Connect with us

Останато

МФ: Пад на државниот долг за 1% и јавниот долг за 1,7% во 2017 година

Објавено

на

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државен и јавен долг заклучно со декември 2017 година.

На крајот од 2017 година државниот долг изнесува 38,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,7% од БДП. Споредено со крајот на 2016 година, државниот долг е понизок за 1 процентен поен додека јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, што претставува прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009 година, пренесоа од МФ.

Во однос на третиот квартал на 2017 година, се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени.

Податоците можете да ги најдете на следниот линк.

Останато

Еднаш банкар, цел живот банкар

Објавено

на

Успешен банкар со иницијали Б.П., уште пред 8 години се стекнал со правото на целосна старосна пензија, но поради лична желба и финансиски потреби продолжил да работи како банкарски советник и во својата 73-та година од животот.

Тој паралелно примал и пензија и плата како советник, пред од своите пријатели пензионери да дознае дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, не смее да работи повеќе од пет години, по пензионирањето.

Тој бил поканет, откако официјално го напуштил своето работно место во банката, да остане во Надзорниот одбор, но не му било јасно дали може да ја прифати функцијата ако и дефинитивно замине во пензија. Во банката му објасниле дека должината на стажот сега кога веќе е пензионер, зависи само од неговата здравствена состојба и желба за работа, но “вечниот” банкар сакал да се осигура дека тоа е така.

Банкарот признал дека не е правник и дека не знае сам да го протолкува Законот за пензиско и инвалидско осигурување, но изјавил дека е способен за работа, се додека го држи здравјето и додека има желба за работа. Неговото работно време не е ограничено и не мора да стравува од пазарната инспекција која би можела да го казни работодавачот.

Тој се мотивирал да продолжи да работи, откако прочитал дека хрватските пензионери покренале иницијатива и започнале да работат во локален синџир на продавници за храна по четири часа на ден.

На прашањето колку најдолго пензионерите можат да работат и по пензионирањето и дали постои ограничување во години, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одговори дека не постојат законски ограничувања во однос на траењето на работниот однос на пензионери.

Пензионерите кои имаат желба за работа и по пензионирањето, може без ограничување повторно да се вработат во Договор со работодавачот, а платата ќе им се исплаќа по основ на договор за авторско дело, и тие притоа непречено ќе може да добијат и пензија.

Па така, банкарот кој освен што е пензионер, член е и на Надзорниот одбор на банката, не е обврзан секоја година да аплицира во Фондот на ПИО за да му се издаде потврда за продолжување на работниот однос.

Продолжи со читање

Криптовалути

Symantec предупредува за постоење на скриени апликации кои “копаат” криптовалути

Објавено

на

Компанијата Symantec објави нов безбедносен извештај во кој предупредува за постоење на осум малициозни апликации коишто се пронајдени во склоп на Windows 10 апликацијата во официјалната продавница, Microsoft Store.

Се работи за апликации кои беа објавени во Microsoft Store помеѓу април и декември 2018 година и содржат компонента којашто служи за “копање” на криптовалутата Монеро, а тоа корисниците кои ја инсталирале Windows 10 апликацијата, не го знаеле. Спорните апликации во просек имале и повеќе од 2.000 рецензии, а веројатно и напумпани оценки.

Самите апликации биле претставени како нови интернет пребарувачи, алатки за репродукција на мултимедијални содржини и за преземање содржини од интернет, како и водичи за оптимизација на батериите. Се верува дека зад сите овие апликации стои еден  ист програмер или група на програмери.

По добивањето на деталите за овие малициозни апликации, Мајкрософт веднаш ги повлече од продажба.

Имињата на осумте контроверзни апликации за кои алармира Symantec се:

  1. Fast-search Lite,
  2. Battery Optimizer (Tutorials),
  3. VPN Browser,
  4. Downloader for YouTube Videos,
  5. Clean Master (Tutorials),
  6. FastTube,
  7. Findoo Browser 2019,
  8. Findoo Mobile & Desktop Search.
Продолжи со читање

Останато

Стопанската комора на Македонија одбележува 97 години работење

Објавено

на

Стопанската комора на Македонија денеска одбележува 97 години од работењето. По овој повод, продолжувајќи ја традицијата, Комората и годинава ќе им додели награди и признанија на најуспешните компании и стопанственици.

“Зачетоците на коморското организирање во Македонија датираат од 1922 година. И по 97 години, согласно светските трендови и најсовремените меѓународни стандарди, Стопанската комора на Македонија го задржа приматот на лидер во организациското здружување. Стопанската комора на Македонија прерасна во ефикасен сервис за своите членки изградена врз основните јасни и темелни постулати, како Комора којашто е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација”, стои во соопштението.

Стопанската комора на Македонија од 1970 година почна со доделување на Првомајската награда. Во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на комората – 18 февруари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange