Connect with us

Кредити

Нов наменски потрошувачки кредит на Стопанска банка а.д. Битола со 0% каматна стапка

Објавено

на

Потрошувачките кредити се најлесниот и наједноставниот начин и покрај недостатокот на финансиски средства успешно да ги исполните своите желби. Во чекор со потребите на клиентите банките постојано воведуваат нови, иновативни продукти кои се прилагодени и на најспецифичните барања и желби на своите клиенти. Во светот на промени потребно е будно да се следат потребите на клиентите и да се нудат динамични решенија за истите. Банките постојано прават обиди да се во тек со најновите финансиски трендови и да понудат решенија во согласност со истите.

Еден од најактуелните моментални светски трендови се медицинските кредити. Со оглед на тоа дека грижата за здравјето понекогаш може да биде скапа и не секој може да си го овозможи најдоброто за себе и за своите најблиски , банките, гледајќи на овие потреби како и на сите други на клиентите, почнуваат да нудат специјални медицински кредити за разни намени кои ги покриваат медицинските трошоци.

Стопанска банка а.д. Битола како банка која константно работи на иновација на производите и истите ги насочува кон задоволување на потребите на клиентите, следејќи го светскиот тренд на медицински кредити воведе нов продукт кој е единствен од овој тип на пазарот и особено се диференцира од сите останати. Станува збор за кредит за породување со 0% каматна стапка кој се реализира во соработка со Клиничката болница Аџибадем Систина.

Покрај природата на самиот кредит, она кое особено го одвојува од сите останати продукти на пазарот е каматната стапка од 0%. Кредитот е лесно достапен бидејќи за истиот не се потребни жиранти и единствените трошоци кои ги имаат клиентите се трошокот за апликација – 200 денари и провизијата за одобрен кредит која е 0,5% од износот на кредитот. Максималниот износ кој може да се подигне е 4.000 евра, а исплатата на ратите може да се врши од 12 до 48 месечни рати, со отплата на ануитети во зависност од подигнатиот износ.

Соработката со Клиничката болница Аџибадем Систина се одвива на начин на кој средствата се префрлаат на трансакциска сметка на корисникот од каде директно се префрлаат на сметка на Клиничката болница Аџибадем Систина, согласно про-фактура на услугата.

Овој актуелен, единствен производ на Стопанска банка а.д. Битола е креиран со цел да им понуди решение на сите оние кои се подготвуваат за големиот ден и го сакаат најдоброто за себе и за своето семејство. Целта е покрај солуцијата која ја нуди, Стопанска банка а.д. Битола заедно со Вас да ја сподели радоста и да биде дел од најубавите и најемотивните моменти во Вашиот живот.

Кредити

ТТК Банка го продолжи промотивниот период на СУПЕР станбениот кредит

Објавено

на

ТТК Банка го понуди Супер станбениот кредит без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.07.2018 година и со исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање во рамките на двете актуелни понуди за овој производ. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Силк Роуд Банка го продолжи промотивниот период на кредити за физички лица

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите идни корисници на услугите на банката дека го продолжи промотивниот период на кредитните производи за физички лица до 31.12.2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за станбени кредити

Објавено

на

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за станбени кредити за физички лица до 31.07.2018 година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange