Connect with us

Депозити

НЛБ МЕСЕЦ НА ШТЕДЕЊЕ: Истражуваме и штедиме со Тиби и Штуки

Објавено

на

Во рамките на „НЛБ Месецот на штедење” НЛБ Банка организира акција за цртање на тема „Истражуваме и штедиме со Тиби и Штуки“. Овие активности се наменети за сите дечиња на возраст од 5 – 15 години во Република Македонија. Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да штедат, да ги споделат своите и да откријат нови идеи за штедење.

Активностите траат од 25.09.2017 до 25.10.2017

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Во „НЛБ Месецот на штедење“ можат да учествуваат сите дечиња на возраст од 5 до 15 години во Република Македонија. Секој учесник треба да нацрта цртеж на тема „Штедење“ или „Истражување“.

КАКО МОЖЕ ДА CE УЧЕСТВУВА?

Учество во “НЛБ Месецот на штедење” се остварува со доставување на цртеж на тема „Истражуваме и штедиме со Тиби и Штуки“ најдоцна до 25.10.2017 г. до НЛБ Банка на еден од следните начини:

• Прикачување на цртежот на веб страницата stedenje.nlb.mk согласно со инструкциите дадени на самата веб страница,
• Во некоја од експозитурите на НЛБ Банка или
• Преку пошта на адреса: НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, 1000 Скопје.

На сите творби, од задната страна, треба да биде означено името, презимето, датата на раѓање, училиштето во кое учи детето, адресата на живеење, и телефонски број за контакт. За учество во “НЛБ Месецот на штедење” учесниците треба да достават писмена согласност од родител/старател која треба да вклучува:

• име и презиме на родителот/старателот;
• изјава дека родителот е запознаен со правилата за учество во оваа акција;
• изричита согласност за учество на малолетникот во акцијата и
• лични податоци за учесникот (име, презиме, дата на раѓање, адреса на живеење) со вклучена согласност личните податоци на малолетникот да бидат обработувани и објавени од страна на НЛБ Банка за потребите на акцијата.

НЛБ Банка нема да ги земе предвид трудовите на учесниците во „НЛБ Месецот на штедење“ доколку:

• Пријавеното дело не е во согласност со законите и правните прописи на Република Македонија или истата е со недолична, насилна или дискриминирачка содржина;
• Пријавеното дело не е оригинално или на кој било начин ги крши авторските и други права на интелектуална сопственост од трети лица;
• Доставените податоци и согласности за учесникот се нецелосни или погрешни;
• Доставените лични податоци (име, презиме, адреса) се напишани на предната страница од цртежот.

КАКО СЕ НАГРАДУВА?

Сите дела од пријавените учесници пристигнати на еден од трите начини за доставување ќе бидат објавени на веб страната stedenje.nlb.mk, и за истите ќе може да се гласа.
За вкупно 30 цртежи со најголем број гласови собрани преку web страната http://stedenje.nlb.mk и најголем број гласови од страна на комисијата составена од реномирани македоснки уметници, НЛБ Банка доделува награда – Штедна книшка со штеден влог од 3.000 денари.

Сите награди за избраните победници ќе бидат доделени на учесниците кои ги поднеле апликациите во „НЛБ Месецот на штедење“; во присуство на негов родител/старател или на полнолетно лице ополномоштено од нивна страна со нотарски заверено полномоштво. Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на НЛБ Банка Скопје.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Добитниците на главните награди ќе бидат објавени на веб страницата http://stedenje.nlb.mk најдоцна до 30.10.2017 година и дополнително ќе бидат контактирани од страна на НЛБ Банка, за локацијата на подигнување на наградите.

 

Депозити

Соберете пред сите со Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Соберете пред сите е еден од производите на Стопанска банка а.д. Битола кој ви нуди најсоодветно решение при вложувањето на вашите средства.

Овој производ овозможува сите предности од орочувањето на вашите пари да ги почувствувате во моментот на орочување. Со оваа единствена понуда на Стопанска банка а.д. Битола каматата за орочените средства целосно ја добивате однапред, на денот на вложување на вашите пари.

Овој депозитен производ со антиципативна пресметка на каматата овозможува орочување на вашите пари во МКД/ЕУР и е поволен за сите оние кои се одлучиле да ги заштедат своите пари, воедно искористувајќи ја оваа бенефиција која ја нуди Стопанска банка а.д. Битола.

Периодот на орочување на депозитот со антиципативна пресметка на каматна стапка е 15 месеци, а минималниот задолжителен влог изнесува 6.000 денари или 100 евра.

Каматната стапка изнесува МКД 2%/ЕУР 1,5%. Истата е фиксна за целиот период на времетраење, а на годишно ниво изнесува МКД 1,6%/ ЕУР 1,2%.

Соберете пред сите е еден од најатрактивните и најбараните производи на Стопанска банка а.д. Битола кој на клиентите им овозможува да бидат чекор пред другите во процесот на штедење и вложување на своите пари.

Продолжи со читање

Депозити

Граѓаните и компаниите чуваат депозити во банките од преку 300 милијарди денари

Објавено

на

Депозитите во банките во Македонија се сигурни. Банките се ликвидни и стабилни, а граѓаните кои ги чуваат парите дома треба да ги внесат како штедни влогови затоа што така ќе оставарат одреден интерес за себе, а на банките ќе им овозможат дополнителни средства да ги пласираат онаму каде се потребни.

Ова беше порачано на денешното одбележување на Светскиот ден на штедење – 31 Октомври во Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

Граѓаните во банките во Македонија чуваат 222 милијарди денари, а компаниите 80 милијарди. 51% од депозитите се во денари.

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов постенцира дека штедењето има раст од 6% на годишна основа и дека тоа е солидно имајќи го во предвид амбиентот во кој е остварена.

Смета дека македонското население има потенцијал за повисоки стапки на штедење и се надева дека стапките ќе се вратат на она што беа пред кризата.

Го истакна трендот на зголемено штедење во денари и рече дека очекува тоа да продоложи, како и довербата во домашната валута.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, штедењето е најевтиниот извор за финансирање на домашната економија и ги охрабри банките да ги поддршат домашните компании во нивните инвестициски активности.

“Капиталот од странство е поскап, понедостапен и многу често понестабилен. Добро е што со завршување на кризата има раст на депозитите од околу 6% и очекувам во наредниот период да се остварат повисоки стапки на депозитите” – изјави Тевдовски.

Коста Митровски, претседателот на Здружението на банкарство истакна дека банкарскиот систем остварува високо ниво на стабилност и дека штедењето зазема централно место во работењето на банките.

Според него, традицијата на штедење во Македонија постои и таа банките треба да ја одржуваат со конректни производи.

Светскиот ден на штедење во Македонија се одбележува од 1999 година, а е воспсотавен во 1924 година во Милано.

Продолжи со читање

Депозити

По повод Светскиот ден на штедењето неколку успешни совети како да заштедите пари

Објавено

на

Сите сакаат да заштедат пари. Најчесто сите луѓе го бараат најбрзиот и најефикасниот начин за да дојдат до одредена заштеда. Процесот на штедење пари може да биде успешен доколку се штеди организирано и одговорно. Ова се неколку совети кои доколку ги следите и почитувате со сигурност ќе ве доведат до поставената цел.

1. Доколку одлучите да почнете со штедење треба да го поставите тоа како приоритет. Тоа значи дека на месечно ниво не треба да ги заштедите парите кои ќе ви останат (доколку останат) после покривање на сите трошоци, туку, однапред да одредите сума која што уште на почетокот ќе биде тргната на страна и ќе се обидете на секој можен начин да не ги искористите тие пари. Најлесен начин за да ги избегнете моментите на слабост кога би посегнале по овие пари е да подесите автоматско префрлање на одредена сума на пари на штедната книшка. На овој начин сумата која ќе биде одредена за штедење ќе биде “заборавена” и помала е веројатноста тие пари да бидат потрошени. 

2. Планирајте ги набавките во периодот на попусти. Многу често особено кога станува збор за набавките на прехрамбените продукти можеме да се водиме според неделните или месечните понуди на супермаркетите. Доколку почесто купувате во периодот на акции и ги планирате дури и своите оброци следствено на тоа, голема е веројатноста дека ќе заштедите некој денар. Иако можеби ви се чини дека станува збор за малку пари, сепак на месечно ниво доколку пресметате оваа тактика навистина функционира. 

3. Секогаш поставувајте си го прашањето дали она кое сакате да го купите ви е навистина потребно. Импулсивното купување многу често е причина за поголеми трошоци. Застанете за момент пред да дојдете до касата и размислете дали во моментот навистина тој производ ви е неопходен и дали истиот може да почека да биде купен понатаму.

4. Провере ги понудите на сите банки. Доколку веќе сериозно размислувате на штедењето тогаш неопходно е да погледнете на кој начин можат да ви помогнат банките. Во овој случај исто така бидете внимателни и добро разгледајте ги каматите, избегнувајте конверзија на валутите и проучете ги добро програмите на банките кои често нудат дополнителни “подароци” за вашето штедење кои подоцна во одредени случаи може да се преточат само во дополнителни трошоци. 

5. Поставете цели до кои цврсто ќе се држите и водете евиденција за секој потрошен денар. Многу често добрата организација води и до добри резултати, па така, со контролата на вашите пари ќе можете точно да утврдите каде се тие потрошени и дали некаде трошоците може да се скратат и тие пари да бидат заштедени. 

6. Обратете внимание на ситните трошоци, понекогаш тие се и најопасните. Бидете економични, исклучувајте го телевизорот кога не ви е потребен, не ги оставајте светилките запалени. 

7. Бидете трпеливи. Тоа е суштината на процесот на штедењето. Почетокот и крајот се состојат токму од трпеливоста и истрајноста. Кога веќе сте одлучиле да штедите бидете целосно посветени на истото и не очекувајте брзи резултати, бидете задоволни од вашиот прогрес низ целиот процес и верувајте дека сепак упорноста на крајот се исплати. 

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange