Connect with us

Сметки

НЛБ Банка со промотивна кампања за Overdraft – Дозволено пречекорување за поддршка на Вашиот бизнис!

Објавено

на

НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за Overdraft – Дозволено пречекорување на сметка за правни лица. Сите апликации за Overdraft – дозволено пречекорување на сметка за правни лица примени во период од 09.02.2018 до 09.03.2018 година се без провизија за одобрување за првата година на користење!

Дозволеното пречекорување овозможува одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства за Вашиот бизнис во даден момент!

Повеќе информации можете да добиете на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.

Сметки

Стопанска Банка АД – Скопје воведе надоместок за плаќање на режиски трошоци

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје од 02.01.2018 година воведе надоместок за плаќање на режиски трошоци (струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на Банката.

Овој надоместок се однесува за плаќање на сметки/фактури на физички лица корисници на овие услуги, и тоа:

  • за плаќања од трансакциска сметка на клиентот во СБ, износ од 20 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ,
  • за плаќања со готовина на шалтерите на СБ, износ од 40 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ. 

За компаниите добавувачи на вакви услуги, кои немаат отворено трансакциски сметки во Банката, при плаќањето на нивните услуги ќе се применува делот од Тарифата кој се однесува на плаќања преку КИБС и МИПС од Тарифата за население и Тарифата за правни лица

Без надомест останува плаќањето на режиските трошоци и другите услуги од специјализирани добавувачи (на трансакциски сметки на добавувачите на такви услуги отворени во Стопанска Банка АД – Скопје) преку алтернативните i-bank канали или преку траен налог.

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната

Продолжи со читање

Сметки

Охридска банка го промени начинот за пресметка на каматна стапка

Објавено

на

Како дел од мотото на “постојана транспарентност“ Охридска банка Сосиете Женерал ги информираше своите клиенти за промените кои банката ги изврши во делот на кредитните картички и пречекорувањето на трансакциска сметка.
 
Промените се однесуваат на:   
  • промена на начинот на утврдување на каматната стапка.   
  • дополнителна формулација на одредбата во Договорите за кредитни картички која се однесува на пресметка на каматата.
 
Почнувајќи од 01.07.2017 година Охридска банка Сосиете Женерал изврши промена на начинот на утврдување на каматната стапка на пречекорување на трансакциска сметка и на кредитните картички. Со оваа промена, каматата е променлива и истата е во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие:
 
зголемена за 8,00 процентни поени за MasterCardStandard и VISAClassic кредитните картички и за пречекорувањата на трансакциска сметка;
зголемена за 6,75 процентни поени за MasterCardGold и VISAGold кредитните картички;
зголемена за 5,70 процентни поени за MasterCardPlatinum кредитните картички;
 
Притоа, каматната стапка не е повисока од определената со Закон. Референтната стапка се определува за секое календарско полугодие и се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).
 
Референтната стапка НБРМ ја објавува на својата вебстраница на почетокот на секое полугодие. Со цел да излезе во пресрет на барањата на клиентите и да го објасни начинот на пресметка на камата на кредитните картички, Охридска банка Сосиете Женерал изврши дополнителна формулација на одредбата во Договорите за кредитни картички која се однесува на пресметка на каматата:   
  • На корисникот на кредитната картичка не му се пресметува камата на искористениот кредитниот лимит, ако го отплати целокупниот искористен кредитeн лимит наведен во месечниот извод најдоцна до 12-ти наредниот месец (за VISAкредитни картички), односно 15 ти наредниот месец (за MasterCardкредитни картички), за искористениот кредитен лимит во текот на претходниот месец.   
  • На искористениот, а неподмирен износ од кредитниот лимит се пресметува камата сметано од првиот ден во месецот во следниот пресметковен период. Месечните обврски се засметуваат кумулативно, при што сите неподмирени обврски од предходниот месец се засметуваат во наредниот месец
Продолжи со читање

Сметки

Комерцијална банка по четврти пат наградена од Global Finance

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)”.

 

Ова е четврто по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance.

Изборот за најдобар “FX Провајдер” на финансиските пазари во Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење на иновативни технологии.

Прогласувањето на Банката за “Најдобар FX Провајдер за Република Македонија” е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Комерцијална банка ги нуди; за понудата на финансиски инструменти; конкурентноста, како и потврда на лидерската позиција на Банката во областа на тргувањето на домашните и глобалните финансиски пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange