заедно на технологија за поврзување за автомобили

Објавено

на

Откако најави дека ќе предложи автомобили со Android и ќе работи со Nvidia по вештачка интелигенција за автомобили, Audi потпиша договор со уште еден партнер – Huawei. Кинеската компанија е трет по големина производител на паметни телефони и комуникациски технологии по Apple и Samsung. Со помош на Huawei, Audi ќе развие интелигентна технологија за автомобили, вклучувајќи за автономни системи и поврзани услуги, користејќи go новиот стандард LTE-V за автомобили.

Интелигентното поврзување на возилата овозможува важни информации да се делат со околината. За да се постигне ова, на автомобилите им треба висококвалитетна и стабилна конекција, а проширувањето на овој вид на комуникација бара интензивно истражување и развој.

„Ние имаме намера и понатаму да се зајакнува стратешката соработка во областа на интелигентно поврзување на возилата со компанијата Huawei“, вели Сад Мец, потпретседател на кинескиот оддел на Audi, и додава: „Нашата цел е да се подобри безбедноста и да се оптимизира сообраќајот, за да можеме да креираме интелигентни градови. Овој концепт првично ќе биде фокусиран само на Кина”.

Компаниите Audi и Huawei се надеваат дека нивната соработка уште повеќе ќе го забрза развојот на технологијата за автономно возење и развојот на се поголем број на дигитални услуги. Двете компании се согласиле да развиваат и тренинг програми за подобрување на вештините на технолошките експерти во двете области.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange