Connect with us

Платежни картички

НЕДЕЛА НА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ: Факти за платежните картички кои сигурно не ги знаете ( втор дел)

Објавено

на

Во продолжение ви нудиме уште неколку интересни факти за платежните картички кои секодневно ги користите, а следниве информации поврзани со нив сигурно не ги знаете. 

Картичката VISA своето постоење го започнува под името Bank of Americard vo 1958 година, а се преименува во VISA во 1976. 

Mastercard е првата картичка која користела холограми.

Не морате да потпишувате ништо во врска со тоа дали се согласувате со договорот како поседувач на картичка. Со првата извршена трансакција вие ја давате вашата потврда.

Едно aмериканско семејство добива по 6 различни понуди за картички во текот на еден месец.

Доколку каматната стапка на кредитните картички во Aмерика се зголеми за само 1% во текот на годината тоа ќе ги чини граѓаните 7.6 билиони долари.

Кредитната картичка пластичниот облик го добива во 1959 година кога Банката на Америка се одлучува за прв пат да направи промена во дизајнот.

Секторот за кредитни картички во Америка е најразвиениот банкарски сектор со над 30 билиони профит во годината.

Компанијата која ја издава картичката е обврзана да му даде на примателот на картица 15 денови рок доколку тој сака да ги промени условите на договорот.

Mastercard е прифатена во 210 земји низ светот што го надминува и рекордот на Coca Cola и McDonald’s.

Иако ги имаат сосема истите димензии тежината на кредитните картички варира од 4 до 12 грама. Колку е полесна картичката толку е поевтино истата да биде изработена.

 

Платежни картички

Стопанска Банка и Веро: совршен пар за шопинг

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот во соработка со ВЕРО маркетите, ви нудат единствена можност за заштеда при користење на VISA VERO кредитните картички во пар со ВЕРО лојалната картичка. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Спремни за совршениот есенски шопинг?

Објавено

на

Шопингот можеби не е добар за вашиот паричник, но тоа може да биде добро за вашето здравје, укажува новото истражување. Одење меѓу продавниците и подигање на тешки торби за купување обезбедува тренингот што согорува 385 калории неделно. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Еуростандард Банка ја воведе првата уникатна миризлива Mastercard дебит бесконтактна картичка

Објавено

на

Еуростандард Банка во соработка со глобалниот лидер за платежни решенија, од денеска за македонските граѓани воведе нова и уникатна Mastercard дебит бесконтактна картичка со мирис на малина. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Платежни картички

НЕДЕЛА НА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ: Факти за платежните картички кои сигурно не ги знаете (прв дел)

Објавено

на

Светот на банкарството и финансиите изобилува со различни содржини. Некои од нив секојдневно се менуваат, а некои стојат запишани како факти кои секогаш е интересно да се споделат и знаат. Со цел и вие да бидете во тек со сите новости како и да дознаете некој плус интересен факт од денес стартуваме со еден новитет. На почетокот на секоја недела, понеделнички, ќе избираме по една тема за која што ќе пишуваме во текот на целата недела. Ќе споделуваме најразлични информации, новитети, факти, совети и сл. кои што се поврзани со избраната тема.

Темата која е избрана за оваа недела е ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ. Тие се веќе секојдневие за секој од нас, но верувам дека има многу работи поврзани со нив за кои се уште не знаете. Затоа, да ја започнеме неделата првично со фактите кои сигурно досега не ви биле познати за платежните картички. 

– Доколку некогаш сте се запрашале како ја добиле идејата креаторите на некоја од платежните картички кои ги користите ние го имаме одговорот за вас. Многу едноставно. Frank.X.McNamara, основачот на Diners ја добил идејата за оваа картица кога една обична вечер бил излезен на вечера во некој ресторан. Откако завршил со вечерата и требал да плати забележал дека ги заборавил парите дома. Така заклучил дека би било добро да постои нешто кое ќе биде соодветна замена за пари само многу поедноставно и попрактично.

– Вкупниот број на платежни картички кои ги поседуваат само Американците изнесува 609.8 милиони картички кои се наоѓаат во нивните паричници. Доколку се соберат овие картички на едно место ќе може да се изгради кула висока 288 милји. 

– Првата кредитна картичка која била пуштена во употреба била направена од хартија и имала лимит од 300 долари. 

– Сигурно некогаш сте се запрашале зошто вашите картици имаат рок на истекување и која е причината поради која треба да ги менувате. Секоја платежна картичка содржи магнетна лента која што подложи на влијание при секојдневното користење и полека се оштетува. Рокот на оваа магнетна лента е од 3-4 години и веднаш потоа таа мора да биде заменета. 

– Кредитните картички се базирани на Луновиот математички алгоритам кој преставува тест на проверка на броеви. Доколку сакате да видите како функционира почнете од десната страна на картицата и дуплирајте ја секоја втора бројка ( ако бројот е 1111 станува 2121). Потоа, соберете ги сите броеви. Треба да добиете број кој е деллив со 10. Доколку не добиете таков број тогаш таа картичка не е валидна. 

– Во Светот, во една секунда се извршуваат околу 10 илјади трансакции со платежни картички.

– Сите кредитни картички, секаде во Светот имаат исти димензии 85.60mm x 53,98mm. 

– Сите Visa картички започнуваат со бројот 4. Мастеркард започнуваат со броевите од 51 до 55. Картиците на Американ Експрес почнуваат со 34 или 37.

– Зборувањето за долгот на кредитните картички е повеќе табу тема во Америка отколку темите поврзани со религија, политичка определба, секс или висината на платата.

– Платежните картички се употребуваат повеќе од 20 билиони пати во текот на една година само на територијата на САД.

 

Платежни картички

Стопанска Банка и Веро: совршен пар за шопинг

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот во соработка со ВЕРО маркетите, ви нудат единствена можност за заштеда при користење на VISA VERO кредитните картички во пар со ВЕРО лојалната картичка. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Спремни за совршениот есенски шопинг?

Објавено

на

Шопингот можеби не е добар за вашиот паричник, но тоа може да биде добро за вашето здравје, укажува новото истражување. Одење меѓу продавниците и подигање на тешки торби за купување обезбедува тренингот што согорува 385 калории неделно. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Еуростандард Банка ја воведе првата уникатна миризлива Mastercard дебит бесконтактна картичка

Објавено

на

Еуростандард Банка во соработка со глобалниот лидер за платежни решенија, од денеска за македонските граѓани воведе нова и уникатна Mastercard дебит бесконтактна картичка со мирис на малина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange