Connect with us

Осигурување

Нова услуга од Триглав Осигурување – Онлајн обнова на полиси за автомобилска одговорност

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нова услуга на пазарот, онлајн обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност. Клиентите обновата можат да ја направат на веб страната на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

Оваа услуга им овозможува на клиентите на едноставен и брз начин да направат електронска обнова на полисите за осигурување од автомобилска одговорност. Обновата клиентите можат да ја направат без разлика дали нивната претходна полиса за автомобилска одговорност била склучена во Триглав и тоа најрано 30 дена пред истекот на претходната полиса.

Преку веб страната www.triglav.mk, можност да направат електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност имаат физички и правни лица, кои имаат валидна платежна картичка на Visa, или MasterCard, пристап до валидна електронска адреса и можност за печатење на полисата.

Обновената полиса за автомобилска одговорност и условите за осигурување од автомобилска одговорност клиентот ги добива на својата електронската адреса.

Триглав Осигурување овозможува и електронска обнова на осигурувањето од ризикот кршење на стакла и тоа во случај кога овој ризик бил вклучен во постоечката полиса, издадена од Триглав Осигурување.

За регистрирање на возило, на шалтерот на МВР во станиците за технички преглед задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на договорувачот на осигурувањето.

“Развојот на осигурителната индустрија подразбира приближувањето на осигурувањето и неговите бенефити до јавноста. Тоа секако вклучува и олеснување на процесот на осигурување, затоа, убедени сме дека онлајн услугите се вистинскиот правец за исполнување на тие цели. Еден од главните фокуси во нашата развојна стратегија се клиентите и нивните потреби. Ги подобруваме постоечките производи и инвестираме во нови, иновативни производи и услуги, кои што на клиентите ќе им обезбедат дополнителна вредност, сѐ со цел да го понудиме најдоброто и од другата страна да се сретнеме со задоволни клиенти. Дигитализацијата на процесите и на каналите на комуникација секако е еден од најважните и најнеизбежните предизвици со коишто се соочуваме. Таа денес е предуслов за животниот стил и навиките, потребите и преференците на луѓето. Денес почнуваме да нудиме електронска обнова на полиси за осигурување од автоодговорност, а наскоро секако ќе понудиме и многу други дигитални решенија за нашите клиенти“ – изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Кредити

С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер Лајф

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер Лајф.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Важноста на ИКТ во осигурувањето

Објавено

на

Информациската технологија направи огромни промени во сите индустрии. Исто така, тоа и се случи и на осигурителната индустрија. Пазарот на осигурување е пазар базиран на информации. Бидејќи има многу собирање, обработка и дистрибуција на информации, информатичката технологија е потребна за да се управува со сите овие информации.

Наместо само додавање на вредност во осигурителниот сектор, технологијата и техничките иновации сега го одредуваат растот и еволуцијата на индустријата. Последните неколку години со мобилните уреди, функционалноста на GPS и ангажирањето на социјалните медиуми многу влијаат врз тоа како се обработени побарувањата за осигурување од страна на компаниите и политиките оценети од агентите за осигурување. Анализата на податоците и вредноста на легитимните интеракции на купувачи е поважна од кога било и им помогна на осигурителните компании да го зголемат профитот, а клиентите да бидат задоволни.

Технологијата, земајќи ги во предвид тековните трендови на пазарот и желбите на купувачите,е клучен разликувач кој јасно го наведува успехот и неуспехот – осигурителните компании мора да продолжат со следење и имплементирање на најсовремените технологии и постојано да ги подобруваат искуствата на крајните корисници. Ова може да се каже дека на секоја осигурителна компанија и е предизвик наметнат од конкурентските компании. За да останат во игра, компаниите мора да бидат конкурентни.

Додека ја користат технологијата како овозможувач за генерирање на раст, иднината на една компанија во голема мера зависи од тоа каков тип на технологија ќе користи и колку добро ќе ја користи. Колку технологијата е подобра и поефективна, поголем ќе биде растот на компанијата и задоволството на корисниците.

Технологијата исто така може да ја олесни продажбата правејќи ги производите на осигурителните компании подостапни за клиентите. Во денешно време клиентите бараат брза и навремена информација за производот, да можат да купат на најбрз и најлесен начин и да не чекаат долг период за да го добијат производот.

После одреден број на продажби, осигурителните компании ќе ги намалат и оперативните трошоци. Тоа значи дека ќе можат да формираат нови и подобри понуди за клиентите со што ќе станат уште поконкурентни на осигурителниот пазар.

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурување на живот е добар начин на штедење

Објавено

на

Како дебата за тоа дали инвестирањето во осигурување на живот е добра идеја или не одсекогаш постоела. Сигурно може да дојде до заклучок дека постојат повеќе причини зошто треба да го сторите тоа, наместо да не инвестирате, само ако погледнете малку околу себе.

Инвестирањето во осигурување на живот може да резултира со тоа што е една од најдобрите и најважни финансиски одлуки што можете да ги направите. Осигурувањето на живот се сведува на фактот дека тоа е чекор преземен за моментална заштита, како и грижа и заштита за во иднина. Осигурувањето на живот, како што беше споменато претходно, е мошне дискутабилна тема, но повеќето точки против тоа се базираат исклучиво на заблуди. На следнава листа, ќе ја наброиме секоја важна и убедлива причина за тоа зошто осигурувањето на живот е суштински чекор и да ги побиеме сите заблуди во процесот.

  • На прво место е безбедноста. Но не само вашата безбедност, туку и на семејството и саканите. Ова е прва и клучна аргументација, бидејќи безбедноста секогаш е најважна.
  • Планови за пензионирање. Благодарение на осигурување на живот можеме да сведочиме на случаеви каде што осигурениците се пензионирале порано или имаат поквалитетен животен стандард. Ова е од особена важност доколку живеете во држава каде што пензиите се помали од трошоците за живот.
  • Создавате планови на долг рок. Можете послободно да ги планирате подоцнежните години бидејќи имате сигурни пари на страна. Можеби и некои од своите соништа ќе можете да ги остварите.
  • Извадете осигурување на живот колку што можете порано. Колку сте помлади толку подобар пакет за осигурување на живот можете да добиете.
  • Ќе остварите ментален мир. Несомнено парите се најголема грижа на сите нас. Но, доколку знаете дека ќе имате сигурна финансиска состојба (особено во годините кога нема да можете сами да заработувате), вашиот сегашен ментален склоп ќе биде многу постабилен.
  • Можеби осигурувањето на живот во моментов ви изгледа како непотребен трошок. Можеби имате премногу трошоци во месецот и не сакате да додадете уште еден. Но запомнете дека, осигурувањето на живот, особено на долг рок, е една од најдобрите инвестиции што можете да ги направите.

На крајот од денот, сите сакаме нашите сакани да бидат обезбедени кога нас ќе не нема. Одвојте неколку часа и размислете за вашата иднина. И секако, бидете внимателни со вашите сегашни пари, за да можете да живеете удобно во иднина.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange