Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со добивка од скоро 35 милиони евра во 2017 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2017-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката, во 2017-та година, ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

Во 2017-та година, билансната сума достигна 75.755.644 илјади МКД, односно забележа пораст од 4.112.298 илјади МКД или 5,7% во однос на 2016 година, што главно се должи на порастот на депозитите од небанкарскиот сектор, коишто остварија пораст од3.484.100 илјади МКД или 6,0% и достигнаa61.570.593 илјади МКД.

Вкупните кредити на небанкарскиот сектор се зголемија за 2.625.181 илјади МКД или за 5,7% во однос на 2016 година и изнесуваа 48.716.824 илјади МКД. Притоа, кредитите на нефинансиските друштва се зголемија за 0,5% или за 105.351 илјади МКД и изнесуваа 19.834.525 илјади МКД, додека кредитите на населението се зголемија за 9,6% или за 2.519.830 илјади МКД и изнесуваа 28.882.299 илјади МКД.

Во декември 2017 година, Банката потпиша договор за продажба на уделот во НЛБ Нов Пензиски Фонд којшто преставува 49% од вкупниот капитал на НЛБ Нов Пензиски Фонд, со што НЛБ Нов Пензиски Фонд повеќе не претставува придружено друштво на Банката и оттука направена е промена на сметководствениот третман на истото заклучно со 31.12.2017 година како Нетековно средство кое се чува за продажба.

Нето добивката на Банката за период 01.01. -31.12.2017 година изнесува 2.124.947 илјади МКД и е повисока за 34,6% во однос на 2016 година.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2017 година се повисоки за 4,8% споредено со претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,6%, додека расходите по камати се пониски за 22,9%.

Нето приходите од провизии се повисоки за 8,2%, при штоприходите од провизии се повисоки одминатата година за 6,6% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички, повисок промет преку картичките и зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки приходи од платен промет во земјата, како и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси и управување со трансакциски сметки.Расходите за провизии се повисоки за 3,2%,главно поради повисоки расходи за провизии за меѓубанкарско порамнување од картично работење, соодветно на зголемениот промет со картичките.

Останатите некаматни приходиизнесуваат 502.481 илјади МКД и се повисоки за 67,3% во однос на истиот периодод минатата година поради ослободување на резервации за правен ризик.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.384.821 илјади МКД и се повисоки за 10,4% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.807.352 илјади МКД и се пониски за 3,2% во однос на претходната година.Трошоците за вработени сеповисоки за 1,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 12,9%,додека останатите расходи од дејност се пониски за 10,0% во однос на претходната година главно поради повисока споредбена основа. Во текот на 2016 година беа издвоени резервации за правен ризик кои во текот на 2017 година се ослободени по добиена конечна позитивна пресуда.

Во 2017 година беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа,во износ од 468.571 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Исправките на вредност на нефинансиските средства изнесуваат221.733 илјади МКД (ослободување) и се понискиво однос на 2016 годинапоради ослободување на ревалоризациска резерва по основ на продажба на преземени средства од ненаплативи побарувања.

Во декември 2017 година, Банката склучи спогодба со осигурителната компанија за надоместна 80% од утврдената висина на штетата од реализиран штетен настан од април 2017 година,кој износ беше наплатен во јануари 2018 година.Преостанатиот дел од штетата,во износод 35.241 илјади МКД,Банката го евидентираше како трошок во Билансот на успех заклучно со 31.12.2017 година на позицијата останати расходи од дејноста.

Домашни банки

Компаниите имаат поголеми заштеди од граѓаните

Објавено

на

Според Народна Банка на Република Македонија, во мај, кај вкупните депозити е забележано месечно зголемување од 1,9%, при што во услови на депозитен раст кај двата сектора, месечната промена во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, овој месец се забележува засилување на депозитниот раст на годишна основа со стапка од 9,8% (највисока годишна стапка на раст од јануари 2015 година наваму), со најизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Во мај вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат нагорна месечна
и годишна промена од 3,8% и 9,3%, соодветно. Притоа, придонесот кон месечниот
раст главно е распределен помеѓу краткорочните депозити во странска валута и во
денари и депозитните пари, додека годишниот раст во најголем дел произлегува од
депозитните пари, а во помал дел и од краткорочните девизни депозити, коишто
заедно сочинуваат 93,3% од растот

Во мај, кај вкупните депозити на граѓаните е евидентиран месечен раст од
0,6%, главно поради зголемените девизни депозити. Годишниот раст изнесува
8,9% и е распределен помеѓу депозитите во денари и во странска валута коишто
имаат речиси еднаков придонес кон растот.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити

Објавено

на

Народна Банка на Република Македонија, денес излезе со официјален извештај за кредитната способност, но и задолжувањата на граѓаните и банките во месец мај 2018 година.

Кај вкупните кредити во мај е евидентиран месечен раст од 1,2%, што се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора коишто имаат речиси подеднакво учество во месечната промена. Годишниот кредитен раст изнесува 6,3% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“ (придонес кон растот од 72,6%).

Кредитите на корпоративниот сектор во мај забележаа зголемување на месечна и годишна основа од 1,1% и 3,2%, соодветно. Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголемо учество во месечниот раст, а на годишна основа растот во целост произлегува од денарските кредити, при намалено кредитирање во странска валута.

Вкупните кредити на домаќинствата на месечна и годишна основа се зголемени за 1,3% и 9,6%, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст на кредитната активност во најголем дел се должат на растот на кредитите одобрени во денари (98,3% и 91,3%, соодветно).

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3% и 1,1%, соодветно, при годишен раст од 11,0% и 15,0%, соодветно. Кај автомобилските кредити, втор месец по ред, е забележано месечно намалување од 0,7%, додека на годишно ниво е остварен раст од 2,0%. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат нагорна месечна промена од 0,2%, во услови на годишен пад од 0,7%. Овој месец, негативните салда на тековните сметки се зголемени на месечна и годишна основа за 5,6% и 4,2%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечно и годишно намалување од 0,1% и 1,0%, соодветно.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка стана долгорочен партнер на Клиниката за детски болести во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со меморандумот банката се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе одвојува по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе се искористуваат периодично, зависно од секоја поединечна потреба за набавка на материјали на Клиниката. Во првиот циклус, собраните средства ќе бидат употребени за целосно обновување на постелнините за сите креветчиња на Клиниката за детски болести во Скопје. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange