Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје го продаде Брилијант

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на ден 15.02.2018 година, склучи договори за купопродажба на недвижен имот, подвижни предмети и права на индустриска сопственост со Витаминка АД Прилеп  за деловниот комплекс на фабриката за производство на масло за јадење БРИЛИЈАНТ ДООЕЛ Штип.

Во сопственост на Витаминка АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 метри квадратни и земјиште со право на сопственост од 21.592 метри квадратни, подвижни ствари, како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна проценета вредност од 7.300.000 ЕУР во денарска противвредност.

Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија. „Со денешниот потпишан договор започнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија, што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството, како и развој на нова група производи. Правиме еден голем чекор напред што ќе значи поголема и подобрена деловност на Компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот“ – велат од Витаминка.

Од Комерцијална банка, која се јавува во својство на продавач за значењето на договорот, велат: “Задоволни сме што една од најдобрите македонски компании во прехранбената индустрија „Витаминка“ АД Прилеп го презема деловниот потфат на фабриката за масло за јадење Брилијант од Штип. Сметаме дека овој договор има пошироко значење за економијата и ќе претставува успешно искуство во промоцијата на домашното производство”.

 

Домашни банки

АНКЕТА: Избор на БАНКА НА ГОДИНАТА – 2018 година

Објавено

на

Крајот на годината е вистинско време да се сумираат резултатите и да се анализира постигнатиот успех во работењето за 2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Синдикатот на Шпаркасе Банка и Државниот студентски дом организираа акција за садење на 100 садници

Објавено

на

Во текот на денешниот ден, Синдикалната организација при Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Државниот студентски дом – Скопје организираше акција за садење на повеќе од 100 садници во рамките на студентските домови “Гоце Делчев” и “Стефан Наумов – Стив”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ – настан на Комерцијална банка

Објавено

на

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange