Connect with us

Платежни картички

Македонците нема да имаат можност да примаат пари преку PayPal

Објавено

на

Венко Глигоров, управител на Логин Системи и водач на приватната иницијатива за воведување на PayPal за прием на пари во Македонија објавуви дека оваа опција нема да биде расположива до крајот на оваа година.

Во паралелна акција со Министерството за финансии се обидовме да ја обезбедиме неопходната услуга од PayPal и сега за сега немаме значителен прогрес”, изјави Венко Глигоров. “Во коресподенцијата со PayPal не се истакнува некој посебен период кога би започнале подготовките за сервисот”.

Според иницијаторот, напредок во процесот би се постигнал со средба помеѓу државното ниво на Македонија заедно со челните луѓе од PayPal. На оваа средба би се презентирале плановите на Македонија за економски развој и евентуалните бизнис иницијативи кои би стимулирале електронска комерција.

Македонија е мала земја и недоволно атрактивен пазар и само со лобирање од повеќе страни може да се придобие PayPal да го воведе овој сервис во Македонија”, истакнува Глигоров.

Заради евидентните потреби, деловната заедница во Македонија и професионалците во различни области се приклучија на иницијативата со голем елан и оваа иницијатива треба да продолжи посилно во наредна фаза и на повисоко ниво”, додава Глигоров.

Платежни картички

Промотивен период на Централна Кооперативна Банка

Објавено

на

Во периодот од 27.07.2018 до 09.08.2018 година, подигнувањето на готовина на банкоматите на банката – со Вашите кредитни картички издадени од ЦКБ АД Скопје, ќе биде без провизии. Поволноста се однесува само за кредитни картички на физички лица.

Продолжи со читање

Платежни картички

Бонус од 5% со Американ Експрес картичките на бензинските станици ОКТА

Објавено

на

Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на Американ Експрес картичките, имаат можност да добијат 5% бонус со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Твој Бонус” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Одлична поволност за корисниците на кредитни картички од Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје мисли на своите клиенти, објавувајќи ја промотивната понуда за сите корисници на кредитни картички од Банката. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange