Connect with us

НБРМ

НБРМ: Oсновната каматна стапка се задржа на нивото од 3,25%

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата втора седница на која беше разгледан најновиот Квартален извештај, при што беше утврдено дека во последното тримесечје од 2017 година Народната банка не ја промени поставеноста на монетарната политика и основната каматна стапка се задржа на нивото од 3,25%. Исто така, тековната монетарна поставеност се оценува како соодветна, во услови на натамошна стабилност на економските основи и отсуство на нерамнотежи во економијата. Најновите податоци не укажаа на поголеми отстапувања во однос на проекциите во сегментите коишто се клучни за монетарната политика.

Советот констатира дека податоците за надворешниот сектор изразени преку позицијата на билансот на плаќања покажуваат умерено подобри остварувања во однос на проекциите кај тековната сметка, додека позицијата на финансиската сметка е понеповолна од очекуваната. Во третиот квартал од 2017 година, тековната сметка забележа суфицит од 183,1 милион евра, што претставува 1,8% од БДП и е повисок во споредба со октомвриската проекција, одразувајќи го понискиот дефицит кај салдото на стоките и услугите од очекуваниот. Од друга страна, во рамки на финансиската сметка се остварени нето-одливи од 278 милиони евра, односно 2,7% од БДП, што претставува послабо остварување во однос на очекувањата во октомври минатата година, во услови на позначајни негативни отстапувања кај странските директни инвестиции и трговските кредити. Анализирајќи од гледна точка на динамиката, во третиот квартал од 2017 година салдото на тековната сметка бележи подобрување на годишна основа, при повисок суфицит кај услугите и кај секундарниот доход. Кај финансиската сметка се остварени нето-одливи, наспроти високите нето-приливи во третиот квартал од 2016 година кога беше издадена петтата еврообврзница. Најновите податоци за бруто девизните резерви за четвртото тримесечје од минатата година упатуваат на квартален раст, што е подобро остварување од очекуваното во октомвриските проекции. Објавените податоци за БДП за третиот квартал од 2017 година покажуваат годишен раст на БДП од 0,2%, што претставува нешто пониско остварување од проектираната стапка од 0,7%.

Во втората половина од 2017 година дојде до забрзување на годишниот раст на домашните цени од 1,6% во третиот на 2,2% во четвртиот квартал. За цела 2017 година, стапката на инфлација изнесува 1,4%, и генерално е во рамки на октомвриската проекција на просечна инфлација од 1,3%. Инфлацијата во 2017 година речиси во целост се должи на растот на базичната компонента, во услови на неутрален придонес од прехранбената и минимален позитивен придонес од енергетската компонента. Во услови на остварувања коишто главно се во склад со проекцијата, ризиците околу очекувањата за инфлацијата за 2018 година и 2019 година, и натаму се поврзани со неизвесноста околу очекуваното движење на цените на примарните производи.

НБРМ

НБРМ ja задржа каматната стапка на благајничките записи на 2,75%

Објавено

на

На 13 ноември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и состојбите и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По олабавувањето на монетарната политика во август 2018 година, Комитетот на ноемвриската седница оцени дека тековната монетарна поставеност е соодветна, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75%. На седницата, исто така, беше одлучено на аукцијата на 14 ноември понудата на благајнички записи да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите октомвриски макроекономски проекции, при што повторно ги потврди согледувањата дека економските фундаменти се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата, видливо преку стабилните инфлациски остварувања и натамошните поволни движења на девизниот пазар. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата и натаму упатува на стабилни очекувања и поволни согледувања. Воедно, ризиците за економијата од неизвесното домашно и надворешно окружување и понатаму се присутни.

Во однос на најновите макроекономски показатели, по растот на економијата од 1,6% во првата половина на годината, високофреквентните показатели за економската активност расположливи досега, општо земено, упатуваат на заклучокот дека движењата се слични како во вториот квартал од годината. На ваквиот заклучок посочуваат податоците за растот на индустријата и трговијата, при сè уште негативни остварувања кај градежната активност.

Податоците за инфлацијата за октомври упатуваат на континуитет на досегашните движења, при што просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени во периодот јануари-октомври изнесува 1,5%, движена во најголем дел од базичната инфлација и цените на енергијата. Во однос на показателите од надворешниот сектор, нивниот број е ограничен, а податоците расположливи досега упатуваат на поволна надворешна позиција. Показателите за адекватноста на девизните резерви и натаму се движат во сигурната зона.

Првичните монетарни податоци за октомври покажуваат солиден месечен прираст на вкупните депозити во банкарскиот систем. Позитивните придвижувања во најголем дел се одраз на растот на корпоративните депозити, а позитивен, но помал придонес има и штедењето на домаќинствата. Во октомври продолжи месечниот раст на кредитите, но со поумерено темпо, при што најголем дел од растот произлегува од кредитирањето на домаќинствата.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот се задржа поволната ликвидносна состојба во банкарскиот систем, пред сѐ заради натамошните интервенции на НБРМ за откуп на девизи во вкупен износ од 50,2 милиона евра во октомври. Присуството на НБРМ со откуп на вишокот девизни средства на девизниот пазар е поврзано со стабилната девизна ликвидност на банките, којашто и натаму е солидна и овозможува целосно задоволување на нето-продажбите на девизи за потребите на клиентите.

Дополнително влијание за зголемена понуда на девизи на меѓубанкарскиот пазар имаше и приспособувањето на девизните позиции на банките во услови на зголемување на нивните инвестиции во финансиски инструменти со валутна компонента. Поволните движења на меѓубанкарскиот девизен пазар се одржуваат и на почетокот на ноември, така што НБРМ продолжи да интервенира со откуп на вишокот девизи. Со оглед на ваквите остварувања, кумулативниот откуп на девизи на НБРМ од почетокот на годината заклучно со 12 ноември изнесува 298,1 милион евра. 

Банките ги регулираа краткорочните флуктуации кај денарската ликвидност во текот на октомври на пазарите на пари, а вишокот денарски средства го пласираа во расположливите депозити преку ноќ кај НБРМ. Со тоа, се овозможува флексибилно управување со средствата и нивна расположливост за брза мобилизација заради зголемена кредитна поддршка на економските субјекти.

Во октомври, на меѓународните финансиски пазари беа забележани променливи движења при зголемена одбивност за преземање ризик од страна на инвеститорите, во услови на неизвесен исход во однос на активностите поврзани со буџетската политика во Италија, како и умерено понеповолните макроекономски показатели за еврозоната. Покрај тоа, оцените за поумерен глобален раст во наредниот период од страна на Меѓународниот монетарен фонд, како и надолното приспособување на проекциите од страна на Европската комисија упатија на можно забавување на економската активност во еврозоната и во наредната година. Во такви околности, беше забележано намалување на светските берзи на акции, а при зголемена побарувачка за безбедни инструменти, цените на европските државни должнички хартии од вредност се зголемија. Очекувањата на инвеститорите за одржување на понудата на нафта на релативно високо ниво, и покрај санкциите на САД врз извозот на Иран, условија надолно движење на цената на нафтата којашто се сведе на најниското ниво во последните два месеци.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека последните макроекономски показатели генерално се движат во согласност со очекувањата, а согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се непроменети во однос на претходната оцена. НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи сите економски показатели и случувањата во домашната економија и надворешното окружување во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ во соработка со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ: работилница за управување со податоците за статистички потреби

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Излагање на гувернерката на НБРМ на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Објавено

на

На претставувањето на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржа вчера, во Копенхаген, Данска, излагање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, м-р Пер Калесен, изнесоа свои видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, откако за главните наоди и согледби претставени во него, најпрво говореше директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, м-р Пол Томсен. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange