Connect with us

Странски банки

Комерцијална банка – Србија оствари 61 милион евра добивка во 2017 година

Објавено

на

Комерцијална банка – Србија во 2017 година ги продолжи позитивните трендови во своето работење и на крајот на календарската година забележа добивка пред оданочување во висина од 61 милион евра, објави Блиц.

Добивката доаѓа како резултат на унапредувањето на квалитетот на кредитното портфолио, надминување на проблемите со лошите пласмани, порастот на оперативната профитабилност во редовното работење наспроти трендот на намалување на каматните стапки на пазарот, рационализација и унапредување на ефикасноста преку реорганизација на мрежата на филијали, централизација на поддршката и воведување на нови дигитални услуги.

Според висината на акционерскиот капитал, Комерцијална банка и понатаму е меѓу лидерите на пазарот во Србија. Кога е во прашање стабилноста на работењето, банката моментално ја карактеризира натпросечна ликвидност. Доволно говори показателот за адекватност на капиталот кој изнесува 27,9% што е значајно над регулаторниот лимит кој го поставува Народна банка на Србија.

Комерцијална банка е долгогодишен лидер по висината на девизни депозити во Србија и во текот на 2017 година оваа позиција е одново потврдена. Нивото на штедење во банката на 31.12.2017 година изнесува повеќе од 1,6 милијарди евра што јасно укажува на довербата на граѓаните на Србија во Комерцијална банка.

Според нивото на актива, согласно последните достапни податоци на НБС, Комерцијална банка има околу 11% од домашниот банкарски пазар.

Странски банки

Маркетинг директорот на JPMorgan Chase советува банките да се збогуваат со традиционалниот маркетинг

Објавено

на

Финансиските маркетери понекогаш се загрижени дека екстензивната употреба на анализата на податоци ќе е неопходна за потрошувачите. Тоа не му пречи на Кристин Лемкау, главен маркетинг директор во JPMorgan Chase, кој смета дека анализата на податоците само ќе ја подобри релевантноста и персонализацијата на маркетинг пораките. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во САД казнета „Сосиете Женерал“ со 1,34 милијарди долари

Објавено

на

Француската банка „Сосиете Женерал“ (Societe Generale) денеска беше казнета од американските агенции со 1,34 милијарди долари, бидејќи според американските власти ги нарушила различните видови ембарга и економски санкции, соопшти американската Управа на федерални резерви. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange