Connect with us

Форекс

НЕДЕЛА НА КРИПТОВАЛУТИ: Етериум е сериозен конкурент на Биткоин

Објавено

на

Криптовалутите полека, но сигурно стануваат тренд. Нашироко се зборувани низ целиот свет и секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои се одлучуваат да навлезат во бизниси поврзани со овие дигитални валути. Секоја нивна промена будно се следи, а најозборуван е секако Биткоинот. Но, што е со Етериумот?

Ова е валутата која цврсто го држи второто место на пазарот и се смета за сериозен конкурент на Биткоинот. Во јуни оваа година Етериумот достигна вредност од 420 долари. Иако ова тогаш изнесуваше само една десетина од вредноста на Биткоинот сепак Етериумот има квалитети кои се од суштинско значење за инвеститорите.

Биткоинот е криптовалута, но Етериумот e платформа со огромен потенцијал. Етериум ги поврзува т..н ,,блокови,, или евиденцијата на трансакции побрзо од Биткоин и неговите корисници сметаат дека оваа ефикасност го олеснува користењето.

Оваа година Етериумот го има доживеано и  својот најголем пад. Од 319 долари падна на само 10 центи во неколку секунди. Брзо потоа ја врати својата вредност и моментално на пазарот се тргува по цена од 330 долари.

Но, какви разлики постојат помеѓу оваа валута и Биткоинот?

Иако двете валути се базираат на blockchain технологија, многумина сметаат дека Етериум има многу подобра технологија. Blockchain технологијата е како DNA на дигиталната валута. Во неа се запишани сите направени трансакции и оваа технологија овозможува парите да бидат следени секаде во web просторот. На овој начин истите не може да се копираат или фалсификуваат. Овој вид на технологија кај Етериумот има една клучна разлика во однос на Биткоинот.

Постојат т.н ,,паметни договори,, кои освен што ги следи трансакциите и ги програмира. Паметен договор е фраза која што се употребува за да се опише компјутерскиот код кој ја олеснува размената на пари, сопственост, акции или било што што има вредност. Се базираат на blockchain технологијата и работат точно како што се програмирани без никаква можност за измама или мешање од трети лица. Токму затоа овој систем кој се смета за поиновативен и посигурен е повеќе популарен кај големите компании. Пример, Barcklays Британски мултинационален банкарски и финансиски сервис, ги користи овие т.н паметни договори во процесот на тргување. 

 

Форекс

Доларот зајакна, “мини колапс” на швајцарските франци

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност поради зголемената загриженост дека преговорите меѓу САД и Кина нема да го олеснат трговскиот спор помеѓу најголемите светски економии. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Гордана Дамеска ќе биде претседател на Одборот на директори на ЦДХВ

Објавено

на

Централен депозитар за хартии од вредност, преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза ја информираше јавноста за избор на претседател на Одборот на директори и независен – неизвршен член на Одборот на директори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

Објавено

на

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година. Според податоците од извештајот, за периодот од 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 година за 24,63%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange