Connect with us

НБРМ организира меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс од Париз, Франција (The Reinventing Bretton Woods Committee – RBWC) организира меѓународна конференција на којашто фокусот на учесниците ќе се насочи кон најновите трендови и предизвици во врска со монетарната политика, финансиската стабилност и управувањето со финансиските средства во целина, стои во соопштението објавено од НБРМ.

Конференцијата ќе се одржи на 16 февруари 2018 година во Мериот хотел, Скопје, Република Македонија.

Целта на Конференцијата е да се оценат тековната состојба и идните изгледи на глобалната економија, и во тој контекст, да се открие со кои предизвици се соочуваат централните банки при остварувањето на нивните цели за одржување на ценовната и на финансиската стабилност. Вниманието на Конференцијата ќе се насочи кон посткризните движења на финансиските пазари во развиените и во економиите во развој, отпорноста на финансискиот систем и промените во регулативата од страна на централните банки. Дискусиите во текот на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговор на тоа како реагираа и се позиционираа раководителите на финансиски средства во услови на спротивна поставеност на монетарните политики на глобалните централни банки и како се подготвуваат овој тип инвеститори за постепено усогласување на монетарните политики. Исто така, на Конференцијата се предвидуваат и дискусии околу идната интеграција на земјите од Југоисточна Европа, со осврт на досегашните постигнувања и идните предизвици пред овие економии.

Конференцијата е наменета за претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции, глобалните банки и домашните финансиски и инвестициски институции. На конференцијата се очекува присуство на високи претставници на релевантни меѓународни финансиски институции, академскиот свет и глобалните банки, како и гувернери на централните банки, што ќе овозможи плодотворни дискусии и размена на искуства на сите учесници.

Повеќе
Реклама here code

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на Служба платен промет во земјата

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска Банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за платен промет во земјата, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител.
(more…)

Продолжи со читање

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на секторот за процесирање

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за администрација и евиденција на депозити, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител. (more…)

Продолжи со читање

Саудиска Арабија: Жените ќе можат да отвораат свои фирми!

Објавено

на

Саудиските жени сега имаат право да отвораат сопствени бизниси, без да бараат согласност од старателот од машки пол, соопшти владата, која се надева дека на тој начин ќе го стимулира приватниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange