Connect with us

Кредити

Нов наменски кредит со 0% каматна стапка на Стопанска банка а.д Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д Битола го воведе и го промовираше својот нов ексклузивен производ. Станува збор за наменски потрошувачки кредит кој е единствен од овој тип на пазарот и претставува екстремно атрактивен производ со каматна стапка од 0%.

Медиплус кредитот со субвенција на камата ги покрива сите услуги од естетска хирургија во клиничката болница ,,Аџибадем Систина”, а важи и за други останати медицински услуги во болницата во максимален износ до 4 илјади евра . 
Потврдувањето на вашата убавина и водењето грижа за вашето здравје никогаш не било поедноставно.

Соработката функционира на начин на кој  средствата од кредитот  се префрлаат на трансакциска сметка на корисникот од каде директно се префрлаат  на сметка на клиничка болница „Аџибадем Систина“  согласно про-фактурата за услугата.
За сите оние кои размислувале да превземат вакви чекори  оваа единствена понуда на Стопанска банка а.д Битола во пресрет на новата година е исклучителна можност да ја започнат годината со исполнети желби.
Во зависност од подигнатиот износ на кредитот , рокот на отплата е од 12 до 48 месеци со месечна отплата на ануитети.

Со воведувањето на новиот производ Стопанска банка а.д Битола докажува дека води грижа за потребите клиентите во секоја сфера на истите и прави максимални обиди да ги исполни и најспецифичните желби на своите клиенти.

Кредити

Фотоволтаичните системи на ЕВН отсега подостапни преку ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Фотоволтаичните системи на ЕВН Македонија, дизајнирани според потребите на корисниците, стануваат подостапни за сите заинтересирани. ЕВН Македонија и Шпаркасе Банка Македонија постигнаа договор за соработка, преку кој ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија ќе може да се користи и за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Аплицирајте за IuteCredit во мрежата на Capital Net

Објавено

на

IuteCredit продолжува да биде вашиот најбрз и најкомфорен начин да стигнете до потребните парични средства. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Не труди се да одолееш на есенските радости со Стопанска Банка АД Скопје!

Објавено

на

Есента е најубавото годишно време. Завршуваат топлите денови и сите се враќаме дома од годишните одмори. Почнуваме да се спремаме за зимските денови и претстојните празници.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange