Connect with us

НБРМ

НБРМ: Нема промени на каматните стапки на кредитите и депозитите во јуни

Објавено

на

Каматните стапки на вкупните кредити и вкупните депозити во јуни 2017 година останаа непроменети во однос на претходниот месец, на ниво од 6,0% и 1,6%, соодветно, покажуваат податоците на НБРМ.

Во јуни годинава, банките и штедилниците новите кредити ги одобруваа по просечна каматна стапка од 5,2%, намалена за 0,3 п.п. во однос на минатиот месец. 

Каматната стапка на новопримените депозити забележа месечно зголемување од 0,1 п.п. и изнесува 1,5%.

 

Стапката на новоодобрени кредити на корпоративниот сектор на месечна основа изнесува 5,0%, што претставува надолна промена од 0,4 п.п. во однос на претходниот месец. Во однос на јуни 2016 година, оваа каматна стапка е пониска за 0,8 п.п.Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во јуни забележа месечно намалување од 0,1 п.п., и изнесува 5,5%. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка забележа пад од 0,6 п.п..

Oд март годинава, каматните стапки на вкупно примените депозити од корпоративниот сектор, се одржуваат на нивото од 2,0%. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,1 п.п.. Споредено на месечна основа, просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор во јуни оствари минимален раст од 0,1 п.п. и изнесува 1,2%. 

 

Каматната стапка на вкупните кредити одобрени на домаќинствата остана непроменета во однос на претходниот месец, на ниво од 6,5%. Во однос на јуни 2016 година, оваа каматна стапка е пониска за 0,2 п.п..

Во јуни, новото кредитирање на домаќинствата се вршело по просечна каматна стапка од 5,7%, што претставува месечно намалување од 0,1 п.п.. 

Трет последователен месец каматната стапка на вкупните депозити од домаќинствата, изнесува 1,5%, додека на годишна основа, оваа каматна стапка забележа пад од 0,3 п.п..

Просечната каматната стапка на новопримените депозити од домаќинствата, четврт месец по ред се задржува на ниво од 1,6%. На годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележана надолна промена од 0,3 п.п..

 

НБРМ

НБРМ: монетарна и финансиска усогласеност со најновите меѓународни и европски стандарди

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во текот на јули и август 2018 година, ќе објави податоци од монетарната статистика, статистиката на останатите финансиски институции и статистиката на каматните стапки, по нова методологија. Методолошките промени се направени заради усогласување со препораките од новообјавениот Прирачник и упатство за монетарна и финансиска статистика на Меѓународниот монетарен фонд од 2016 година (MFSMCG – IMF, 2016) и Техничката мисија на ММФ од областа на монетарната и финансиската статистика во НБРМ од 2015 година и придонесуваат за обезбедување квалитетни и конзистентни статистички податоци усогласени со највисоките меѓународни и европски статистички стандарди.

Податоците за одделните статистики ќе бидат објавени во согласност со утврдениот Календар на објавување, а истовремено заради обезбедување конзистентност, ќе бидат објавени и ревидирани временски серии податоци. Динамиката на објавување, по одделни статистики, е следнава:

  • Монетарна статистика: на 20 јули 2018 година, со објавување на податоците за јуни 2018 година, ќе се објави и ревидирана серија податоци за периодот од јануари 2009 година до мај 2018 година;
  • Статистика на каматните стапки: на 31 јули 2018 година, со објавување на податоците за јуни 2018 година, ќе се објави и ревидирана серија на податоци за периодот од 2005 година до мај 2018 година;
  • Статистика на останатите финансиски институции: на 31 август 2018 година, со објавување на податоците за вториот квартал на 2018 година, ќе се објави и ревизија на податоците за првиот квартал на 2018 година;
  • Биланси и прегледи на финансиските институции: на 31 август 2018 година, со објавување на податоците за вториот квартал на 2018 година, ќе се објават и ревидирани податоци за депозитните институции за периодот од првиот квартал од 2012 година до првиот квартал од 2018 година и за останатите финансиски институции за првиот квартал од 2018 година.

НБРМ, покрај податоците, ќе објави и информација за клучните методолошки промени, како и нови методолошки објаснувања.

Продолжи со читање

НБРМ

Нов работен материјал во издание на НБРМ

Објавено

на

„Влијанието на политиката на квантитативно олеснување на ЕЦБ врз капиталните текови во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа“ од гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, м-р Ана Митреска и д-р Султанија Бојчева-Терзијан.

Овој материјал е обид за емпириска оцена на ефектите од политиката на квантитативното олеснување на ЕЦБ врз капиталните приливи во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Со оглед на трговската и финансиската поврзаност на овие земји со еврозоната, би се очекувало дека креираната ликвидност од страна на ЕЦБ ќе предизвика и зголемување на обемот на нивните капитални приливи. Оваа хипотеза, авторките на работниот материјал, емпириски ја тестираат преку оцена на ефектите од промените во билансот на ЕЦБ врз одделните видови капитални приливи во избраната група земји.

Наспроти првичните очекувања, резултатите презентирани во материјалот, не ја потврдуваат оваа врска, но покажуваат значително влијание на одредени фундаментални фактори, како што се доходот и каматните стапки, врз капиталните приливи во регионот. Воедно, оцените упатуваат на негативно влијание од глобалната криза врз приливите на капитал, што веројатно и оневозможува поголем ефект од монетарното олеснување на ЕЦБ. Единствен исклучок е надворешното задолжување на државата, што се совпаѓа со контрацикличната фискална политика и растот на јавниот долг по избувнувањето на глобалната криза.

Повеќе информации може да најдете тука.

Продолжи со читање

НБРМ

Покана за 30. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

На 26 септември 2018 година (среда), во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 30. сесија на Клубот на истражувачите.

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 5 септември 2018 година (среда).

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачи, можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на веб-страницата на НБРМ  www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange