Connect with us

Останато

Највисоката месечна бруто плата за 2016 година во Македонија изнесувала 225.000 евра

Објавено

на

Скопјанец вработен во приватното здравство лани примал месечна бруто-плата од 225.000 евра, односно неговата годишна бруто-плата изнесувала 2,7 милиони евра, што е највисоката плата исплатена во земјава. Најголемиот исплатен бонус, односно дополнителен приход од работното место лани изнесувал 416.000 евра. Ова го покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) собрани од годишните даночни пријави што ги поднесуваа граѓаните за 2016 година.

Податоците покажуваат дека највисоката годишна бруто-плата е исплатена во приватното здравство, по што следат фармацевтската индустрија, трговија на големо и информатичките технологии.  

Според директорката на УЈП, Сања Лукаровска, најголем годишен приход за минатата година пријавил жител на Скопје во висина од 4,1 милион евра, додека најголемата капитална добивка изнесувала 1,3 милиони евра. Најбогат пензионер е струмичанец, кој во УЈП пријавил годишен бруто-приход од пензијата и дополнителни примања во висина од околу 680.000 евра. Највисоки бруто-приходи само од пензија, пак, пријавил жител на Скопје кој во текот на минатата година имал околу 30.000 евра. Најголема заработувачка од исплатена дивиденда имал скопјанец, кој по овој основ пријавил околу 1,8 милиони евра. Велешанец има пријавено најголема заработувачка од повремено вршење услуги, за што има приходи од 948.000 евра.  

Најголем успех во игрите на среќа лани имал скопјанец, кој само по овој основ остварил бруто-добивка од 447.000 евра.

Податоците на УЈП покажуваат дека за 2016 година 439.000 граѓани поднеле годишна даночна пријава, при што заедно пријавиле вкупни бруто-приходи од околу 2,8 милијарди евра, а платиле персонален данок во висина од над 162,6 милиони евра.  

Законската обврска за поднесување на годишна даночна пријава во УЈП граѓаните ќе мора да ја завршат уште за 2017 година бидејќи Собранието не успеа навреме да ги донесе измените во законската регулатива со која оваа обврска ќе ја преземе Управата. Ваквите измени ќе почнат да се применуваат од 2018 година, кога пресметките за даночните пријави ќе ги прави и евидентира УЈП, а граѓаните по електронски пат ќе проверуваат дали Управата точно ги пресметала и регистрирала податоците.

 

Повеќе

Останато

Хрватите се повеќе штедат и чуваат големи депозити во банка

Објавено

на

Хрватите во просек штедат по 63 евра месечно што е значителен раст во штедењето, но сеуште се на половина од средна и источна Европа, во која има рекордери, со просечно заштедени 239 евра, станува збор за Австрииците. Следни се Словаците кои во просек штедат 106 евра месечно, а потоа Чесите со 88 евра. Помалку од Хрватите штедат, на пример, Украина и Романија (по 53 евра) и Србија (37 евра). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Harvard Business Review: Просечната возраст на основачот на успешен старт-ап е 45 години

Објавено

на

Постои силно верување дека најуспешните претприемачи се млади. Бил Гејтс, Стив Џобс и Марк Зукерберг беа во своите рани дваесетти години, кога започнаа со работа и иновации што ќе станат светски компании. Дали овие познати случаи се одразуваат на генерализирачки модел?  Ако ги анализирате основачите кои добија награди од TechCrunch во текот на последната деценија, просечната возраст за време на основањето беше само 31 година. За луѓето избрани од списанието Inc како основачи на најбрзо растечките стартапи во 2015 година, просечната возраст на основачот беше само 29 години. Во согласност со овие сознанија, Пол Греам, соучесник на Y Combinator, еднаш потсети дека “пресекот во главите на инвеститорите е 32 години … По 32 години, тие почнуваат да бидат малку скептични”. Но, дали овој став е точен? (more…)

Продолжи со читање

Останато

Зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија

Објавено

на

Во Македонија имаме зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија и сме во рамки на просекот на ЕУ. Фокусот е ставен на малите и средни претпријатија без да се земат предвид и микро претпријатијата. Заостануваме прилично многу од европскиот просек во делот на инвестициите во иновации, истражување и развој.

Ова денеска го изјави Андријана Богдановска од Центарот за управување со знаење од Македонија по отворањето на меѓународната конференција на проектот „Ино платформа“. Проектот е финасиран од Европската унија преку Интерег програмата насочен кон подобрување на иновативните капацитети на малите и средните претпријатија. Проектот трае 24 месеци, почна во август 2017 година и ќе трае до август 2019 година.

Појасни дека конференцијата ја организираат на половина од проектната имплементација со цел да ги споделат нивните резултати во делот на истражувањето на националниот контекст и потенцијалот за иновации на земјите кои припаѓаат на Балканско-медитеранската област – Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија. Во исто време ги претставуваат бета верзиите на нивните ино алатки, кои се специјално фокусирани за мали и средни претпријатија.

– Целото наше истражување заврши со пет бета алатки: Ино финансии, Ино партнер, Ино стратегија, Ино модел и Ино проект кои специфично ги адресираат овие проблематични области на делување во однос на иноватовните акативности кај самите мали и средни претпријатија и овозможуваат тие да се надминат за да имаат успешна имплементација на иновациите внатре во организациите, рече Богдановска.

Таа информира дека дел од нивните заклучоци се оти во Македонија имаме добра макроекономска политика во однос на другите земји во регионот, а структурата на деловниот сектор најмногу е насочена кон малите и средните претпријатија бидејќи, како што рече, тие доминираат во целото милје на претпријатијата во економијата.

Според неа, потребни се повеќе инвестиции кои веќе се прават преку владините инфраструктури.

– Оваа Влада сепак направи голем напор во зголемување на инвестциите во нашите домашни претпријатија за иновативни активности. Треба создавање посериозна инфраструктура, која ќе ги поддржи овие мали и средни претпријатија. Постоењето само на Фонд за иновации не е инфраструктура и покрај тоа што тие имаат навистина многу интензивни активности во овој период, смета Богдановска.

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ изјави дека во 2017 година за шест пати се зголемени буџетските средства за поддршка на иновативност и на индустриското производство.

– 7% и 5% од корисниците на овие мерки се токму малите и средните претпријатија. Малите и средните претпријатија дадоа сериозен придонес во еконмскиот раст, во пораст на индустриското производство кое е за шест отсто повисоко годинава од минатата година, но, и до пораст на извозот за околу 13% до 14%, што покажува дека овие мерки сигурно даваат одреден резултат, рече Шапуриќ. Најави дека во иднина, во рамки на определбата на Владата, овие мерки ќе се надоградуваат.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange