Connect with us

Кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредити за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 01.03.2018 до 31.05.2018 година, спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица.

Во рамки на кампањата, клиентите можат да ги искористат следните промотивни поволности:

  • Без трошоци за одобрување за ризико потрошувачките кредити и сребрениот потрошувачки кредит и 50% пониски трошоци за одобрување за останатите потрошувачки кредити ;
  • Без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка за станбените кредити;
  • Без трошоци за одобрување на автомобилските кредити и 50% пониски трошоци за одобрување за хипотекарните кредити.

Повеќе информации може да се добијат на веб страната на НЛБ Банка, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/15 – 600.

Домашни банки

Охридска банка воведува промотивни услови за станбениот кредит „3+2“ и на кеш кредитот „Лесен Кеш Кредит“

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и кеш кредитот „Лесен кеш кредит“ со кои им овозможува дополнителни поволности на своите клиенти при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.

Промотивно, до 30 април, 2019г., станбениот кредит „3+2“ е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. Па така, за станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 30 години, со вклучено кредитно животно осигурување, во првите две години каматната стапка изнесува 3,55%, а ратата би изнесувала 143 еур. Од третата до петтата година со фиксна каматна стапка од 4,55% ратата од кредитот би била повторно фиксна и би изнесувала 159 еур, додека пак од шестата година, до крајот на периодот на отплата, ратата би изнесувала 176 еур. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административнте трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување, а каматната стапка е фиксна за целиот период на траење на кредитот. Оваа понуда се однесува за сите апликации поднесени до 30 април, 2019г. На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 6,10%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.233 денари со вклучено кредитно животно осигурување, додека од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.736 денари, повторно со вклучено кредитно животно осигурување. За предвремена отплата нема провизија.

Охридска банка Сосиете Женерал со постојана посветеност и атрактивни пазарни понуди им овозможува напредно искуство на своите клиенти, како и квалитетни финансиски услуги кои совршено одговараат на нивните специфични потреби.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на веб страницата на Банката, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

Продолжи со читање

Кредити

Пензионерите во Халкбанк ќе можат да вршат отплата на кредитите до 75 години!

Објавено

на

Халкбанк ги промени карактеристиките на потрошувачкиот кредит за пензионери, во делот на старосната граница до која клиентите имаат можност да вршат отплата на рати. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 01.02.2019 година

Објавено

на

НЛБ Банка спроведува две промотивни кампањи за НЛБ Потрошувачките кредити и НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица во периодот од 1.2.2019 до 28.2.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange