Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за следниве работни места:

1. Соработници за клиентска услуга:

Филијала Скопје – 3 лица
Филијала Куманово – 1 лице
Експозитура Пробиштип – 1 лице

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е солидна почетна нето плата како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

– Најмалку високо образование од областа на економските науки;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

– Одлични комуникациски способности;

– Позитивен приод кон работата;

– Висок степен на прецизност.

2. Соработници за работа во благајна во Филијала Скопје – 2 лицa

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

– Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

– Одлични комуникациски способности;

– Позитивен приод кон работата;

– Висок степен на прецизност во работењето.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk .

Огласот ќе биде активен заклучно со 28.02.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

Стручен соработник за одржување на софтверски решенија, Дирекција за развој на софтверски решенија, Сектор за организација и ИТ (позиција во Централа – Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци).

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– ВСС, Акредитирани високообразовни институции во РМ;
– Електротехника, информатика, математика или други несродни насоки во случај на
соодветно работно искуство,
– 2 години работно искуство во областа на информационата технологија, искуството со
банкарски информациски системи се зема како предност;
– Добро познавање на информационата технологија, Microsoft сертификати рамковно
познавање на банкарското работење;
– Англиски – солидно познавање, читање и пишување;
– Познавање на основните методи и техники за програмирање и организација и
моделирање на податоци
– Напредно познавање и искуство во одредени технологии за програмирање, рамковно
познавање на севкупниот ИС на Банката
– Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони
делови во Банката, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост.

Опис на работно место/одговорности:

– Решавање на конкретни задачи кои се однесуваат на одржување и мониторинг на
постоечките решенија;
-Основна цел е креирање на софтверски решенија кои ги исполнуваат барањата на
корисниците во договорените рокови, односно правилно функционирање на постоечките
апликативни решенија и решавање на евентуални проблеми во работењето без
нарушување на бизнис процесите;
-Ги анализира барањата за промени во апликацијата и ги обезбедува потребните влезни
податоци;
– Им помага на корисниците во совладување на оперативни информатички проблеми (како
второ ниво на поддршка после ИТ хелп деск);
-Активно учествува во изработка на плановите за развој на барањата за промена на
апликативните решенија (CR Мanagement);
-Го спроведува развојот на барањата за прилагодување на функционалностите во
апликативните решенија (CR,MZ,SIR), и следење на нивната реализација во рамки на
информациониот систем;
-Одржување на софтвер: следење на работата и мониторинг на системот, промени во
софтверот согласно дефинираните стандарди, потреби и утврдени недостатоци, фабричко
тестирање и корекција на грешки откриени во текот на фабричкото или корисничкото
тестирање;
-Спроведување на процеси и процедури поврзани со процесот на тестирање на развиените
софтверски решенија;
-Изработка на концептот и сценарија за тестирање, организација, координација и
реализација на тестирањата;
-Активно истражува и предлага примена на нови технологии / решенија во својот домен на
работа, учествува во планирањето и изработката на стандардите за програмирање;
-Ги анализира постоечките процеси од доменот на сопствената одговорност и дава предлози
за редизајн / оптимизација на процесите и апликациите во соработка со сопствениците на
процесите.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата 40.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 27.06.2018 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Продолжи со читање

Банки

Оглас за избор на директор на Комерцијална Банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална Банка АД Скопје објавува Оглас за избор на Директор (Менаџер) на Филијала (лице со посебни права и одговорности) во Комерцијална Банка АД Скопје – Филијала Битола, со мандат од 2 години.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или пост дипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
  • Работно искуство од најмалку 6 години,
  • Пожелно, но не задолжително искуство од работење во банка во Р. Македонија,
  •  Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии,
  • Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
  • Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
  • Менаџерски и лидерски способности,
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

 

Работното време:  40 часа неделно од понеделник до петок.

 

Почетна основна нето плата  56.160,00 денари

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV),  мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, Ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: “Oглас за вработување во Филијала Битола”

 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

 

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

 

Огласот е објавен во АВРМ и истиот може да го побарате преку пребарувачот Google Chrome на web страната на АВРМ на следниот линк:

 

https://e-rabota.avrm.gov.mk/OglasSearch.aspx

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка објави оглас за вработување на помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население, во Филијала Струмица, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange