Connect with us

Колумни

КОЛУМНА: Доколку сакате да напредувате во кариерата – сменете го работното место!

Објавено

на

Дали сте човек кој го прифаќа или избегнува ризикот? Потребно ви е да си дадете одговор на ова прашање доколку сакате да ја започнете потрагата по среќна и успешна кариера. 

Многу луѓе едноставно “се парализираат” кога размислуваат за промена на нивната работа. Без разлика на кое ниво во вашата кариера се наоѓате, дали сте на самиот почеток, дали веќе сте искачиле неколку скалила или пак сте го освоиле врвот, верувајте дека секогаш можете многу повеќе. Најголемиот дел од луѓето се чувствуваат едноставно комфорно на своите освоени позиции без разлика на поголемиот дел од условите. Многумина од оние кои имале цел да достигнат одредено ниво, најчесто откако ќе се најдат на истото знаејќи колку била тешка “борбата” да стигнат до тоа се плашат да превземат чекор за нешто повеќе.

Сместени во својата удобна зона на работното место единствената опција која ја избираат многу луѓе е да продолжат да го прават она што го прават веќе подолги години едноставно бидејќи се доволно добри во истото, не им е воопшто тешко, немаат потреба да се предизвикуваат себеси за да добијат повеќе, ги сакаат своите колеги, мислат дека можеби следната година нешто ќе се промени во нивната работа, веќе имаат премногу обврски во својот приватен живот и воопшто не се заинтересирани за барање на друга работа, а секако и барањето нова работа претставува осетлива тема која според нив носи голем ризик со себе од кој се разбира мора да се заштитат.

Заборавете го сето ова! Овој тип на луѓе речиси воопшто не размислуваат за своите кариери. Без разлика колку е досадна нивната позиција и колку (не)среќни ги прави истата чувството на моментална сигурност ги победува сите изгледи за преземање на нов чекор. Верувајте дека ниската плата, работното окружување,  лошата компанија во која што работеле не се пресудни секогаш за промена на работното на место на луѓето кои навистина сакаат да напредуваат во својата кариера. Овој тип на луѓе кои никогаш не се презаситуваат со сопствениот успех се подготвени секогаш да зграбат нешто ново и нешто повеќе и секоја своја моментална позиција ја гледаат како одлична можност, но никогаш не ги затвораат вратите и за нешто кое понатаму ќе им се понуди. Ги напуштаат добрите компании за уште подобри, ги оставаат стекнатите пријатели на работа (со кои се разбира ќе се дружат надвор од работното место) и запознаваат нови луѓе во ново работно окружување. Платата од која ќе речете дека секој треба да биде задоволен тие ја менуваат со уште поголема. Овие луѓе се оние кои вистински ја градат својата кариера. Сите тие започнале многу едноставно. Само го промениле своето работно место. 

Луѓето кои се подготвени да ја променат својата работа сакаат да учат нови нешта, да отвораат нови хоризонти. Секоја промена на работно место, секој ден изминат во различна компанија тие го гледаат како можност за да ги зголемат своите знаења. Со тоа ја градат и својата приказна за сето она кое го искусиле во животот. Со секој следен чекор тие ја прошируваат истата. Менувањето на работата овозможува познанства со нови луѓе. Затворениот круг на добри или лоши колеги ќе биде само минато. Како од работата така и од луѓето ќе научите многу. Ќе бидете во чекор со промените на пазарот на кој се “продавате”. Со менувањето на вашите работни места после одреден период вие ќе станете бренд. Менувањето на работа едноставно ве созрева. Вистина е дека не можат сите да бидат како оној мал дел на луѓе кои постојано се во потрага по нешто ново и едноставно немаат сопирачки. Но, да признаеме дека голем дел од луѓето се едноставно пасивни кога станува збор за менувањето на работа. Се плашат да се соочат со новите работи. Се плашат да бидат одбиени. Дури и ако направат еден чекор и првиот пат бидат одбиени тие тивко се враќаат во својата удобна зона и одлучуваат дека тоа е подобро од одбивањето кое го доживеале. Кариерата не се гради преку ноќ. Сите некогаш биле одбиени. Размислете на сите оние кои биле прифатени. Кои не се откажале и по неколку обиди и сега гордо се качуваат на скалилата на успехот. Целта на менувањето на работата е токму тоа. Да сфатите дека во светот има премногу луѓе и дека не треба сите да ве одобрат. Тоа е во ред. Не можете да му се допаднете некому. Едноставно и вие не сакате својот талент да му го доверите на секој. 

Со менувањето на работата ќе ја потврдите својата страст. Верувајте дека ќе се пронајдете себеси многу повеќе отколку што мислите. Кога еднаш ќе се одлучите за тоа ќе почнете да размислувате во други димензии. Новото работно место ќе ви отвори нови видици. Можеби ќе бидете задоволни, можеби ќе сфатите дека сакате нешто уште повеќе. Најважното од се е дека вие навистина можете повеќе. Откако ќе ги научите правилата на играта ќе играте подобро од сите. Не се откажувајте од моќта која што се поседувате само бидејќи мислите дека ја немате. Вашата иднина зависи од она кое го правите денеска. Замислете си слика за вас каде сакате да бидете. Се наоѓате ли на истото место како сега? 

Патот до успехот не е лесен. Патот до успешна и воедно среќна кариера уште помалку. Верувајте дека тоа зависи само од вас. Не се задоволувајте со просечни работи. Сакате да имате успешна кариера? Работете на тоа! Ве плаши ли помислата за промена? Тогаш мора нешто добро да излезе од истата. Најтешката работа е да се донесе одлука за акција. А потоа, можете да направите се што ќе одлучите да направите. Еден ден ќе бидете токму на местото што го замисливте. Чекор по чекор ќе ја изградите својата кариера од соништата. Зад вас ќе имате нешто толку големо и вредно што започнало со само еден мал, за вас моментално застрашувачки чекор – промена на работното место. 

 

 

 

Повеќе

Колумни

Дали парите се навистина важни?

Објавено

на

Парите не можат да ја купат среќата. 

Колку пати сте слушнале за ова? Многу пати, сигурно. Нашата култура ни испраќа две многу конфликтни пораки за пари. Првата, порака која ни кажува парите се сè во животот. Познати култури, богати и познати, алчноста на Волстрит, завист од љубомора што се чувствуваме кога гледаме куќа поголема од нашата, автомобили понови од нашиот автомобил.

Потоа, постои сосема спротивна порака, онаа која ги третира богатството – и богатите – со сомнеж, што работи напорно за да нè научи да не завидуваме, да ги видиме ограничувањата што ги има богатството и потенцијалните проблеми што може да ги предизвикаат.

Парите се важни затоа што ако имате пари значи дека нема да бидете сиромашни. Тоа значи дека не сте зависни од тоа да бидете вработени, да живеете плата за да платите и да морате да му се умилкувате на вашиот шеф затоа што ви е многу потребна вашата работа.

Парите се важни затоа што ви овозможуваат да имате поголема контрола врз вашиот живот, поголема слобода да издвоите свој пат и помалку ограничувања во изборот. Колкумина од нас се заглавени во кариера или во работа што ја мразиме, но не можеме да си дозволиме да ја изгубиме, бидејќи губењето на нашата работа би значело губење на нашата куќа и нашето здравствено осигурување?

Парите се важни затоа што тоа значи да бидете во можност да им го дадете најдоброто на вашите детца – најдоброто образование, најдобрата здравствена заштита, најдобриот почеток во животот. Секако, кога станува збор за децата, парите можат во голема мера да ги расипат, па затоа богатите родители треба да најдат начин да им дадат најдобро на своите деца, а сепак да ги поучат за вредноста на парите.

Парите се важни затоа што тоа значи помалку финансиски грижи. Секако, богатите се грижат премногу – тие се грижат за губење на своето богатство, на пример. Но, ова не е исто што и да се грижиш за да можеш да ја ставиш храната на масата.

Парите се важни затоа што ви овозможуваат да и се вратите на вашата заедница, да ги одберете добротворните организации и да предизвикате и останатите да придонесат за неа.

Парите се важни, бидејќи да се има пари значи дека животот не е постојан напор да ја држите главата над водата. Имајќи пари ви овозможува да живеете живот во потполност, да уживате во авантури и текстури и вкусови, да искористите најмногу од животот. Парите ќе ви овозможат да живеете поудобен живот.

И да, парите не ја купуваат среќата, но го олеснуваат животот.

Продолжи со читање

Колумни

Како парите влијаат на однесувањето на луѓето?

Објавено

на

Несомнено сонот на сите нас е да станеме богати, без разлика дали ќе станеме заради нашата работна ангажираност или ќе добиеме на лотарија.

Вашите мисли, однесување и активности се поврзани со вашата психологија, која е составена од голем број фактори кои се движат од вашиот генетски код до начинот на кој сте воспитани. Додека парите не го оформуваат точно вашиот систем на верување, тоа може да влијае на начинот на кој размислувате и постапувате кон другите. Во зависност од тоа дали имате повеќе или помалку пари има големо влијание врз вашето однесување.

Социјални и бизнис вредности.

Истражувачите Џејмс Хејман и Дан Арили создадоа експеримент со кој тие можеа да измерат колку е мотивиран човек да ја заврши задачата врз основа на пари. Групит беа замолени да ги повлечат круговите низ компјутерскиот екран. Од една група беше побарано да го сторат тоа како “услуга”. Од друга група беше побарано да го сторат тоа за 0,50 долари, а на последната група им беа понудени 5 долари. По тајмингот на групите, всушност групата од која беше побарано да ја изврши задачата како корист го направи најбрзо. Следна беше група од 5 долари, а последна беше групата од 0,50 долари.

Хејман и Арили претпоставуваа дека постојат две мотивации за завршување на одредена задача. Првиот е социјален. Со признавањето на општествената вредност на задачата, ние го гледаме како достоен влог на времето и дел од нашата општествена должност, и ние обично сме среќни да помогнеме. Но, кога парите се понудени како мотивација, сепак, почнуваме да размислуваме помалку од социјалниот аспект и повеќе за деловната вредност.

Се гледаат сами кадде припаѓаат.

Во едно истражување учествувале луѓе од две класи: богати и сиромашни. Требало да се увиди како се гледаат во општеството во однос на парите. Сиромашните имале многу подобро и повисоко мислење од сиромашните. Сиромашните верувале дека од самата личност зависи дали ќе биде богата или сиромашна, додека богатите сметаат дека ако се родиш богат или сиромашен таков и ќе останеш. Оваа теза ја поддржува и социологијата како наука.

Што мислите вие?

Култура и културни вредност.

Се верува дека богатите луѓе читаат минимум две книги неделно. Редовно одат на опера и балет, а не забораваат да одат и во театар. Едукацијата и културата за нив се од најголема важност. Тие градат сопствени културни вредности по кои се водат, а токму оваа навика е тоа што ги разликува од другите.

Продолжи со читање

Колумни

Изборот и слободата

Објавено

на

Колку повеќе опции имате, толку повеќе енергија и време се потребни да одлучите. Кој филм? Кои патики? Каде на одмор? Што да јадам? Кој прашок за перење на алишта? Кој автомобил? Која банка? Која кредитна картичка да ја искористам за новиот телевизор? Вашата енергија и внимание се трошат од овие одлуки и ќе ви остане помалку за својот живот.

Еден млад претприемач од САД го намали бројот на предмети што тој ги поседувал во последните 15 години (вклучувајќи облека, само еден пар фармерки). Неговата цел? Да се ​​намали изборот во неговата дневна рутина, за да може да го фокусира своето внимание на неговиот бизнис.

Многу луѓе намерно го елиминираат изборот и потребата за одлуки со усвојување на поставените распореди. Тие ја штедат енергијата за важни, а не рутински одлуки. Истражувањата за однесувањето на потрошувачите покажуваат дека луѓето имаат поголема веројатност да купуваат уреди со повеќе опции, но со помала е веројатноста дека ќе ги користат, бидејќи е потребно премногу време за да дознаете како да направите дури и наједноставната задача. Дел од клучот за успехот на Apple, на пример, е токму во намалувањето на изборот, со што нивните уреди се лесни и интуитивни за употреба.

Што ви дава изборот? Еден одговор е дека изборот ви овозможува да го обликувате вашиот свет според вашите желби.

Изборот е сомнителен благослов кога станува збор за духовна пракса, всушност, кога станува збор за какви било креативни напори. Големата уметност е често резултат на ограничување, во форма, во материјали, во теми, итн. Ограничувањата концентрираат внимание и ја поттикнуваат креативноста. Како да го зголемите вашиот капацитет во внимание? Со елиминирање на целиот избор. Еден став. Еден објект. Останете таму. Нема друг избор. И, како што сите знаеме, не е лесно.

Недостатокот на избор ве води директно во контакт со начинот на кој вообичаено ги игнорирате, затварате, манипулирате или контролирате вашите искуства. Кога немате друг избор, треба да научите како да се поврзете со она што животот го носи.

Што е слобода? Тоа е искуството од момент до моментот да не се управува од сопствени реактивни механизми. Дали тоа ви дава повеќе избор? Обично не. Кога не сте водени од реакции, ги гледате работите појасно, и обично има само еден, можеби два начина на дејствување кои всушност се остварливи. Слободата од тиранијата на реакцијата доведува до начин на доживување на животот кој ве остава со малку опции што да направите, но земете ја насоката што животот ви ја нуди во секој момент. Оттука, илузијата на избор е индикација за недостаток на слобода.

Да имате повеќе избор не значи да имате повеќе слобода. Токму спротивното, робство помеѓу опции.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange