Connect with us

Лични финансии

Колку вкупно пари има на светот?

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале колку вкупно пари има на светот? Одговорот не е сосема едноставен, бидејќи под парични вредности денес се подразбираат нешто повеќе поими од самиот кеш.

Тоа што прво ни паѓа на памет кога ќе кажеме пари, е кешот, а економистите тоа го нарекуваат “M0“. Сите банкноти и сите монети во светот на едно место денес би имале вредност од 5.200 милијарди долари.

Следи количината на пари која економистите ја нарекуваат “M1“, а која е сочинета од сиот кеш и сите пари кои се наоѓаат на сите сметки во банките во светот. Тоа се парите кои ги имате или немате во банка на сметка, а кои можете да ги земете кога ќе посакате. такви пари во светот има двојно повеќе од банкноти и монети. Парите во оваа категорија изнесуваат 25.000 милијарди долари.

Под тоа што економистите го нарекуваат “M2” се подразбира сиот износ под “M1” плус сите светски мали, краткорочно орочени заштеди. Во оваа категорија доаѓаме до вкупен износ од 60.000 милијарди долари.

На крајот имаме и категорија “М3“, до која се доаѓа кога на “М2” се додаваат сите долгорочно орочени вредност, институционални пари и сите други влогови. Тука вкупниот износ е 80.900 милијарди долари.

 

Извор: Точка

Повеќе

Лични финансии

На што ја трошиме платата?

Објавено

на

Парите што влегуваат во домаќинствата најчесто се од плата или пензија, а освен за храна, комуналии и домување, граѓаните се повеќе пари трошат на отплата на кредитите. Според најновите податоци кои се однесуваат за 2017 година, секое домаќинство троши за кредитни рати, дури 4% од вкупните месечни примања, во просек. Овој процент расте од година в година што упатува секако на зголемената задолженост на македонските домаќинства.

Податоците од Државниот завод за статстика кои ги обработи и Народната банка во најновиот извештај покажуваат дека ако се анализираат приливите, расположливите парични средства на домаќинствата во најголем дел се однесуваат на редовни и повремени примања од работен однос и старосни, инвалидски и семејни пензии. Значително помал дел зафаќаат примањата од постојани или повремени хонорарни активности и нетопримањата од земјоделството.

Инаку соодносот помеѓу употребените и расположливите пари на домаќинствата во 2017 година е речиси непроменет и веќе втора последователна година искористените не ги апсорбираат во целост расположливите парични средства, што создава простор за остварување повисоки заштеди.

 

Продолжи со читање

Лични финансии

Банкарите од Вол Стрит и нивните “мали„ плати

Објавено

на

Една од големите причини зошто многу луѓе сакаат да работат на Вол Стрит е што платата е прилично висока.

На основа на информациите од 1.236 финансиски професионалци од Њујорк, се проценува дека просечната плата и бонусите за професионалците од Вол Стрит се движи отприлика вака:

-Аналитичарите имаат најниска плата од 91.000 долари и бонуси од 37.000 долари;

-Помошниците земаат 124.000 долари плата и 70.000 долари бонуси;

-Потпретседателите просечно земаат 181.000 долари плата и 135.000 бонуси;

-Директорот зема 256.000 долари плата и 263.000 долари бонуси;

-Генералниот директор зема 364.000 плата и 463.000 долари бонуси.

На сликата е јасно претставено дека многу често бонусите може да ги надминат приходите. 

 

Продолжи со читање

Лични финансии

Колку заработуваат светските лидери?

Објавено

на

Јавноста го следи секој чекор на шефовите на државите и влади и често се на удар на критика, со обвинувања дека заработуваат енормно високи пари.

Германската канцеларка Ангела Меркел прима месечна плата од 27 794 евра, односно 333.528 евра, годишно, вклучувајќи и пратенички примања.

Францускиот претседател Емануел Макрон има нешто помала плата – според податоци на сајтот на Европа1 од мај 2017, заработува 14 910 евра месечно. Неговиот претходник Франсоа Оланд се изборил за намалување на претседателската плата.

Ли Хсијен Лунг, премеирот на Сингапур, е најдобро платен шеф на држава на светот. Според податоците на весникот Велт, заработува 1,4 милиони евра годишно. Семејството на премиерот со децении владее со Сингапур.

Претседателот на Боливија Ево Моралес, ја преполовил сопствената плата во 2006 година. Заработува 1850 евра .

Доналд Трамп претседателот на Америка заработува 33 000 амеркански долари месечно, т.е. 345 000 евра годишно. Бидејќи веќе беше мултимилионер пред да стане шеф на белата куќа, парите од претседателската плата секои три месеци им ги подарува на американските паркови, како и за различни владини сектори.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange