Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје ја продолжи соработката со Црвениот крст на Македонија

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје осум години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Македонија како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.Основен мотив за вклучувањето во овој проект е да им се овозможи на децата и младинците со посебни потреби да го развијат здравиот дух и креативниот капацитет, дополнително да се едуцираат и целосно да се интегрираат во општеството.

“Продолжувањето на соработката со Црвениот крст и поддршката на овој проект ги потврдува нашите напори за долгорочен и систематски пристап кон подобрувањето на благосостојбата на ранливите групи во заедницата и е во согласност со стратегиските заложби на Банката на полето на општествената одговорност” – велат од Комерцијална банка.

“Сите веруваме во подобра иднина, но да се гледа иднината значи да се прифати одговорноста за она што се случува денес во општеството, да се поттикнат промени, како во нашиот професионален сектор така и во заедницата генерално. Целта на секоја компанија и на секоја индивидуа е да живее во хармонија со себе и со своето опкружување, а за тоа е потребно да се биде одговорен за секоја постапка и одлука, професионална и лична” – дополнуваат од Банката.

Домашни банки

Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д Битола со нови престижни награди и меѓународни признанија од реномираниот магазин ,,Global Banking & Finance’’

Објавено

на

Светски познатиот, реномиран финансиски магазин ,,Global Banking & Finance’’ на Стопанска Банка АД Битола по трет пат и ги додели наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка АД Скопје со значителен учинок кон добивката на НЛБ Групацијата од 225,1 милиони евра и добитник на Europe Banking Awards

Објавено

на

НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни евра што претставува зголемување за 105% во однос на претходната година.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange