Connect with us

НБРМ

Монетарни движења во Република Македонија: јули 2017 година

Објавено

на

Во јули 2017 година, паричната маса забележа нагорна месечна промена од 0,3%, главно под влијание на растот на готовите пари во оптек и во помал обем долгорочните депозити, наспроти намалувањето кај депозитните пари и краткорочните депозити. На годишна основа, кај паричната маса е евидентиран раст од 7,4%, со најголем придонес на депозитните пари, по што следуваат краткорочните и долгорочните депозити, како и готовите пари во оптек, стои во соопштението на НБРМ.

На крајот од јули, кај вкупните депозити е регистрирано минимално месечно намалување од 0,1%, при што падот на депозитите од домаќинствата го надминува растот на депозитите од корпоративниот сектор. На годишна основа депозитите се зголемени за 7,3%, при поизразен придонес на корпоративниот сектор.

 

Вкупните кредити, во јули годинава остварија месечен раст од 0,3%, кој во целост се објаснува со зголеменото кредитирање на домаќинствата, при намалено кредитирање на корпоративниот сектор.  На годишна основа, стапката на кредитен раст изнесува 4,9%, при најзначаен придонес во растот на кредитите одобрени на секторот домаќинства (90,7%).

 

Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат месечно и годишно зголемување од 0,6% и 11,4%, соодветно. Притоа, најзначаен придонес кон месечната и годишната нагорна промена имаат депозитните пари и краткорочните девизни депозити.

 

Вкупните кредити на корпоративниот сектор овој месец забележаа надолна месечна промена од 0,2%, главно како резултат на намалувањето на девизното кредитирање, кое го надминува растот на денарското кредитирање. Од друга страна, кредитната активност кон корпоративниот сектор на годишна основа е зголемена за 0,8%, при што растот на денарските кредити го неутрализираше ефектот на намалувањето на девизните кредити.

 

Кај вкупните депозити на домаќинствата, во јули е евидентиран месечен пад од 0,4%, главно заради месечното намалување кај депозитните пари. Споредено на годишна основа, депозитите на домаќинствата се повисоки за 5,4%, при раст и кај денарските и кај девизните депозити, малку поизразен кај депозитите примени во денари (придонес кон растот од 57,2%).

 

Во јули, кај вкупните кредити на домаќинствата е регистриран месечен и годишен раст од 0,8% и 9,8%, соодветно. Притоа, месечните и годишните зголемувања во најголем дел се должат на растот на денарските пласмани (придонес кон растот од 86,2% и 90,9%, соодветно).

 

Од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, во јули е забележан месечен раст од 1,1% и 0,5%, соодветно, при годишен раст од 12,0% и 13,7%, соодветно. Кај автомобилските кредити продолжува надолниот тренд, при месечно и годишно намалување за 0,9% и 10,8%, соодветно. Натаму, овој месец кај кредитите одобрени на кредитни картички е евидентиран месечен раст од 0,2%, наспроти годишниот пад од 0,5%, додека кај негативните салда на тековните сметки е регистриран месечен и годишен раст од 1,0% и 4,5%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи во текот на јули е забележано месечно намалување од 0,6%, при годишен раст од 1,5%. 

НБРМ

НБРМ: Домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“

Објавено

на

На 18. и 19. октомври 2018 година Народната банка на Република Македонија е домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и  Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“. Имајќи го предвид негативното влијание коешто го имаат нефункционалните кредити врз работењето на банките во меѓународни рамки, на семинарот ќе бидат презентирани најзначајните активности преземени во рамките на ЕУ за решавање на нефункционалните кредити, како од аспект на промените (предлозите за промени) во постојната банкарска регулатива, така и во поглед на супервизрските активности за справување со сеуште високиот износ на нефункционални кредити кај кредитните институции во ЕУ. Покрај ова, на семинарот ќе бидат презентирани и искуствата на неколку земји од регионот во решавањето на нефункционалните кредити. Преку размената на искуствата и согледувањата стекнати во процесот на решавање на нефункционалните кредити, ќе се овозможи натамошно зајакнување на овој процес во одделните земји, но и усогласен пристап во идните активности коишто треба да се преземат заради натамошно справување со проблемите предизвикани од поголемото присуство на нефункционални кредити.

На семинарот ќе присуствуваат претставници на регулаторните и супервизорските органи од Албанија, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска и Македонија.

На почетокот на семинарот, воведно обраќање имаше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска, која посочи на тоа дека и по десет години од почетокот на глобалната криза, проблемот на нефункционалните кредити се уште има големо значење во глобални рамки. Таа потенцираше дека правилното справување со овој проблем и развивањето на механизми за превенција се исклучително важни за непречено функционирање и раст на активноста на банките. Меѓудругото, таа се осврна и на македонското искуство, потенцирајќи го релативно пониското ниво на нефункционални пласмани во однос на регионот. Причините за тоа се отсуството на прекумерен кредитен раст во пред-кризниот период, малото потпирање на банките на надворешно финансирање и многу важно, прудентната регулаторна рамка.  И покрај фактот што овој проблем во Македонија не е изразен како во други земји, гувернерката ја нагласи свесноста за потребата од располагање на механизми за превенција. Токму од оваа причина во тек е и заокружувањето на “Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити”, како меѓуинституционална и систематизирана рамка за решавање и спречување на проблемот на нефунционални пласмани. 

Продолжи со читање

НБРМ

Учество на гувернерката на НБРМ на настан по повод европскиот ден на статистиката

Објавено

на

По повод европскиот ден на статистиката, денес на Економскиот факултет – Скопје, се одржа настан под мотото „Подобри податоци – подобар живот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ оствари средби со високи претставници на ММФ и Светската банка

Објавено

на

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), оствари средби со високи претставници на двете меѓународни институции, вклучувајќи средби со извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, извршниот директор на СБ, г. Франк Хемскирк, потпретстедателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange